недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: говор на омраза | 190 резултати

Вистиномер: Лекарите не се масони, секташи и не извршуваат масовни убиства

август 30, 2021

Фејсбук објава ја злоупотребува критичната ситуација со големиот наплив на новозаразени од ковид-19 во Тетово и ги деградира и сатанизира лекарите, нарекувајќи ги убијци, масони и секташи. Во невистинитата објавата е присутен говор на омраза, кој влева страв и вознемиреност кај граѓаните, додека лекарите водат беспоштедна битка да обезбедат здравствена помош и хоспитализација за огромниот […]

Вистиномер: Додека пола држава гори, Ангелов твита спинови за политичките противници

август 13, 2021

Неспорно е дека државните институции треба навремено да реагираат на лажните вести. Но, демантите треба да бидат во насока на целосно, точно и транспарентно информирање на јавноста. А, не како во конкретниот случај со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, да се долева „масло на огнот“ преку спинови кои се во функција […]

Судот во Франција му нареди на Твитер да се справи со говорот на омраза на оваа мрежа

јули 7, 2021

Францускиот суд вчера му нареди на Твитер да им даде пристап на активистите до сите документи во врска со неговите напори за борба против расизмот, сексизмот и сите други форми на говор на омраза што се појавуваат на оваа социјална мрежа, јавува Франс 24.  Шест групи против дискриминација од Франција го дадоа Твитер на суд […]

Случаите со говор на омраза во земјава, „задушени“ во Обвинителството

јуни 16, 2021

Обвинителството продолжува да не ги гони случаите со говор на омраза и, следствено, во Северна Македонија, говорот на омраза и понатаму останува неказнет ​​и покрај фактот дека станува збор за кривично дело. Говорот на омраза опадна во традиционалните медиуми, но продолжува да расте во онлајн медиумите. Ова, меѓу другото, го рекоа учесниците на вебинарот „Како […]

Реакции за говорот на омраза што се појави по емитувањето на емисијата „Моја сторија“ на МТВ

април 23, 2021

Хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза што деновиве се шири по социјалните мрежи од поединци и по некои медиуми по емитувањето на емисијата „Моја сторија“ на Македонската телевизија (МТВ) доведе до реакции на институциите и на невладиниот сектор. Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во Собранието на РСМ го осудува говорот […]

Кампања со клевети и оцрнување на граѓански организации и независни медиуми во Србија

април 10, 2021

Во изминативе седмици политичари и провладини медиуми водат интензивна кампања за оцрнување и клеветење на водечките граѓански организации и независни медиуми во Србија. Организациите што се нападнати во силната кампања се ЦРТА (Центар за истражувања, транспарентност и одговорност), , која што раководи со иницијативата „Отворен парламент“ за следење на работата на парламентот на Србија и […]

АИ загрижени за неказнивоста, говорот на омраза, дискриминацијата на жените, Ромите и ЛГБТИ лицата во земјава

април 7, 2021

Амнести Интернешнл (АИ) во најновиот годишен извештај во делот за Северна Македонија упатува загриженост поради неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата на жените, Ромите и ЛГБТИ лицата. И покрај спроведувањето на реформите што се определени од Европската Комисија, за Амнести Интернешнл овие теми остануваа актуелни за земјава. Воедно, АИ укажува дека продолжиле незаконското притворање и […]

Наумов: Новинарот мора на време да го прекине соговорникот што шири дезинформации или говор на омраза

март 13, 2021

Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на новинари од „Канал 77“ за можноста дезинформации и говор на омраза да „се протнат“ во контактни емисии, односно во емисии во живо. Емисиите во живо, особено популарни кај граѓаните со нивно учество како […]

Хелсиншки комитет: Институциите да покренат постапки против насилниците и полициските службеници од протестот за „Монструм“

март 9, 2021

По однос на протестот за случајот „Монструм“ кој се одржа пред две недели, а каде беа повредени медиумски работници и полицајци, Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Северна Македонија бара Основното јавно обвинителство во координација со Министерството за внатрешни работи, да го пронајдат и приведат секој кој го прекршил законот, без разлика дали се […]

Инстаграм воведува нови правила против говорот на омраза во приватните пораки

февруари 11, 2021

На 10 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека ги ажурираат правилата поврзани со говорот на омраза, особено кон приватните пораки. Оваа новина доаѓа откако неодамна беа упатени расистички коментари онлајн насочени кон фудбалери од Велика Британија. „Бидејќи приватните пораки се за приватни разговори ние не користиме технологија која проаткивно ќе забележува содржина како […]

Стојановски: Повикувањето на насилство и говорот на омраза се кривични дела и офлајн и онлајн

јануари 26, 2021

Јасно е дека ако има кршење на закони, мора да се спроведат мерки и во и вон интернет. Ако некој крши закон онлајн, тоа мора да се истретира исто како да се случило офлајн. И компаниите што управуваат со социјалните мрежи се свесни за тоа и затоа преземаат низа мерки, за да се заштитат себеси […]

Хелсиншки комитет: Во декември зголемување на пријавите за говор на омраза за 130 отсто

јануари 25, 2021

Речиси половина, односно 48 отсто од пријавите за говор на омраза на социјалните мрежи регистрирани за декември 2020 година во Хелсиншкиот комитет за човекови права се врз основ на етничка припадност, покажуваат податоците на месечниот извештај за човековите права во С.Македонија на Комитетот. Истовремено, пријавите врз основ на политичка ориентација и сексуална ориентација и родов […]

Британската амбасадорка Галовеј ги осуди говорот на омраза и лажните обвинувања кон новинарите на „Мета“

ноември 17, 2020

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, попладнево од нејзиниот Твитер профил ги осуди говорот на омраза и лажните обвинувања на социјалните мрежи и во некои портали против новинарите на „Мета“, кои заедно со нивните колеги од Метаморфозис се најдоа на удар на злонамерниците откако порталот „Лидер“ објави потпалувачки текст. Галовеј побара надлежните институции да преземат […]

Дејвид Гир: Заканите против вработените во Метаморфозис треба навремено да се истражат

ноември 16, 2020

Европскиот амбасадор во С. Македонија, Дејвид Гир денеска преку својот Твитер профил изрази поддршка и побара навремено да се истражи говорот на омраза и хајката која деновиве се води онлајн против вработените во Фондацијата „Метаморфозис“. „Само што разговарав со Метаморфозис по кампањата за оцрнување што се води против нив. Не треба да има место за […]

Новинарските здруженија ги повикаа МВР и ЈО да реагираат по говорот на омраза против новинари и невладини организации

ноември 15, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудија говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикаа надлежните органи и институции, пред сè МВР и ЈО веднаш да […]

Осуда од новинарските организации за говорот на омраза на социјалните мрежи против вработените во Метаморфозис

ноември 13, 2020

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го осудуваат говорот на омраза против тимот на невладината организација „Метаморфозис“ што интензивно се шири на социјалните мрежи по објавувањето на текст во порталот „Лидер“ со наслов „(ФОТО) ова […]

Сè помалку критичко мислење, сè повеќе дезинформации, пропаганда и говор на омраза

октомври 28, 2020

Денеска како дел од Деновите на медиумска писменост, во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“ со поддршка на Европската Унија, беше организирана јавна панел дискусија на која се анализираа резултатите од истражувања за медиумска писменост и критичко мислење спроведени во претходната година, како […]

ЕУ бара конкретни чекори за подобрување на слободата на медиумите

октомври 19, 2020

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на слободата на изразувањето и оствари ограничен напредок во текот на извештајниот период. Вака Европската комисија ја оценува состојбата со слободата на изразувањето во земјава во последниот извештај, кој беше објавен минатата недела. Иако Комисијата смета дека општата клима за работата на медиумите е погодна и овозможува критичко […]

Фејсбук ќе го третира негирањето на Холокаустот како забранет говор на омраза

октомври 13, 2020

Фејсбук ги менува своите интерни правила со вклучување на негирањето на Холокаустот во дефиницијата на говор на омраза, откако неколку години трпеше критики дека не презема доволно силни мерки за спречување на тој облик на дезинформации. Моника Бикерт, потпретсетаделка на Фејсбук за јавни политики за содржини на 12 октомври објавила блог пост со најава дека […]

Пред натпреварот со Косово, повик до навивачите да не користат говор на омраза или насилство

октомври 7, 2020

Во пресрет на утрешниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Косово, ЦИВИЛ упати апел до сите навивачки групи да се воздржат од ширење на говор на омраза или насилство, кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. „ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое […]

Страна 5 од 10