fbpx
Таг: граници

таг: граници

Меркел: Затворањето на границите на ЕУ е илузија во 21 век

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа мора да соработува со Турција за да се реши бегалската криза, оценувајќи дека затворањето на границите на Унијата претставува „илузија во 21 век“. Подобрувањето на условите во регионите од кои доаѓаат бегалците би можело да ги одврати од доаѓање во Европа, оцени канцеларката во пресрет на денешниот самит на лидери на ЕУ. - Турција...

Вучиќ: Поради затворањето на границите, српската економија трпи огромна штета

Српскиот премиер Александар Вучиќ, во писмо до Европската комисија, истакна дека поради затворањето на границата со Хрватска, Србија трпи огромни економски штети. - Со агресивни и со неприфатливи мерки, Хрватска драстично ги погоди нашите национални и витални економски интереси, но и силно ги погоди регионалните односи и стабилност - се наведува, меѓу другото, во писмото на Вучиќ до ЕУ. Вучиќ укажува...

Хан: Отворете ги границите и стивнете ја реториката

Европскиот комесар за соседска политика, Јоханес Хан, побара од сите држави на Западен Балкан да ги отворат границите за непречен протек на стока и да ја стивнат реториката. - Ги повикувам сите земји на Западен Балкан одговорно да се однесуваат спрема мигрантите, а особено да не ги затвораат граничните премини – рече Хан во пресрет на денешниот самит на Европската унија. Хан рече дека...

Германија денеска ќе прими близу 10.000 бегалци

Помеѓу 5.000 и 10.000 бегалци до крајот на денот се очекува да влезат во Германија, соопштила тамошната полиција, јавуваат светските агенции. Првата група од 450 луѓе во текот на денот пристигна на железничката станица во Минхен, откако, поради вонредната ситуација, Германија и Австрија се договориле со Унгарија да им биде дозволено на бегалците да ги преминат нивните граници. Бегалците со посебен...

Јужна Кореја: Нема да прекинеме со емитувањето пропагандни пораки

Парк Гуен Хје, претседателката на Јужна Кореjа изјави дека Сеул нема да го прекине емитувањето на пропагандните пораки на границата на Јужна и Северна Кореја, ако Северна Кореја не се извини за провокациите кон Сеул. –Северна Кореја треба да упати јасно извинување и да гарантира дека нема да има натамошни провокации-рече Гуен Хје, префрлувајќи ја вината на Пјонгјанг за предизвикување...

УНХЦР бара да ги отвориме границите и да ги заштитиме бегалците

Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутерес денеска разговарал со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, за ситуацијата со бегалците на македонско-грчката граница и добил уверување дека „границата нема да биде затворена во иднина“. „УНХЦР е особено загрижена за илјадниците ранливи бегалци и мигранти, посебно жени и деца, насобрани на грчката страна на границата во сè полоши услови“,...

Два нови гранични премини меѓу Србија и Косово

Делегациите на Косово и на Србија, во Брисел договорија отворање на два нови гранични премини меѓу двете држави. Покрај ова, било договорено и да се воспостави царина на граничниот премин Мутиводa. Во Приштина е соопштено дека двете страни разговарале и за „елиминација на бирократијата од српската страна“ на административните премини, посебно за време на летото кога се „зголемува фрекфренцијата на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...