fbpx
Таг: Голема Албанија

таг: Голема Албанија

Амбасадорите на САД во Тирана и во Приштина ги критикуваа изјавите на Рама и на Тачи

Амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу, и амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави, едногласно ги критикуваа денеска вчерашните изјави на албанскиот премиер Еди Рама и на косовскиот премиер Хашим Тачи за можноста за обединување на Албанија и на Косово доколку продолжи спласнувањето на надежта за зачленување во ЕУ. - Американската влада ја поддржува независноста на Косово и на...

Руско МНР: Меѓународната заедница да застане против територијалните претензии на Албанците

„Сметаме дека е неопходно меѓународната заедница одлучно да им укаже на Тирана и на албанските политичари во другите балкански земји на неприфатливоста на актуелизирањето на територијалните претензии и на размислувањето за прекројување на границите во регионот. Ги повикуваме западните партнери да се придржуваат на духот на меѓународното право и на здравиот разум, а не на лоши шеми на двојни...

Дачиќ ги повика ЕУ, САД и Британија да реагираат на изјавите за „голема Албанија“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Европската Унија, САД и Велика Британија ќе бидат директно одговорни за последиците доколку не реагираат на последните изјави на албански политичари за соединување на Албанија, Косово и на три општини од југот на Србија, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Во реакција на изјавата на претседателот на општината Бујановац,...

Атина: Нема играње со националните прашања

Во Грција сè поголема е вознемиреноста по новите изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на албанскиот премиер Еди Рама, кои се во спротивност со грчките барања во односите со Турција и со Албанија. Изјавите на Ердоган со кои турскиот премиер ги доведува во прашање границите меѓу Грција и Турција, одново предизвикаа вознемиреност кај Грците. Откако Ердоган предизвика искри во Грција...

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...