fbpx
Таг: Грузија

таг: Грузија

Истрага за можни воени злосторства за време на војната меѓу Русија и Грузија

Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд (МКС) планира да покрене истрага за можни злосторства извршени за време на судирите меѓу Русија и Грузија. Обвинителот Фату Бенсуда изјави дека постојат „основани сомневања“ за злосторства што се случиле за време на војната за отцепување на грузискиот регион Јужна Осетија. Русија не ги признава одлуките а овој суд.

„Евробаскет 2015“: Македонија загуби од Грузија со 15 поени разлика

Македонската кошаркарска репрезентација денеска загуби од тимот на Грузија со резултат 90 - 75, во мечот од претпоследното коло во групата Ц, на Европското првенство, кое се одржува во Хрватска, Германија, Летонија и во Франција. Ова е трет пораз за македонските кошаркари во групната фаза од првенството, со што во голема мера се намалија шансите за пласман на нашиот тим...

Тбилиси: Можно е уште некое животно да е надвор од зоолошката

Портпаролката на зоолошката градина во Тбилиси изјави дека е можно уште некое животно да е на слобода. - Мораме да го утврдиме точниот број на настраданите животни во поплавите, како и на преживеаните - рече Мзиа Шарашиѕе. Деветнаесет лица загинаа во поплавите што викендот го зафатија Тбилиси, меѓу кои и тројца вработени во зоолошката. Вчера тигар усмрти човек во Тбилиси, по што е застрелан. Повеќе од половина од...

Тигар уби човек во Тбилиси

Албино-тигар кој побегнал од поплавената зоолошка градина во Тбилиси денеска убил маж, јавуваат локалните медиуми. Портпаролката на министерството за внатрешни работи изјави дека нападот се случил кога мажот влегол во складиштето на градскиот базен. Специјалните полициски сили го убиле животното. Во поплавите во Тбилиси, кои се случија на 14 јуни, загинаа 19 лица, а уште шест се сметаат за исчезнати.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...