fbpx
Таг: гранични премини

таг: гранични премини

Словенија поставува ограда на граничните премини со Хрватска

Словенија изминатите два дена почнала со поставување метална ограда на двата најголеми гранични премини со Хрватска, Брегана - Обрежје и Грушковје - Мацељ, јавуваат словенечките медиуми, повикувајќи се на информации од официјални претставници на министерството за внатрешни работи на земјата. Оградата, според информациите, се поставува како превентивна мерка во случај на нов бран мигранти. „Ако дојде до нов миграциски бран, граничните...

Поради одрони, затворен патот Ресен – Битола

Поради одрони, затворен за сообраќај е магистралниот пат А-3, Ресен - Битола - Прилеп, кај Битола, а возилата се пренасочуваат низ градот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму соопштуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Обиколницата кај Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени,...

АМСМ: Сообраќајот на патот Кичево – Охрид попладне во прекин поради минирање

Поради изведување работи на пат, односно минирање, денеска во периодот од 13 до 15 часот, во интервали од 15 минути, во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Според АМСМ, интензитетот...

Царината почна со делење брошури за патниците

Во пресрет на летните одмори и на зголемената фрекфенција на патници на граничните премини, Царинската управа деновиве почна со делење брошури за информирање на патниците што влегуваат, излегуваат или транзитираат низ земјава, за нивните права и обврски, а за да се овозможи брза, безбедна и лесна царинска контрола, соопштуваат од Царината. Како што информираат оттаму, информативните брошури се на македонски и...

Грчките гранични премини отворени за сообраќај

Утрово повторно се отворени за сообраќај граничните премини „Ники“, кај Меџитлија, „Дојрани“ кај Стар Дојран и „Евзони“, кои три дена беа бликирани поради штрајк на грчките цариници. „Нормализиран е сообраќајот на патнички и товарни моторни возила и протокот на патници при влез и излез од Република Грција на сите гранични премини, кој беше во прекин од 20 мај 2016 година...

И денеска само пеш во Грција, продолжува блокадата на граничните премини

Граничните премини „Ники“ кај Меџитлија и „Дојрани“ кај Стар Дојран и денеска остануваат затворени за сообраќај на сите видови возила, поради штрајкот на грчките цариници. Овие премини, како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, можат да се поминат само пеш. Блокадата која започна во петокот, ќе трае до утре изутрина. „Граничниот премин 'Ники' кај Меџитлија е затворен од...

Во Грција викендов само пеш

Граничните премини „Ники“, кај Меџитлија и „Дојрани“ кај Стар Дојран ќе бидат затворени за сообраќај за сите видови возила, поради штрајкот на грчките цариници, а границата ќе може да се помине само пеш, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Премините ќе бидат затворени за сообраќај до 23 мај. Граничниот премин „Евзони“ е затворен утрово од 6 часот и ќе биде затворен...

Блокада на грчките гранични премини поради штрајк на грчките граничари

Влезот во Грција од денес до понеделник преку сите грчки гранични премини ќе биде значително отежнет поради штрајкот на грчките цариници. Како што информираат од граничната полиција на Евзони за „Мета“ цариниците ќе штрајкуваат до понеделник наутро. Од Евзони велат дека границите се отвораат на секои два часа по 10-15 минути. Во овој интервал се пропуштаат само автомобили и автобуси...

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

Повеќе од 600 мигранти од Авганистан во моментов се заглавени во прифатниот камп кај Табановце на македонско-српската граница, откако Србија ја затворила границата и не ги пропушта бегалците со авганстинаско државјанство, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР за „Мета“, исто така, ги демантираат информациите на агенциите и на дел од грчките медиуми дека по Србија и...

Блокадите на грчките земјоделци продолжуваат со ист интензитет

Грчките земјоделци чекаат да се врати премиерот Алексис Ципрас за да се обидат да почнат преговори со грчката влада околу нивните барања за укинување на одлуката за намалување на пензиите и за укинување на земјоделските субвенции. Додека Ципрас се врати од Брисел, земјоделските блокади продолжуваат, а Грција останува поделена на два дела поради големата блокада на преминот Темпи кај Лариса. Со...

Нови блокади на границите со Грција

Блокадите на грчките патишта и на граничните премини продолжуваат додека грчките земјоделци се подготвуваат со тракторите утре да тргнат кон Атина за, ако што најавуваат, да го окупираат централниот плоштад Синтагма. Грчките земјоделци, според најавите, ќе го затворат преминот кај Богородица од 17 до 21 часот, додека кај Дојран ќе биде блокирано од 12 до 14 и од 19 до...

Бугарите ја блокираа бугарско-грчката граница

Возачите на камиони во Бугарија денеска на најголемиот граничен премин Кулата-Промахон, го блокирале граничниот преминот со Грција за сите возила, како реакција на блокадата на овој премин од грчките земјоделци, кои веќе осум дена не дозволуваат возачите да ја поминат границата. На граничниот премин Кулата-Промахом е формирана колона на камиони долга околу 30 километри. Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека е...

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран

Според најавите од Грција, граничниот премин Богородица и денеска ќе биде блокиран од 11 до 14 часот, а потоа и од 18 до 21 часот по македонско време. Весникот „Нафтемпорики“ јавува дека преминот Дојран ќе биде блокиран 24 часа, од денеска од 11 часот до утре до 11 часот. На двата гранични премина има околу 800 трактори, кои речиси три недели го блокираат...

Продолжуваат блокадите на грчките земјоделци

Грчко-македонската граница ќе биде блокирана и денеска. Грчките земјоделци ќе ги блокираат премините Евзони и Дојран од 12 до 14 часот и 18 до 21 часот по грчко време. За утре земјоделците се закануваат со 24-часовна блокада на патиштата и на границите од пладне в сабота до пладне в недела. Конечната одлука се очекува да се донесе во текот на денешниот ден. Блокадата...

Грчките земјоделци денеска од 11 до 13 часот ќе ги блокираат премините Богородица и Дојран

Грчките земјоделци денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран. Блокадата ќе биде поставена од 12 до 14 часот по локално време, односно од 11 до 13 часот по македонско време. Покрај македонската, земјоделците ги блокираат и граничните премини од Грција кон Албанија и кон Бугарија. Најлоша засега е ситуацијата кај преминот Промахонас кон Бугарија, каде грчките земјоделци...

АМСМ: Внимателно возење низ клисурите и низ засеците поради можна појава на одрони

Поради снимањето на францускиот филм „А фонд“, денеска (9 ноември) и утре (10 ноември) автопатот А1, на делницата меѓу мотелот „Македонија“ и Градско, ќе биде затворен во периодот од 5 до 18 часот, а сообраќајот ќе се одвива по стариот пат, известиле од „Мануфактура продукција“, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива по суви...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...