fbpx
Таг: Гоце делчев

таг: Гоце делчев

Штајнмајер го разгледа иконостасот во „Св. Спас“ и се поклони на гробот на Гоце Делчев

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, заедно со претседателот Стево Пендаровски, денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата. Претходно, претседателот Пендаровски во претседателскиот кабинет на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Ангел Димитров: Скопје нема подготвеност за промени, македонски колеги се жалат на притисоци

На дневниот ред на последната средба на Заедничката македонско-бугарска историска комисија беа учебниците по историја, кои се однесуваат на периодот на средновековието во Бугарија и во Република Северна Македонија и евентуално заедничкото чествување на Гоце Делчев. Но повторно ништо не се случи, рече бугарскиот ко-претседател на Комисијата, Ангел Димитров, во интервју за бугарската национална телевизија БНТ. „Повторно ништо не се...

Не е вистина дека е договорено заедничко чествување на Гоце Делчев

Проверката на медиумските содржини на интернет кај нас и во Бугарија, покажува дека е неточно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека последниот состанок на мешовитата историско-образовна комисија во Скопје резултирал со некаква одлука за Гоце Делчев, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во медиумите се појави  текст – соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна одлука на мешовитата историска комисија на С....

Претседателот Пендаровски, како и министрите Тренчевска и Бочварски положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 119-годишнината од неговата смрт. „Гоце Делчев својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода и со право претставува стожер врз кој ја градиме македонската државност и самобитност. Слава му!“, напаиша претседателот на Фејсбук додавајќи дека Делчев не е само...

(Галерија) Заедничко одбележување на роденденот на Гоце Делчев како чин на добра волја за намалување на тензиите

Во склоп на државните свечени настани и одбележувања по повод 150 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев делегации на владите на Северна Македонија и на Бугарија предводени од министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска попладнево се поклонија и положија цвеќе пред гробот на Делчев во...

Државниот врв ја одбележува 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски и Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски денеска положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 150-годишнината...

Русија од Скопје го честита раѓањето на Гоце Делчев, а од Софија на потписникот на Санстефанскиот договор

Амбасадите на Руската Федерација во Скопје и Софија во период од само неколку дена испратија паралелни честитки до македонските и бугарските граѓани. Во С. Македонија го честитаат раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, а во Бугарија роденденот на Николај Игнатиев, потписникот на Санстефанскиот договор за формирање на голема Бугарија, која што ги вклучува и границите на нашата земја. Руската амбасада во...

Пендаровски и Зурабишвили положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ [Галерија]

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, на Република Северна Македонија, таа заедно со претседателот Стево Пендаровски положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. По завршувањето на церемонијата, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ја посетија спомен-собата на Гоце Делчев, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на...

118 години од смртта на Гоце Делчев и 41 година од смртта на Јосип Броз Тито

Делчев и Тито
Две значајни историски личности од македонското минато се врзани со денешниот ден - четврти мај е датум на смртта на револуционерот Гоце Делчев, како и на креаторот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито. Иако живееле во различни времиња и општествени околности, личностите на Делчев и Тито оставиле длабок печат во македонската историја. Едниот останува запаметен како бескомпромисен борец за самостојна...

Делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 118 години од неговото загинување

фото: влада
Делегации од кабинетот на Претседателот на РСМ, од Владата и од Собранието, како и од други институции, здруженија и граѓани, денеска положија цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, по повод 118 години од неговото загинување. Делегацијата од претседателскиот кабинет беше предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, а владината делегација од министерот за внатрешни работи Оливер...

Македонија денеска одбележува 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во име на Владата денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање. „Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев,  за неговиот историски придонес во...

Драги Ѓоргиев: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници

Би бил задоволен ако работата на Комисијата резултира со нови учебници по историја, не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од нивно подобрување, вели Драги Ѓоргиев, претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисија, во интервју за Дојче веле – Програма на македонски јазик. Одговарајќи на обвинувањата од неговиот бугарски колега, со-претседавачот на комисијата, Ангел...

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово, одат по улица, заобиколувајќи ги возилата на тротоарите

Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово секој ден одат на училиште загрозувајќи го животот, бидејќи се принудени да одат по улица, поради тоа што на тротоарите околу училиштето постојано се паркирани возила. Општина Тетово претходно вети дека ќе се постават блокади околу ова и други училишта, во текот на првите денови од 2021 година, пишува Порталб.мк. „Во моментов...

Николај Крстев: Бугарија ја води антибугарската кампања во Македонија

Николај Крстев, долгогодишен новинар, дописник на Бугарското национално радио (БНР) од Белград и Москва, признат аналитичар и одличен познавач на состојбата во Западен Балкан за offnews.bg вели дека е проблем кога внатрешната политика на една земја станува меѓународна. Според него, двете политички партии со предзнак ВМРО во двете земји работат против ЕУ, а во корист на Пекинг и Москва. „Опаѓањето...

Мешовитата македонско-бугарска комисија без договор за Гоце Делчев, најавени нови средби до крајот на годината

Завршија дводневните средби на заедничката мешовита комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, што се одржаа во Скопје. Не беше постигнат договор околу несогласувањето за револуционерот Гоце Делчев, мал напредок има во делот на историските учебници, а договорена е до крајот на годината уште една средба на која ќе се „пеглаат“ разликите во историските ставови на...

Заев: Можно е преговорите со ЕУ да не почнат во декември – предлозите од Софија се недобрососедски и неевропски

Предлозите од бугарска страна по средбите во петокот во Софија на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, според премиерот Зоран Заев, „ниту се добрососедство, ниту братско, најмалку европско“. Оваа оценка, која Заев ја изнесе по церемонијата на пуштање во работа на далноводот Неокази - Пробиштип, особено се однесува на разговорите на Османи со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева,...

Реновирани сите блокови во домот „Гоце Делчев“, само мензата е стара половина век (галерија)

Блокот В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се целосно реконструирани и пуштени во употреба. Денеска во посета на реновираните објекти беа техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорот на Државниот студентски центар Дарио Николовски. - Намерата на оваа Влада е да работи во насока на подобрување на студентскиот стандард. Овие...

За животот во студентските домови (видео)

Во новото видео, јутјуберката Кика Авеиро разговара со студентка која живее во студентскиот дом „Гоце Делчев„, а предходно живеела во студентскиот дом „Стив Наумов„ и прави споредба на двата домови и отворено зборува за животот таму. Погледнете го видеото: https://youtu.be/e31jI_yZCEk

Македонија има град именуван по Гоце Делчев, само бугарскиот националист Валери Симеонов не знае

Валери Симеонов е  политичар во Бугарија, претседател на „Национален фронт за спас на Бугарија“ (НФСБ) и претседател на националистичката коалиција „Обединети патриоти“ во бугарскиот парламент. По ставовите кон Македонија е ист или дури и поагресивен од Красимир Каракачанов. Го негира постоењето на македонската нација и сегменти на историјата на македонскиот народ. Во изјава за бугарската приватна новинска агенција „Фокус“ во...

Корифејот на борбата за Македонија стана провокација за бугарската матрица

Бугарскиот портал „Пик“ пренесувајќи вест од други бугарски медиуми, успеа да види провокација за Фејсбук-постот на претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, за годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, корифејот на македонското револуционерно дело, борецот за автономна Македонија и познат противник на Врховистичките шеми и политика кои се кроеле во Софија. Во насловот на „Пик“, „ПОРЕДНА ПРОВОКАЦИЯ! Зоран...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...