fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Мета факт: Зелениот спортски кеј од Ѓорче до Долно Лисиче на Данела Арсовска го нема на терен

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во предизборната „Програма за модерно Скопје“ им вети на граѓаните на Скопје дека во нејзиниот мандат ќе биде реализиран проектот за изградба на Зелен спортски кеј од Ѓорче Петров до Долно Лисиче. Станува збор за еден од 15+1 приоритетни проекти за Скопје, кои се наведени во предизборната кампања. Сепак, прогрес во реализацијата на терен на овој...

СДСМ се противи на враќањето на Ќосето: ДПМНЕ ги враќа спомениците на режимот

Скопје две години е град без перспективи, со нефункционални институции, преплавен со ѓубре, без достоен јавен превоз, без ниту еден реализиран нов капитален проект. И наместо да понуди решенија, антиевропската партија ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, на скопјани им нуди споменици од режимот, како оној на Андон Јанев – Ќосето, историски контроверзна личност – еден од најголемите крвници на...

И Данела Арсовска со иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на Андон Лазов Јанев – Ќосето. Според информациите од Град Скопје, споменикот ќе добие нова локација која ќе се наоѓа на крстосницата меѓу булеварите „Александар Македонски“ и „Беласица“, североисточно од кружниот тек кај трговскиот центар Ист Гејт Мол. „Нема да дозволиме споменикот...

Тужба против Град Скопје оти не обезбеди бесплатен превоз за студентите од приватните универзитети, најавува КСЗД

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес (Actio popularis) за остварување на правото на бесплатен јавен превоз за сите студенти од приватните универзитети, објави Радио МОФ. Од КСЗД за Мета.мк потврдија дека размислуваат за два типа на пријави, од кои едната е прекршочна и ќе се однесува на непостапувањето...

Реконструиран булеварот АСНОМ во Ново Лисиче

Завршена е реконструкцијата на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче, односно од булевар Србија до Куќата на фудбалот, соопшти денеска Град Скопје откако градоначалничката Данела Арсовска изврши увид на овој проект. „Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна  површина од 9.750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и...

Цела година ништо не се презема за изградба на автобуското метро во Скопје

Цели 12 месеци нема никакви податоци за тоа што се случува со проектот за изградба на автобуско метро, кој треба да го реализираат градските власти. Информации за тоа што се случува со брзиот автобуски систем - БРТ Скопје, немаат ниту државните институции, иако побарале податоци од градските власти. Мета.мк го контактираше градот Скопје за овој проект, но не добивме...

Мета факт: „Васко Карангелески“ – најкраткиот булевар со пробиени рокови и заборавени багери

Пред повеќе од две години, на 21 јули 2021 година, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, одржа прес-конференција на улицата „Васко Карангелески“, за да ги најави градежните работи за негова реконструкција и изградба на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада во скопската општина Аеродром. Вкупната вредност на проектот, како што рече Шилегов, е 71,6 милиони денари...

Изградбата на пречистителната станица во Скопје ќе почне многу скоро, тврди министерката Шукова

Пречистителната станица во Скопје ќе почне да се гради многу скоро, вели министерката за животна средина Каја Шукова и негира дека процесот е закочен. Таа тврди дека министерството има комуникација со градот Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и дека тие учествуваат во работните тела. „Процесот не е замрзнат и прашање на време е кога ќе почне да се...

Универзалната сала ќе ја гради Министерството за култура, а потоа ќе ја врати во надлежност на градот

Советот на Град Скопје денеска ја прифати иницијативата да му се отстапи корисничкото право на објектот Универзална сала на Министерство за култура. По изградбата, тоа треба да го врати објектот во надлежност на градот. Советот ја задолжи градоначалничката Данела Арсовска и нејзините служби во рок од седум дена да изготват и предлог-одлука за префрлање на ингеренциите околу обновата на салата. Страшо...

Наместо електронско поднесување, Град Скопје бара нотарска изјава за субвенции за велосипеди

Изјава заверена на нотар бара Градот Скопје за лицата кои годинава аплицираат за да добијат субвенција за купување велосипед. Ова не било практика во последниве години, туку се воведува од годинава. Големи реакции за ова можат да се видат од скопјани на социјалните мрежи, каде граѓаните реагираат дека наместо да се воведуваат електронски апликации, се оди чекор наназад, па...

Арсовска и Мазнева не дојдоа на вонредната седница за сметот со градските советници

Вонредна седница на Советот на Град Скопје беше свикана денес за несобирањето на ѓубрето кое деновиве го преплави Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не се појави на вонредната седница, исто како и директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева. Според вчерашните изјави, тие проблемот со ѓубрето, односно со еколошката катастрофа која траеше четири дена, веќе го сметаат за...

Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

Сите општини можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изработи фактура и да им се наплати, како што било и досега, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите дека општината ќе добие казна од над 85 илјади евра. Казната следува откако во неделата, а по сериозниот застој со одлагањето на...

Зелениот институт одржа дебата за законските измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање

Во прашалник поставен на 150 испитаници за достапност на јавните зелени површини, 37 отсто одговориле дека живаат со зеленило помалку од 50 квадратни метри, а 94 отсто кажале дека би презеле нешто за помош на унапредување на зеленилото. Прашалникот беше претставен на јавната дебата за законските измени за урбано зеленило и урбанистичко планирање во салата на Советот на Град Скопје,...

Предложени зелени амандмани за подобрување на урбаното зеленило и планирање во Скопје

На денешната јавна расправа што се одржа во Советот на град Скопје беа презентирани сет од предлог-законските измени за урбано зеленило, за урбанистичко планирање и за градење со соодветните правилници. Лилјана Поповска од Зелениот институт рече дека предложените измени биле развиени преку заеднички напор во кој биле вклучени различни засегнати страни како што се Министерството за животна средина и просторно...

Ковачи е нов в.д. директор на „Улици и патишта“, Арсовска го разреши претходниот

Разрешен е в.д директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“, Саид Саид, а на негово место сега за нов в.д директор е назначен Ќамил Ковачи. Оваа информација попладнево ја соопшти Град Скопје. На директорското место во „Улици и патишта“ Саид дојде во септември минатата година, а претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“. Новиот в.д. директор Ковачи на позицијата...

Арсовска не се појави на советнички прашања, седницата беше прекината

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се појави на денешната седница на Град Скопје на советнички прашања, по што советниците од СДСМ ја напуштија салата бидејќи, како што рекоа, ќе нема кој да одговори на нивните прашања. Претседателот на Советот Трајко Славески, на почетокот на седницата извести дека стигнало известување од кабинетот на Арсовска дека градоначалничката нема да присуствува...

Утре и задутре авионско прскање против комарци во Скопје

Утре и задутре во раните утрински часови ќе се реализира втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, соопшти Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат...

Мета факт: Втората половина од 2023 пристигна, ни трага ни глас од бесплатен јавен превоз во Скопје

Втората половина од 2023 година пристигна, а нема ниту трага ниту глас од изјавите на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека токму во овој временски период граѓаните на Скопје ќе имаат бесплатен јавен превоз. Оваа изјава на градоначалничката е невистинита. Скопската градоначалничка Данела Арсовска ветувањето за бесплатниот јавен превоз го вметна како еден од клучните проекти во предизборната „Програма за...

Бесплатен јавен превоз: Ќе се отстрани ли дискриминацијата врз студентите од приватните универзитети?

Индиректна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус извршил Град Скопје врз студентите од приватните универзитети, со тоа што не им овозможил бесплатен јавен превоз, како што е случај со нивните колеги од државните високообразовни установи. Ова го утврдила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) откако двајца студенти од Куманово поднеле претставки, во кои велат...

„Трезорот не е хакиран“ – Министерството за финансии ја демантира Арсовска

„Не е вистина дека е хакиран, трезорот работи“, велат од Министерството за финансии, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска завчера на седница на Совет на Град Скопје рече дека ниту една институција не може да си наплати побарувања, бидејќи имало хакерски напад врз Министерството за финансии.  „Зошто никој не зборува за хакерскиот напад на Министерство за финансии, три недели...

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...