fbpx
Таг: грип

таг: грип

Завршува продолжениот зимски распуст, учениците од утре на настава

Завршува зимскиот распуст и од утре почнува второто полугодие од учебната 2016/2017 година за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци. Зимскиот распуст беше продолжен за два дополнителни дена, односно 18 и 20 јануари, со одлука на Министерството за образование и наука, а по препорака на Комисијата за заразни болести и на Министерството за здравство, како превентивна...

СДСМ: Не е доволно продолжувањето на распустот на учениците за неколку дена

Македонија е прва по болни од грип во Европа, факт кој го дознавме од Светската здравствена организација, бидејќи оваа власт во заминување тоа го сокри од граѓаните, изјави на прес-конференција Злате Мехмедовиќ, член на комисијата за здравство на СДСМ. - Не е испочитувана препораката на Светската здравствена организација, да се вакцинираат 75 проценти од старите лица, како и лицата кои спаѓаат...

Поради грипот, распустот на учениците продолжен до 23 јануари

Распустот за учениците ќе биде продолжен до 23 јануари, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година ќе почне на 23 јануари. Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров, како една од мерките за намалување на ширењето на грипот во земјава. Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот...

Две деца неделава починале од грип, соопшти ИЈЗ

Во текот на оваа недела регистрирани се два смртни случаи „асоцирани со грип“, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кој го презентираше извештајот за состојбата со грипот во период од 1 до 8 јануари. Според извештајот, станува збор за деца на возраст од три и од четири години од Кичево и од Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за...

Во Албанија од грип починале четири лица

Грипот во Албанија усмрти четири лица кои биле хронично болни, јавуваат албанските медиуми. – Регистрирани се четири жртви на грипот. Станува збор, главно, за хронично болни лица. Компликациите од грипот може да предизвикаат фатални последици по животот, при што најризична група се хронично болните, односно лицата што боледуваат од хронична пневмонија, кардиоваскуларни заболувања и од дијабет - вели пневмологот Арјан Мезини. До 31 декември,...

Грипот коси, но далеку сме од условите за прогласување епидемија

Надлежните институции досега не прогласија епидемија на грип иако бројките на заболени се алармантни и далеку поголеми од вообичаените случаи во претходниот период. Сепак, еден од условите за прогласување на епидемија е да има „невообичаено зголемување на бројот на заболени со компликации или смртен исход“. Институтот за јавно здравје вчера соопшти дека заклучно со први јануари биле пријавени 9.485 новозаболени...

Костовска: Има 15.800 лица заболени од грип, но бројката сигурно е поголема

Вкупно 15.800 лица заболени од грип побарале помош во здравствените установи заклучно со минатиот петок, информираше на прес-конференција државниот советник во Министерството за здравство, Јованка Костовска. - Од податоците што ги имаме во Институтот за јавно здравје, до минатата недела се пријавиле околу 9.500 заболени од грип. Сигурно оваа бројка е многу поголема бидејќи има и такви кои не биле на лекар и се...

Грипот се шири со поинтензивна динамика во Струга

Грипот и понатаму ги полни болниците и приватните ординации во Охрид и во Струга. Надлежните служби велат дека во Охрид бројката на заболени од грип се задржа на околу 260 лица, но дека во Струга се зголемува, каде досега се регистрирани 112 случаи со симптоми што наликуваат на грип. Од Центарот за јавно здравје во Струга велат дека бројката е многу поголема...

И во Србија е продолжен зимскиот распуст поради зголемен број на заболени од грип

Училишниот распуст во Србија ќе биде продолжен поради зголемениот број на болни од грип, информира српското министерство за образование. Одлуката била донесена во координација со министерството за здравство, па наместо на 9 јануари, учениците ќе тргнат на училиште на 11 јануари. Постои можност рокот уште еднаш да биде продолжен, доколку бројот на заболени се зголеми уште повеќе. Најмногу заболени има меѓу...

Во Албанија 18.000 лица заболени од сезонски грип

За една недела, повеќе од 18.000 лица се официјално избројани како погодени од сезонскиот грип во Албанија. Лекарите велат дека ситуацијата е загрижувачка и дека оваа бројка на заболени е само од тие што побарале помош, но не се вбројани заболените што не се обратиле на доктор или во здравствени установи. Артан Меси, директорот на епидемиолошкото одделение при институтот за јавно здравје во...

Во Охрид се зголемува бројот на заболени од грип

Последниве неколку дена, во Охрид рапидно се зголеми бројот на заболените од грип. Од Институтот за јавно здравје потврдуваат дека сезонскиот грип во општина Охрид ги наполнил здравствените установи. Ситуацијата била особено тешка за време на празниците, кога не работеле матичните лекари, така што за преглед во општата болница се чекало во редица. Мајка со болно дете ситуацијата ја опиша како алармантна, бидејќи...

Бројот на заболени од грип 40 пати повисок отколку лани

Изминатата недела од грип заболеле 4.195 лица, а минатата година во истото време овој број изнесувал 109 лица, што значи годинава бројот на заболени е 40 пати поголем, покажуваат најновите бројки на Институтот за јавно здравје. Бројот на заболени од грип се зголемил 4,9 пати во споредба со минатата недела, кога биле регистрирани 853 заболени лица. Од Институтот за јавно здравје велат...

Поради вирози, околу 300 ученици не посетуваат настава во Штип

Поради вирозите и грипот, околу 300 ученици денеска не биле на настава во училиштата во Штип, а од 700 деца, колку што се згрижени во градинките во градот, дури 300 отсуствувале. Во текот на минатата ноќ во итната медицинска помош во Штип, помош побарале стотина пациенти, кои се жалеле на зголемена телесна температура, главоболки и на кашлица. Сепак, од Центарот за јавно...

Комисијата за заразни болести со препораки за грипот, 7.800 лица се заболени во декември

Комисијата за заразни болести информираше дека во системот „Мој термин“ во декември биле евидентирани повеќе од 7.800 лица заболени од грип и очекуваат тој број да се зголеми. На седницата одржана вчеравечер, донеле неколку препораки меѓу кои и да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки и училишта, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто да...

Бројката на заболени од грип во Гостивар забрзано се зголемува

Рапидно се зголемува бројката на заболени од грип во Гостиварско. За споредба, на почетокот од годинава, имаше регистрирано само неколку случаи, а сега нивната бројка изнесува околу 280 лица. Лекарите очекуваат вирусот да се шири интензивно и во периодот што следува. - Вакцината е најдобра заштита од грипот. Во Гостивар сезонава против вирусот се вакцинирани 1.100 граѓани. Тие што не примиле вакцина во периодот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...