недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: грчка Влада | 14 резултати

Има одлука од Патријаршијата за црквата на северниот сосед, вели грчката влада

31 мај 2018

Нова демократија не треба да брза. До овој момент не постои никаков договор, велат од кабинетот на грчкиот премиер во одговор на прашањата од опозициската партија, пренесува МИА. Од таму додаваат дека единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на името на македонската црква. – Единствено што постои до овој момент […]

Нова демократија ја предупредува грчката влада да не го предаде преговарачкото оружје

29 мај 2018

Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на Скопје во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати, ѝ порачуваат на грчката Влада од опозициската Нова демократија. Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните натписи во грчките медиуми, според кои, предвидена е етапна имплементација на евентуалниот договор, […]

На протестот „Македонија е грчка“ учествувале 140.000 граѓани, дел се судрија со анархистите

4 февруари 2018

Грчката полиција соопшти дека на протестот „Македонија е грчка“ во центарот на Атина, учествувале 140 илјади граѓани, кои од цела Грција дошле со 283 автобуси, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Паралелно со протестот на плоштадот Синтагма, на оддалеченост од околу 800 метри, анархистички и антифашистички организации одржале контра-протест, по што дошло до судири, а полицијата реагирала со […]

Изјавите на Димитров не помагаат, вели портпаролот на грчката влада

2 февруари 2018

Изјавите на Димитров не помагаат, изјавил портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос за грчката државна телевизија „ЕРТ“, коментирајќи ги ставовите што вчера ги изнесе шефот на македонската дипломатија по средбата со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, пренесува МИА. – Изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат, бидејќи […]

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

27 јануари 2018

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада […]

Грција побарала заем од Светската банка

3 март 2017

Грција побарала заем од Светската банка, пренесува американскиот интернет-магазин „Политико“. Сумата засега не е јавно позната, а како што пишува „Политико“, извор од банката изјавил дека грчката влада побарала финансиска помош за да се справи со проблеми како долгогодишната невработеност и потребата за економски развој и социјална заштита. Според „Политико“ и грчкиот весник „Катимерини“, грчката влада […]

Нова вознемиреност во Грција поради барањата на кредиторите за нови мерки

11 февруари 2017

Нова тензија владее меѓу грчката влада и европските кредитори поради барањата за нови мерки од 3,6 милијарди евра. Грчките медиуми коментираат дека и покрај малиот напредок во разговорите меѓу грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос и европските партнери, сè уште постои голем јаз меѓу позициите на двете страни и нема договор на повидок. Проценките во […]

Европските кредитори бараат нови построги мерки за штедење од Грција

1 декември 2016

Грција ја очекуваат нови отпуштања во јавниот сектор и итна приватизација на државни компании доколку грчката влада се согласи на барањата на кредиторите за кои се преговара, пренесува весникот „Та неа“. Потенцијалниот договор со кој би се затворила втората проценка на сработеното од грчката влада, се оценува дека ќе донесе ново финансиско стегање на ременот […]

Кредиторската тројка си замина од Атина без договор со грчката влада

22 ноември 2016

Претставниците на меѓународните кредитори (Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Еврпската централна банка) заминаа од Атина без договор со грчката страна. Преговорите меѓу претставниците на тројката и грчката влада завршија рано утринава без успех и без заеднички договор, а ќе продолжат преку телефонска конференција која најверојатно ќе се одржи пред состанокот на Еврогрупата на 28 ноември. Клучните проблеми […]

Протест на грчките новинари во Атина, бараат средба со Ципрас

10 октомври 2016

Неколку стотици грчки новинари и медиумски работници денеска излегоа на протест пред грчкото собрание, од каде испратија порака до грчката влада дека не сакаат и нема да дозволат да згаснат телевизиите и 2.000 луѓе да останат на улица. Новинарите апелираа до владата да ја смени политиката и кажаа гласно „не“ за медиумскиот мрак и за владината […]

Страна 1 од 1