понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Гренланд | 34 резултати

Трамп се повлекува од царините заради Гренланд, вели дека е постигнат договор

22 јануари 2026

Трамп изјави дека САД и НАТО формирале рамка за иден договор во однос на Гренланд и целиот Арктички регион и дека врз основа на тоа нема да ги воведува царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари

Американскиот секретар за финансии ја нарече Данска „ирелевантна“ пред говорот на Трамп во Давос

21 јануари 2026

Ова доаѓа во време кога заканите на Трамп да воведе тарифи од 10% за осум европски земји како дел од неговиот обид да го преземе Гренланд ги вознемирија пазарите

Трамп ќе воведе царини за ЕУ ако не го земе Гренланд, но не кажува дали воено ќе интервенира

20 јануари 2026

Трамп одби да ја исклучи употребата на сила и инсистираше дека ќе продолжи со заканите за царини за стоки што пристигнуваат во САД од Велика Британија и седум други земји-сојузнички на НАТО

Итен состанок на амбасадорите на ЕУ по заканата на Трамп со царини поради Гренланд

18 јануари 2026

Трамп изјави дека ќе воведе царина од 10% за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска, почнувајќи од 1 февруари, „за сите и секои производи испратени во САД“

Данска и САД со „суштински несогласувања“ околу Гренланд

15 јануари 2026

Едночасовната средба меѓу САД, Данска и Гренланд не донесе голем прогрес, но сите страни се согласија да формираат работна група на високо ниво која ќе разговара за иднината на автономната данска територија

Само 17 отсто од Американците го поддржуваат планот на Трамп за преземање на Гренланд

14 јануари 2026

Околу 47 oтсто од испитаниците во анкетата не ги одобруваат напорите на САД да го преземат Гренланд, 35 отсто рекле дека не се сигурни, а само 4 отсто се согласуваат со користењето воена сила за анексија на територијата под владение на Данска

Трамп вели дека сè помалку од тоа Гренланд да биде во рацете на САД е „неприфатливо“

14 јануари 2026

Трамп го повтори својот аргумент дека на САД „им е потребен Гренланд за потребите на националната безбедност“. Тој додаде дека „НАТО треба да го води патот за да го добиеме“ и дека во спротивно Русија или Кина би го сториле тоа

Џеј-Ди Венс ќе биде домаќин на разговорите за Гренланд во Белата куќа

13 јануари 2026

Врховниот дипломат на Данска, Ларс Леке Расмусен, изјави дека тој и неговата колешка од Гренланд, Вивијан Мотцфелд, побарале состанок со американскиот државен секретар, Марко Рубио, а потпретседателот побарал да учествува и ќе биде домаќин на состанокот во Белата куќа

Гренланд вели дека не може да прифати преземање од САД „под никакви околности“

13 јануари 2026

На почетокот на критичната недела за огромниот арктички остров, во голема мера самоуправен дел од Данска, американскиот претседател го повтори својот интерес за стратешки лоцираната, богата со минерали територија, велејќи дека САД ќе ја земат „на еден или друг начин“

„Судбоносен момент“ за Данска поради заканите на Трамп дека ќе го преземе Гренланд

12 јануари 2026

Трамп рече дека САД ќе преземат акција во врска со Гренланд „без разлика дали им се допаѓа или не“. Тој рече: „Ќе направиме нешто со Гренланд, или на добриот или на потешкиот начин“

Од Белата куќа велат дека користењето на американската војска е „секогаш опција“ за стекнување на Гренланд

7 јануари 2026

Во знак на солидарност, лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и други нации издадоа заедничка изјава со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, во која ги повикаа САД да го почитуваат својот суверенитет

Трамп објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален претставник на САД за Гренланд

22 декември 2025

Трамп за време на неговата претседателска транзиција и во првите месеци од неговото враќање во Белата куќа постојано повикуваше на јурисдикција на САД над Гренланд и не ја исклучи воената сила за преземање на контролата врз богатиот со минерали, стратешки лоциран арктички остров

Страна 1 од 2