fbpx
Таг: граници

таг: граници

Турција е на пат кон диктатура, смета австрискиот министер за одбрана Доскоцил

Министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил, смета дека Турција се наоѓа на „директен пат кон диктатура“ и стравува од нов бран бегалци, за кои, како што вели, Европа мора навреме да се подготви за да ги заштити своите надворешни граници. „Политиката на ЕУ спрема бегалците не функционира. Фронтекс и крајбрежната стража не можат да ги исполнат своите задачи...

Чавков и Илиеска на министерски состанок во Братислава

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и државниот секретар на МВР, Анастасија Илиеска, денеска и утре се во Братислава, каде ќе учествуваат на неформалниот министерски состанок на земји кандидати за членство во Европската Унија, соопштија попладнево од МВР. Како што информираат оттаму, состанокот на кој ќе присуствуваат министри за внатрешни работи и за правда, е во рамките на словачкото претседавање...

Европската Унија ќе го усвои безвизниот режим за Турција

Европската комисија на Турција условно ќе ѝ одобри безвизен режим за шенгенската зона, објави денеска „Би-би-си“ повикувајќи се на анонимни извори. Официјалното соопштение за тоа Европската комисија ќе го објави утре, наведува британскиот сервис. Безвизниот режим за Турција е дел од договорот што го постигнаа официјален Брисел и Анкара, а во рамките на кој Турција се согласи да ги прими назад мигрантите...

Балканската рута ќе остане затворена за мигранти сè додека Брисел не реши поинаку

Границите долж т.н. балканска рута ќе останат затворени сè додека крајните дестинации на мигрантите, односно земјите од Западна Европа, не одлучат поинаку, заклучиле претседателите на Македонија, Хрватска и на Словенија, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар-Китаровиќ и Борут Пахор, кои денеска беа во посета на јужната граница, пишува „Радио Слободна Европа“ (РСЕ). Тројцата претседатели го посетија привремениот прифатен камп за бегалци „Винојуг“...

Валс бара да се зајакне контролата на границите на ЕУ

Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека е потребно итно зајакнување на контролите на границите на Европската Унија по бомбашките напади во Брисел, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава. - Итно е потребно да се зајакнат надворешните граници на ЕУ – рече Валс, додавајќи дека е неопходно да се запрат луѓето што влегуваат во Европа со лажни пасоши, а имајќи...

Европската Унија ќе го објави планот за примена на слободно движење

Европската Унија утре ќе го објави нацрт-планот за повторна целосна примена на шенгенската зона за слободно движење, која е пред колапс зашто одредени земји, поради бегалската криза, воведоа погранични контроли. Планот подразбира итно формирање на систем за крајбрежна стража на ЕУ и зајакнување на надворешните граници со Грција, која е главна точка за влез на бегалците и на мигрантите во Европа. По две...

Туск: Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска по средбата со австрискиот канцелар, Вернер Фајман, рече дека Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници. - Денеска отвораме нова страница во борбата со миграциската криза и таа се нарекува враќање на шенген-системот. Должни сме заедно да понесеме хуманитарни последици од нашата одлука - истакна Туск и апелираше да се поддржи Грција...

Во Грција заглавени 20.000 бегалци, кај Идомени чекаат 6.500 лица

Низ цела Грција во моментов се заглавени од 20.000 до 25.000 бегалци. Бројката ја објави министерот за миграција, Јанис Музалас, во интервју за грчката телевизија „Мега“, а истата се очекува да продолжи да се зголемува бидејќи во Грција секојдневно пристигнуваат илјадници нови бегалци. Според информацијата од грчката полиција, во бегалскиот камп кај Идомени има околу 6.500 бегалци, а на бензинската кај Поликасто...

МВР вчера издало потврди на 310 странски државјани

Во последните 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 310 мигранти. Според државјанството, 222 потврди се издадени на лица со потекло од Сирија, а 88 на државјани на Ирак. Како што информираат од МВР, од лицата на кои вчера им се издадени вакви документи, 102 се мажи, 73 се жени, 134 се...

Попоски: Мигрантската криза не може да се решава со ланската тактика

„Ние наскоро ќе сфатиме дека не може да функционира системот така како што функционирал минатата година, кога повеќе од 750.000 мигранти поминаа низ Македонија. Доколку го знаеме ова, мислам дека најдобро ќе биде да се соочиме со реалноста на терен. Ако ви кажам како изгледаат работите во последните 24 часа, на сите ќе ви стане многу јасно“, изјавил денеска министерот...

УНХЦР: Затворањето на границите во Европа ќе предизвика хаос

Затворањето на границите внатре во Европа, кое го презедоа европските држави поради загриженоста предизвикана од бегалската криза, ќе предизвика „дополнителен хаос и конфузија“, предупреди денеска новиот шеф на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди. - Особено сум загрижен поради вестите што ги добиваме за затворање на сè поголем број европски граници долж балканската рута, затоа што тоа ќе...

МНР: Засега нема затворање на границите, финансиската помош од ЕУ сè уште не стигнала

Засега Македонија нема намера да ја затвори јужната граница со Грција за мигранти, брифираат од Министерството за надворешни работи. Оттаму велат дека авганистанските државјани, кои се заглавени кај Табановце, најверојатно ќе останат во земјава сè додека Србија и Хрватска не го решат спорот околу третманот на мигрантите од Авганистан. Македонија, велат од МНР, од почетокот на мигрантската криза потрошила овеќе...

ЕУ бара да запре приливот на бегалци и да се заштитат надворешните граници

Брзо запирање на приливот на бегалците, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната миграција и заштита на интегритетот на шенген-зоната се мерките што Унијата ќе ги преземе како одговор на бегалската криза со која се соочува, стои во заклучоците на Европскиот совет. Меѓу другите заклучоци, објавени денеска на веб-страницата на Европскиот совет, по првиот ден од самитот на европските лидери...

ЕК е против затворање на македонската граница со Грција

Европската комисија се залага за управување со границите, а не за нивно затворање, изјави портпаролката на Европската комисија, Тове Ернст, на прашањето како се коментираат повиците на Вишеградската група за Македонија да ја затвори границата со Грција. - Европската комисија ја поздравува помошта за Македонија што ја даваат членките на ЕУ за контрола на границата со Грција, преку испраќање полициски и...

Атина во грч: По Курц и Кундерс, и Туск и Јункер ќе пристискаат за бегалците

Изјавите на европските функционери за затворање на македонската граница за мигрантите продолжуваат да ја тресат Грција. Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, во изјава за грчкиот весник „Та неа“ уште еднаш истакна дека Европа може да ѝ се закани на Грција со затворање на границите како начин да се притисне државата за поефективно справување со бегалската криза и за...

Курц: Ако има потреба, ќе се отворат бегалски кампови во Македонија

Австрија во следните неколку недели или месеци ќе го достигне лимитот за прием на бегалци за годинава (37.500) и ќе ја затвори границата, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - Австрија е една од земјите од тројката, со Германија и со Шведска, во кои најмногу се примаат бегалци. Нашите...

Музалас: Со затворањето на Идомени, ќе се изгуби контрола на бегалците кои преминуваат во ЕУ

Грција треба да биде подготвена за затворање на границите, изјави грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас, во интервју за телевизијата „Мега“, истакнувајќи дека ваквиот чекор ќе биде еднострана активност од други држави, а не заеднички договорена на европско ниво. Музалас посочи дека владата реално се подготвува за ваков чекор. Тој проценува дека затворањето на границите ќе заглави десетици илјади бегалци...

Јункер: Санкциите за Русија да се продолжат уште шест месеци

Санкциите на Европската унија кон Русија треба да бидат продолжени уште шест месеци, оцени денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц. Јункер го изрази својот став пред почетокот на последната годинешна седница на Европски совет, на кој ќе се разговара за санкциите кон Москва. На средбата, исто така, ќе биде разговарано...

ЕУ ќе расправа за контрола на внатрешните граници на шенгенската зона

Европската унија денеска би требало да ја разгледа можноста за продолжување на контролата на внатрешните граници на шенгенскиот простор за две години, поради хаосот што настанал на надворешните граници на Унијата. Прашањето ќе биде разгледано на состанокот на министрите за правда и за внатрешни работи на Европската унија, кој ќе биде посветен на прашања за контрола на надворешните граници на Унијата...

Вчера издадени потврди на вкупно 1.794 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.794 мигранти. Од нив, како што соопштуваат од министерството, најголем број се државјани на Авганистан, вкупно 958 лица,од Сирија биле регистрирани 524 лица и од Ирак 312 мигранти. Минатата недела, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија ги затворија границите за економските мигранти од другите земји...

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...