fbpx
Таг: граѓански организации

таг: граѓански организации

Невладините организации бараат да сопрат инспекциите и политичкиот прогон

Невладините организации денеска ја повикаа новата власт и институциите веднаш да го прекинат политичкиот притисок на кој, како што рекоа, неправедно и намерно се изложени 20 граѓански организации уште од декември, кога ВМРО-ДПМНЕ повика на „прогон“ на граѓанските организации. - Бараме и да се провери основаноста на контролите и да се истражи злоупотребата на службената должност за политички притисок и дискриминација,...

Годишна средба на граѓанските организации корисници на ИПА2

Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, „Реактор - истражување во акција“ и Асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“, денеска и утре, во Охрид, ја одржуваат годишната средба на корисниците на механизмот за граѓански организации ИПА2. Овие и други поканети граѓански организации и асоцијации, во хотелот „Метропол“ во Охрид, дебатираат и бараат решенија за...

Во Тирана се одржува Форум на граѓански здруженија од Западен Балкан

Форум на граѓански организации од Западен Балкан се одржува во Тирана од денеска до 28 април, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“. Средбата е во функција на претстојниот Самиот за Западен Балкан, кој се планира да се одржи во јули во Трст. Целта  е да се предложат конструктивни и изводливи политики, кои поддржуваат реформски процеси во земјите на Западен Балкан на нивниот...

Жбогар: НВО во Македонија се мета на обвинувања кои се користат за политички поени

Граѓанското општество во Македонија е мета на јавни политички обвинувања кои се користат за политички поени, а граѓанските активисти се дискредитираат и се етикетираат. Ова денеска го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар во Штип, во рамките на промоцијата на новиот повик на Европската Унија за граѓанските организации во земјава, вреден 5 милиони евра. - Овој повик доаѓа во време на предизвик...

„ЕУ за тебе“ утре во Штип

Утре шефот на Делегацијата не Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, ќе го посети Штип како дел од кампањата „ЕУ за тебе“. Кампањата има цел да ја подигне свесноста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во земјата. Во Штип, амбасадорот ќе се сретне со градоначалникот, Илчо Захариев. Амбасадорот Жбогар ќе се обрати до претставниците на цивилното општество за неодамнешниот...

Владата со 800.000 евра ќе финансира граѓански здруженија и фондации

Владата на Република Македонија денеска објави оглас за финансиска поддршка, во вкупен износ од 50 милиони денари, односно околу 800.000 евра, на активности на здруженија на граѓани и на фондации. Според огласот, објавен во весникот „Дневник“, грантовите се поделени во две категории. Грантови во износ од 1.845.000 денари (30.000 евра) до 3.075.000 денари (50.000 евра) или вкупно 36,9 милиони денари или...

Враќањето на политичката стабилност мора да биде највисок приоритет, порача Заниер

Надминување на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет, се наведува во соопштението на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по завршувањето на посетата на генералниот секретар на организацијата, Ламберто Заниер, и на средбите со државниот и со политичкиот врв на земјава. Заниер, стои во соопштението, изразил загриженост за последните случувања во земјава и ги повикал...

Маглата во Сараево ги помести средбите на Могерини во Скопје

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, поради магла во Сараево слета во Скопје и порано ја почна неколкучасовната посета на Македонија. Могерини своите планирани средби ќе ги одржи порано, односно прво во 14 часот ќе има средба со претствниците на граѓанскиот сектор, во 15 часот во Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претставниците на...

122 граѓански организации побараа поддршка од граѓаните, институциите и од Владата

„Нападот врз граѓанските организации не е само пропагандна вест за која се слуша по медиуми. Тоа е напад на граѓанското општество, на честа, на достоинството и на угледот на граѓани кои тука се родени, живеат, работат, плаќаат даноци, а своите работа и ангажман, професионално или волонтерски, ги посветиле на подобрување на животите на сите граѓани во државава еднакво“, порача...

ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува паниката во организациите под контрола на СДСМ и на Сорос

„Како што на виделина излегуваат сè повеќе и повеќе детали за начинот на кој мрежата на организации под контрола на СДСМ и на Сорос го корумпира невладиниот сектор, така се зголемува и паниката во нивните редови“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Деновиве, како и многупати досега, повторно сме сведоци како овие т.н. граѓански организации повторно се обидуваат да се претстават...

СОС сака да го оцрни граѓанското општество со невистини и со манипулации

Јавно извинување и повлекување на сите лаги, клевети и дезинформации изнесени од „Стоп операција Сорос“ (СОС), побара 21 граѓанска организација денеска на прес-конференција. Доколку не добијат јавно извинување, тие велат дека ќе бидат принудени правдата да ја бараат на суд, односно ќе поднесат тужби за клевета и за навреда. - На СОС и на неговите налогодавци очигледно им пречат слободното и...

Министерството за животна средина со предлог-мерки за намалување на загадувањето

Воведување сообраќаен режим пар-непар за возилата и намалено користење на службените возила за 50 прценти од страна на државните и на јавните институции предложува Министерството за животна средина и просторно планирање до Владата, за да се намали загадувањето на воздухот. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека ресорниот министер, Башким Амети, денеска се сретнал со претставници на граѓанските здруженија...

Политички партии ги поддржаа барањата на граѓанскиот сектор за подобро општество

Неколку граѓански организации во рамки на проектот „Градење на социјална кохезија од темел нагоре: Денот потоа“ на Фондацијата „Фридрих Еберт“ изработија документ со конкретни барања за унапредување на состојбите во општеството. Барањата на граѓанските организации ги поддржаа неколку политички партии. На документот се потпишаа Радмила Шекеринска од СДСМ, Лилјана Поповска од ДОМ, Павле Трајанов од ДС, Стојанче Ангелов од Достоинство...

Продолжува со работа Комисијата за следење изборни нерегуларности на Обвинителството

Јавното обвинителство денеска соопшти дека Комисијата за следење изборни нерегуларности, формирана од Јавниот обвинител во март годинава, продолжува со својата работа, чија цел е заштита на изборниот процес од криминални и од други противзаконити активности. Со комисијата претседава обвинител од Јавното обвинителство на Република Македонија, а членови се четворица виши јавни обвинители и основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје. Нивна задача...

УСАИД почна проект за зајакнување на граѓанското општество

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) го почна Проектот за граѓанско учество (CEP), кој претставува петгодишна иницијатива за поддршка на македонскиот граѓански сектор и на младинските организации кои ги вклучуваат граѓаните, приватниот сектор и владините институции во одлуките за прашања од јавен интерес. Проектот ќе ги поддржи граѓанските организации и коалиции на граѓански организации фокусирани на приоритетни прашања од интерес на...

Граѓанските организации до Хан: Да се формира нов судски совет и независно судско одделение

Граѓанските организации на средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, ги изложиле своите ставови во однос на тоа како треба да се реши политичката криза. Претставниците на невладиниот сектор соопштија дека е неопходно да се формира независно судско одделение што ќе работи на процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но за тоа да биде изводливо,...

ОБСЕ планира да испрати 500 набљудувачи за претседателските избори во САД

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) планира да испрати 500 меѓународни набљудувачи да ги следат претседателски избори во САД, во ноември годинава, што е двојно повеќе во однос на бројот на набљудувачи што беа распоредени за време на изборите во 2012 година, јавува „Ројтерс“. На изборите во САД ќе бидат испратени набљудувачи од огранизацијата за меѓународна безбедност и заштита...

Нуланд во Скопје во обид да помогне да се реши кризата

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, денеска ќе има средби со претставници на Владата, лидерите на политичките партии, како и со претставници на граѓанското општество. Како што соопштија од Амбасадата на САД, на средбите ќе се разговара за билатерални и за регионални прашања, неопходноста да се надмине политичката криза, поддршката за работата...

Граѓанските организации на Спасовски му го презентираа планот за итни реформи

Претставниците на граѓанските организации, Игор Мицевски од Институтот за комуникациски студии, Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи и Златко Димитриоски од „Мост“, на Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ, му го презентираа нивниот „Предлогот за итни демократски реформи“ во Македонија. - Постои заедничка согласност за потребата од решавање на крупните проблеми во државата, како што се нефункционирањето на судството, состојбите...

Граѓански организации презентираа пакет реформи за излез од кризата

Десетина граѓански организации и експерти денеска го презентираат „Предлогот за итни демократски реформи“, документ кој на концизен начин дава насока за клучните демократски промени што треба да се спроведат во земјата. Главната цел на документот е да предложи мерки за спроведување итни реформи, кои ќе создадат услови за слободни, фер и веродостојни избори. Иницијаторите велат дека документот ги покрива итните демократски реформи...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...