среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Гордана Јанкулоска | 143 резултати

Адвокатите побараа изземање на судиите за „Тенк“ поради обвинувањата од Катица Јанева

април 10, 2018

Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави „Павосудство.мк“. Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на Специјалнотo јавно обвинителство побараа изземање на судискиот совет и на судиите од Апелација поради […]

Денеска во суд ќе се слушаат снимките за „она на М“

април 10, 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат судења за предметите „Труст“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата со снимките од прислушуваните разговори, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи […]

Во новата зграда на Кривичен суд почна првото рочиште за „Титаник“

април 2, 2018

Во новата зграда на Основен суд Скопје 1 пристигнаа обвинетите во случајот на СЈО „Титаник“, во кој, на поранешни високи државни и функционери на ВМРО-ДПМНЕ им се суди за изборни нерегуларности и влијание врз волјата на гласачите. Со денешното рочиште почнува да функционира новата зграда на Кривичниот суд. Прв од обвинетите пристигна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Ако не се екстрадираат Грујевски и Бошкоски, одвоено ќе им се суди на Мијaлков и Јанкулоска

март 27, 2018

Доколку до 15 мај обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошкоски во предметот на СЈО „Тврдина – Таргет“ за масовното прислушување не бидат екстрадирани од Грција, Основниот суд Скопје 1 ќе одлучува за раздвојување на постапката по однос на овие двајца обвинети. Судското рочиште денеска беше одложено за 15 мај бидејќи обвинетите Грујевски, екс-началник на Петтата […]

Груевски повторно на суд – денеска рочиште за блиндираниот „мерцедес“

март 21, 2018

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер […]

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

февруари 12, 2018

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – […]

„Титаник“: Груевски, Јанкулоска и Јанакиески на суд и за изборни злоупотреби

јануари 31, 2018

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески наскоро ќе седнат на обвинителна клупа за случајот „Титаник“. Од Кривичниот суд денеска соопштија дека Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението на Специјалното јавно обвинителство во целост. Првото […]

Груевски задоцни на судењето за „мерцедесот“, адвокатот приговараше за „свадбарските“ камери

јануари 30, 2018

Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пак доцнеше на денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. На Груевски во Основниот суд Скопје 1 му се суди за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“. Во овој случај првообвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник […]

Столтенберг се довезе кај Заев со „она на М“

јануари 18, 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна со „мерцедесот“ од 600 илјади евра за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Столтенберг е последниот од високите странски […]

Судењето на Мијалков и Јанкулоска за „Тврдина – Таргет“ е одложено за 27 март

јануари 17, 2018

Судењето за случајот на СЈО „Тврдина – Таргет“ се одложи за 27 март затоа што новиот судскиот совет со кој претседава судијката Џенета Бегтовиќ, согласно новиот план за работа на претседателот на Судот Иван Џолев, му е потребно време за да го проучи предметот кој, како што кажа судијката, има обемен доказен материјал. Дополнително, како […]

Рочиштето за „Таргет“ и „Тврдина“ одложено за 17 јануари

декември 22, 2017

Судењето за случајот „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО денеска се одложи за 17 јануари следната година бидејќи не беше присутен Миле Петровски, еден од адвокатите на Сашо Мијалков и на Гордана Јанкулоска. Како што кажа судијката, Ленка Давиткова, Петровски го известил судот пред два дена дека не може да дојде бидејќи ќе присуствува на рочиштето […]

На Јанкулоска ќе ѝ се суди и за „Тенк“

ноември 29, 2017

Случајот „Тенк“ на СЈО, за „мерцедесот“ од 600.000 евра, официјално оди на судење. Од СЈО за „Мета“ потврдија дека добиле известување од Кривичниот суд дека советот за оценка на обвинителен акт го одобрил предметот и дал зелено светло тој да оди на судење. Одлуката била донесена пред два дена, на 27 ноември, а Судот дополнително […]

СЈО го достави разговорот на Мијалков и на Јанкулоска како доказ во случајот „Сопот“

октомври 18, 2017

Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за случајот „Сопот“, на судот му предаде цеде со телефонски разговор помеѓу поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како дополнителен доказ во постапката за овој предмет. Како дополнителен доказ за повторното судење за „Сопот“, СЈО достави […]

Апелација одлучува по жалбите во случајот „Титаник“ – СЈО бара притвори

јули 23, 2017

Апелацискиот суд денеска треба да ги објави решенијата по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности. Меѓу обвинетите во случајот „Титаник“ се и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и за […]

СЈО бара притвори – Јанкулоска, Протогер, Јанакиески и Божиновски ветуваат дека нема да бегаат

јули 21, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска на јавни седници, кои се одржаа едни по други во Апелацискиот суд, уште еднаш побара да им биде одреден притвор на поранешните министри за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на поранешниот шеф на кабинет на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протогер, и на поранешниот генерален секретар […]

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партизација на МВР, СДСМ вели дека се гради професионализам

јули 16, 2017

Потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски, сега како министер за внатрешни работи, без никаков аргумент почна со партиски чистки и со поставување партиски послушници на сите раководни позиции во Министерството за внатрешни работи, обвини на партиска прес-конференција денеска Саше Павловски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека истото Спасовски го правел и кога беше министер за внатрешни работи […]

СЈО поднесе жалби за одбиените притвори на Груевски, Јанакиески, Протогер и на Јанкулоска

јули 6, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска до Апелацискиот суд Скопје доставило уште пет жалби на одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени барањата да им биде одреден притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска […]

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

јули 3, 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и за поранешниот […]

СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јанкулоска, Канческа-Милевска…

јуни 29, 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска со 17-те обвиненија до Кривичниот суд ќе поднесе и барање за одредување притвор за вкупно 18 лица, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета […]

Јанкулоска: Провокацијата на СДС и на албанските партии предизвика револт и гнев кај граѓаните

април 30, 2017

За жал, провокацијата од СДС и на партиите на Албанците од Македонија со нелегитимниот избор на таканаречениот претседател на Собранието, предизвика огромен револт и ескалација на гнев кај граѓаните, вели поранешната министерка за внатрешни работи и член на извршниот и на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, на својот фејсбук-профил. – Таквата атмосфера неколкумина насилници […]

Страна 3 од 7