fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Зимската служба на Скопје до сега фрлила 455 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатите часови ги поминале сите булевари и улици што се во нивна надлежност, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“, информираат од градската администрација. Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари фрлени биле 455 тони индустриска сол. „И во текот на денешниот ден...

Шилегов: На местото на Ќосето ќе насадиме дрво на човековите права

На местото на споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето, кој ноќеска беше остранет од службите на Град Скопје, ќе се насади дрво на човековите права и ќе биде поставена изгравирана плоча, која Скопје ќе ја добие од збратимениот германски град Нирнберг, на која ќе бидат напишан членот 10 од Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации (ОН). Ова...

Град Скопје е подготвен да плати казна, но да не ја спроведе одлуката на РКЕ за поскапа вода

Подготвени сме да платиме парична казна за неспроведување на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за плаќање дополнителни два денари на потрошен кубен метар вода, за одржување на пречистителните станици, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. - Ако го рационализираме и добро го организираме работењето на ЈП „Водовод и канализација“ ќе ги обезбедиме тие средства. Нема да...

Проблемот со загадениот воздух, еден од приоритетите на Шилегов за 100 дена мандат

Заштита на животната средина и подобрување на состојбата со загадениот воздух, биле приоритетите на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во првите 100 дена од мандатот. Тој денеска даде отчет за сработеното. „Тројно го зголемивме буџетот за заштита на животната средина, кој за 2018 година изнесува 141 милиони денари, што претставува речиси трипати повеќе од ребалансот на буџетот од 2017 година, кој...

Во 20 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз воведен поради загадувањето

По добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10-честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на еден кубен метар и нема зголемено загадување во текот на два последователни дена, Град Скопје информира дека се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што...

Спинови околу цената на водата: Од дрвјата не се гледа шумата

Еднa од поактуелните теми е зголемувањето на цената на водата во целата држава, како последица на законското решение. Преку примерот за расправите за цената на водата за Скопје, можат да се идентификуваат спиновите околу ова прашање, кои не дозволуваат да се согледаат вистинските прашања: Спин 1: Граѓаните не смеат да плаќаат за расипништвото и неспособноста на владејачката СДСМ. Покачувањето на...

Јавниот превоз од денеска повторно е бесплатен, поради загадениот воздух

Градот Скопје од денеска воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, а мерката ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето. Мерките се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на алармирање за ПМ-10 честичките во воздухот е надминат во текот на два дена последователно, односно над 200...

Град Скопје ги потсетува граѓаните да го платат данокот на имот за 2016 година

Секторот за финансиски прашања на Град Скопје ги известува сите правни и физички лица, кои што имаат неплатен данок на имот за 2016 година, итно да ја подмират својата обврска, информираат од оваа институција. „Постапката за присилна наплата за данокот на имот за 2016 година е во тек и за да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро-сметките, апелираме...

Водата ќе поскапе поради воведување на тарифа за прочистување на отпадни води

Град Скопје не побара поскапување на водата, туку имаме законска обврска да ја спроведеме одлуката на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) која побара од ЈП „Водовод и канализација“, при пресметката на цената на водата, да воведе и тарифа за прочистување на отпадни води, брифираше денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. - Цената на водата до сега се утврдуваше врз...

Шилегов: Училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади

Градоначалникот Петре Шилегов денеска на прес-конференција информираше дека Градот Скопје, во соработка со средните училишта ќе се врши реконструкција на фасадите и на инфраструктурата во објектите која што ќе чини 70 милиони денари. -Училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади, во согласност со современите стандарди за рационализација и за заштеда на електричната и на топлинската енергија. Покрај реконструкција на фасадите предвидена...

Град Скопје во изминатиот месец изрекол четири казни за палење отпад

Во текот на изминатиот месец екипите на Град Скопје по извршената контрола изрекле четири казни за палење отпад, од две им биле изречени на физички лица, а две на правни лица, информираат од градската администрација. „Градот Скопје во текот на 2017 година има одобрено 500 елаборати и извршено 94 контроли за периодот ноември-декември, односно се извршени контроли на сите фирми...

Скопје ги укина вонредните мерки за заштита од загадувањето на воздухот

Градот Скопје ги извести граѓаните дека поради намалените вредности на загадувањето на воздухот се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени вчера. Градоначалникот Петре Шилегов потврди дека од утре ќе се укине бесплатниот автобуски превоз кој ќе се наплаќа според постојната тарифа. - Мерката ќе важи денеска, а од утре се враќаме во...

Буџетот на Град Скопје е за 10 проценти помал во однос на лани, изнесува 100 милиони евра

Советот на Град Скопје на денешната трета седница го усвои предлог-буџетот на Град Скопје за 2018 година, што е за 10 проценти помал во однос на буџетот за 2017 година предложен и усвоен од претходното градско раководство. Буџетот на Град Скопје за 2018 година изнесува вкупно 6,2 милијарди денари (100.813.008 евра). Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека „со...

Шилегов дополнително ќе одлучува за идеите на граѓаните за намалување на загадувањето

Да се набават електрични автобуси и да се реорганизира јавниот превоз, да се воведе тарифа за луксуз при регистрација на второ возило, да се забрани употребата на јаглен за затоплување на домаќинствата, да се засилат контролите на погоните за преработка на пластика и работилниците што горат отпадни масла, биле дел од решенијата што ги предложиле граѓаните на денешната средба...

На 193 пријавете несовесни граѓани кои палат оган

Граѓаните од денеска на бесплатната телефонска линија 193 деноноќно може да пријавуваат огнови кои што горат на отворено и придонесуваат за загадување на воздухот. Оваа е мерката која што градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вчера најави дека ќе ја презентира денеска како дел од краткорочните мерки за справување со загадувањето. – Палењето огнови на отворено е законски забрането. Најчесто, тоа...

Шилегов со работна група ќе бара системско решение за нападите од кучиња

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов формирал работна група од пет члена „за изнаоѓање на системско решение“ за спречување на напади на граѓани од кучиња. Работната група е составена од еден советник во Советот на Град Скопје, еден вработен во Секторот за комунални работи и по еден претставник од здружението за заштита на животни „Анима мунди“, граѓанската иницијатива „Кане Корзо“...

Фрлени 30 тони сол на скопските улици

Откако утрово беа регистрирани првите врнежи на снег во СКопје оваа сезона, по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот, информира градската управа. Притоа превентивно на повеќе сообраќајници и критични точки биле растурени околу 30 тони сол.  Зимската служба на Град...

Шилегов: Дождовите покажаа дека „Скопје 2014“ е небезбеден за граѓаните и за градот

Галиите, насипите и градежниот шут во реката Вардар ја намалуваат проточноста на коритото и со тоа сериозно ја загрозуваат заштитата од поплави на градот Скопје, изјави денеска Петре Шилегов на прес-конференција пред градилиштето на т.н. панорамско тркало. - Последните дождови покажаа дека мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува реална опасност за безбедноста на граѓаните на Скопје и за нивните имоти. Состојбата на подрумите...

Нивото на Вардар на три места во Скопје е критично

По обилните врнежи што го зафатија Скопје во текот на изминатата ноќ, утрово се состанал штабот за заштита и за спасување на Град Скопје, за координација на активностите за превентивно дејствување за заштита од можни излевања на реката Вардар во Скопје. Началникот на штабот за заштита и за спасување на Град Скопје, Емил Дуровиќ, информираше дека нивото на реката Вардар на...

Шилегов: Не бил само „мерцедесот“, имало и ВИП-кабини на жичницата на Водно

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска на својот фејсбук-профил објави фотографии од луксузни кабини од жичницата на Водно, набавени од претходната локална власт, кои, како што вели, не биле за општа употреба. „Не бил само „мерцедесот“... ВИП-кабините на жичницата, кои не се за општа употреба“, напиша Шилегов на „Фејсбук“. Инаку, жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст беше пуштена во употреба...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...