fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Проширувањето на „Цветан Димов“ во Чаир ќе направи масакр на старите дрвја, предупредува Зелен хуман град

Улицата „Цветан Димов“ во општината Чаир може да остане без деценискиот дрворед, доколку се одобри реконструкција без подготвен проект, предупредуваат активистите на Зелен хуман град. На дневен ред на седница на Советот на Скопје утре по вторпат ќе се разгледува точката за меѓуопштинска соработка на градот Скопје и Чаир, „тешка“ 140 милиони денари, наменети за изработка на проект и...

Само што воведени, електричните тротинети во Скопје се крадат и се уништуваат

Големи дебати и недоумици во јавноста, особено поради недоволниот број информации деновиве се шират меѓу граѓаните на Скопје, а откако станаа забележливи новите сини тротинети кои можат да се забележат оставени на тротоарите, на зелени површини, покрај огради итн. На социјалните мрежи наголемо се дискутира дека во земјава нема доволно развиена свест за проекти од ваков вид, дотолку повеќе...

Мета факт: Ветениот систем за изнајмување велосипеди од Данела Арсовска чека евалуација

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во предизборната „Програма за модерно Скопје“ на граѓаните им вети воспоставување на систем за изнајмување велосипеди во главниот град. И покрај тоа што самата Арсовска во програмата наведува дека на Скопје итно му е потребна модернизација на системот за изнајмување велосипеди, реализацијата на ваквото ветување засега е во тек. Арсовска во „Програма за модерно Скопје“, со која...

Градот Скопје нуди 2,3 милиони евра за улицата „Јахја Пашa“ во Чаир

Решавањето на проблемот со хаосот во булеварот „Цветан Димов“, познат како улица „Јахја Пашa“, предвидено е да се реши со одлука за меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Чаир. Оваа одлука на седницата на 25 април не е донесена во Советот на град Скопје, но се очекува повторно да се стави на дневен ред на некоја од следните...

Претставени првите пронајдоци во новата лабораторија за биотехнологии

Над 30 учесници на првиот Експо ден во СУГС „Марија Кири - Склодовска“ – Скопје ги претставија пронајдоците направени во првата биотехнолошка лабораторија во земјата подржана од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје. На настанот, на кој присуствуваше заменичката на регионалната директорка на УНДП, Марина Валтер, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан и претставници на Град Скопје беа...

Ангелов: Додека не се утврдат точните штети, мостот „Беласица“ ќе остане затворен

Мостот „Беласица“, кој го поврзува Ист гејт со железничката и автобуската станица ќе биде потполно затворен за пешаци и моторни возила додека се утврдат и санираат штетите од пожарот кој ноќеска го зафати долниот дел на мостот. Како што кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, ваква одлука донесе Град Скопје, затоа што овој мост претставува...

Преку селективен брифинг, Арсовска се скри од дел од медиумите

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска имала брифинг со новинари во ресторанот „Воденица“, на кој било соопштено дека автобусите на приватните превозници за една недела ќе може да се вклучат во скопскиот јавен превоз. Мета.мк не доби покана за присуство на денешниот брифинг со градоначалничката Данела Арсовска, а веќе во неколку наврати од Градот Скопје нашата редакција не добива одговори...

Советниците повторно не го изгласаа предлогот на Арсовска за кредит од 10 милиони евра за еко-автобуси

Повторно не помина предлогот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во Советот на Град Скопје за земање кредит од 10 милиони евра за набавка на нови еко-автобуси. Градските советници се согласија дека на градот му се потребни дополнителни, нови автобуси, но бараа одговор на прашањата какви автобуси ќе се набавуваат, за што ќе се користат, како ќе се воведат нови...

Мета факт: Изградбата на мега паркот во Ново Село во тек, ѓубре уште се фрла околу локацијата

Актуелниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за време на предизборната кампања вети чистење на дивата депонија во населбата Ново Село и изградба на мега парк на оваа локација во близина на пречистителната станица за отпадни води на реката Лепенец. Идентично ветување испорача и скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за модерно Скопје“. Ова ветување...

Езерото и реката Треска денес – грозотии од расфрлано ѓубре и разурнати објекти [фото]

Никогаш погрозно и потажно во историјата не излегале реката и езерото Треска. Десетина диви депонии по крајбрежјето на реката Треска околу селата Сарај и Шишево ги загадуваат речните води со најразновиден отпад, додека рушевините од некогашните објекти на езерото Треска до денешен ден го гнасат локалитетот којшто е испразнет од посетители. Само залутани странци кои одат кон Матка и...

Повторно директорски смени во ЈСП-Скопје и Градски паркинг

Фото: Небојша Гелевски
За помалку од две години, ЈСП-Скопје доби трет директор, додека јавното претпријатие Градски паркинг го очекува четвртиот директор што ќе биде назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска. Досегашниот директор на ЈП Градски паркинг, Крсте Петревски е назначен за нов директор на ЈСП-Скопје на местото на досегашниот директор Александар Стојковски. Градоначалничката допрва треба да го објави името на новиот директор...

И април без приватни превозници во скопскиот јавен превоз, распишан нов повик

Градот Скопје по четврти пат распиша јавен оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во скопскиот јавен превоз. Ова е четврти јавен повик за повторно ангажирање на приватните превозници на градско-приградските линии, откако пропадна и мартовскиот повик. Новиот јавен повик се однесува за вкупно 16 линии, односно за линиите со број 9, 11,...

Дупките од Качанички пат ќе се пополнуваат со владини пари од 3 милиони евра

Владата веќе доделила наменски средства во висина од 3 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, односно за надградба на постојниот Качанички пат кој од Момин Поток води до скопската обиколница. Средствата се доделени на Градот Скопје, а вкупната вредност на проектот за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ изнесува шест милиони евра. „Во разговор и соработка со градоначалничката на...

Вторпат се отфрла барањето на Арсовска за земање кредит за нови автобуси за ЈСП

Само 14 советници од Советот на град Скопје ја поддржаа точката предложена од градоначалничката Данела Арсовска за кредитно задолжување на Градот Скопје кај домашни банки за набавка на нови еко-автобуси за ЈСП-Скопје. Пред одржувањето на седницата, скопската градоначалничка рече дека постојните автобуси се стари и дотраени и не нудат задоволително ниво на услуга за граѓаните. „Со набавката на нови еко-автобуси...

ЕУ грант од 70 милиони евра за скопската пречистителна станица, се чека договорот за изведувач

С. Македонија доби грант од 70 милиони евра од Европската Унија, со што се заокружи финансиската конструкција потребна за изградба на скопската пречистителна станица  тешка 200 милиони евра. Договорот за грантот денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во присуство...

Извештаите за загадувањето на скопскиот воздух преполни со недостатоци [инфографик]

Квалитетот на воздухот на мерните станици Центар и Карпош е непознат за февруари 2023 година во делот на најопасните ПМ-2.5 честички, бидејќи во редовниот месечен извештај воопшто нема податоци за тоа, колкаво било присуството на овие загадувачки супстанци во скопскиот воздух. Случајно или не, податоците се неверодостојни и за традиционално најзагадената локација во Скопје - мерното место Лисиче. Во...

Арсовска не отстапува од проектот за изградба на булевар и згради во Бутел

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема да отстапи од проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во Бутел и покрај тоа што жителите поддржани од градоначалникот на општината Дарко Костовски, протестираат против оваа одлука. Арсовска ги повика жителите „да не потпаѓаат на манипулациите на градоначалникот“, бидејќи, како што рече, проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел е...

Во Скопје отворена првата градска биотехнолошка лабораторија

Во скопското средно училиште „Марија Кири - Склодовска“ денеска беше отворена првата градска биотехнолошка лабораторија. На настанот присуствуваа и се обратија Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП и Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. Со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од страна на Град Скопје, УНДП и УНИЦЕФ, се формира Национална иницијатива за трансформација на...

Има надеж за скопската пречистителна станица, министерката Шукова е оптимист

Новата министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска изјави дека досегашниот застој со изборот на изведувач на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е во насока на надминување, а во интерес на сите граѓани. „Мислам дека тој проект конечно се движи во добар правец, одредени документи кои требаше да бидат потпишани од...

Иницијативата Владата да ја преземе реконструкцијата на Универзална не се најде на советнички дневен ред

Советниците во Советот на Град Скопје денеска не прифатија да се најде на дневен ред иницијативата Владата да ја преземе реконструкцијата на Универзална сала од Град Скопје. „Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи“, изјави вчера координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...