fbpx
Таг: годишнина

таг: годишнина

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина. На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина. Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски...

Охридскиот договор „наполни“ 20 години – одбележувањето помина без преживеаните потписници

Со конференцијата „…По Охрид“, која во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во соработка со Програмата за изградба на мирот и човековите права на Универзитетот на Колумбија, се одржа денеска во Скопје, се одбележа 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. На конференцијата говореа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев како и лидерот...

ЦЈЗ ќе ги спроведува протоколите на утрешната прослава на 20-годишнината од Охридскиот договор

Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи на утрешното одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, рече денеска вицепремиерот и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. „Испратено е барање до Министерството за здравство и тоа пред три недели најмалку. Сум контактирал и со министерот за здравство по однос на сите протоколи...

Делегации положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 118 години од неговото загинување

фото: влада
Делегации од кабинетот на Претседателот на РСМ, од Владата и од Собранието, како и од други институции, здруженија и граѓани, денеска положија цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, по повод 118 години од неговото загинување. Делегацијата од претседателскиот кабинет беше предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, а владината делегација од министерот за внатрешни работи Оливер...

Една година во НАТО: „Од тема на дневен ред, станавме учесници во неговото креирање“

„Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан, тој збор е - успеавме!“, рече премиерот Зоран Заев на денешната свеченост по повод првата годишнина од приемот на Македонија во НАТО. По 21 година минати како кандидат за членство, Северна Македонија конечно стана членка на Алијансата на 27 март лани, кога в.д. амбасадорката во САД, Вилма Петковска, во Стејт...

Претседателот Пендаровски имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

По повод годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, претседателот Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења за улогата на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, за регионалната стабилност и за надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски...

Пендаровски засади дрво на одбележувањето на 78 години од холокаустот на македонските Евреи

Стево пендаровски фото: кабинет на претседател
На одбележувањето на 78 годишнината од холокаустот на македонските Евреи, кои на 11 март 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на Кабинетот засади дрво, македонски даб. Тој во својата порака рече дека со векови еврејската заедница била плодно стебло на македонската почва. „Во духот на соживотот, Евреите живееле со нас, како...

Одбележана годишнина од немањето матичен гинеколог во општина Шуто Оризари

Иницијативата на жени од Шуто Оризари денеска ја одбележа годишнината од немање на матичен гинеколог во нивната општина. „Од 8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме на сред пандемија со ковид-19, откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација“, велат од Иницијативата на жени од Шуто Оризари. Иако Министерството за здравство најави отворање...

Две години по Преспанскиот Договор, земјава е членка на НАТО и пред старт на преговорите за ЕУ

Две години по Договорот од Преспа, од тотална изолација на меѓународната сцена, Северна Македонија стана членка на НАТО и се врати на агендата за проширување на Европската Унија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешниот настан за одбележување на годишнината од потпишување на Преспанскиот Договор. - Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство, а...

Осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро, сторителите сè уште непознати

Утрото на 12 април 2012 година беа убиени четворица млади момчиња и рибар кај Смилковското езеро, а по навршени осум години од убиството не успеавме да ги дознаеме одговорите на прашањата кои, како и зошто ги убија нив, пишува „Порталб.мк“. Филип Славковски, Александар Нацевски, Цветанчо Ацевски, Кире Трпковски и Борче Стевковски заминаа на другиот свет со мистеријата за извршителите на...

Заев: Нема да дозволам владата да ја срушат неколку криминалци, еден суетен новинар и – да ми извинат од ЛГБТ заедницата – еден педер

Премиерот Зоран Заев вчера излезе со многу нервозна и груба изјава - дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа влада од власт, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот на Бојан Јовановски – Боки 13. - Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа....

Анализа: Четири години нема одговор кој го нарача кумановско „Диво Насеље“

Се навршија четири година од оружената пресметка во „Диво насеље“, населба во Куманово. Престрелката траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени. Истовремено, во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група. За настаните во „Диво насеље“ од 37 обвинети за...

Панел „Патот до Брисел преку Охрид“ по повод 17 години од Рамковниот договор

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања. „Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. Преку овој панел ќе се...

МПЦ ја покани БПЦ на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија, СПЦ ќе слави посебно

Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ја поканила Бугарската православна црква (БПЦ) на одбележувањето на 1.000 годишнината на Охридската архиепископија. Поглаварот г.г. Стефан за бугарската агенција БГНЕС потврдува дека поканата е испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија. Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде...

Заев: 27 април беше срам за државата, покажавме дека не сме такви

По повод годишнината од инцидентите во Собранието на 27 април, премиерот Зоран Заев вели дека од тој настан, кој бил срамен за граѓаните и државата, треба да извлечеме поука за никогаш да не се повтори. Прашан дали верува во правна разрешница за овој случај, тој додаде дека лицата кои се огрешиле пред закон, ќе бидат извадени пред системот на правдата,...

Одбележани 146 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во рамки на одбележување на 146-годишнината од раѓањето на националниот херој и револуционер, Гоце Делчев, владина делегација положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. „Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата во правец на остварување на тој вековен сон за слободна, демократска...

Владата и СДСМ ја одбележаа годишнината од смртта на Киро Глигоров

Со положување цвеќе на гробот на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија, Владата и СДСМ денеска ја одбележаа шестгодишнината од неговата смрт. Во владината делегација на гробиштата Бутел беа министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. Делегацијата на СДСМ ја сочинуваа Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ,...

Одбележана годишнината од нападите во Њујорк и во Вашингтон

САД ја одбележаа 16-годишнината од терористичкиот напад на Ал каеда во Њујорк и во Вашингтон, во кој на 11 септември 2001 година загинаа околу 3.000 лица. Во Њујорк, на местото на кое беа кулите близначки, односно Светскиот трговски центар, роднините на загинатите носеа нивни фотографии и ги чита нивните имиња. Церемонијата, на која учествуваа околу 1.000 лица, почна со едноминутно молчење...

Поради годишнината од Рамковниот, Џафери ја презакажа седницата за в понеделник

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се премисли и расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, која требаше да продолжи утре, ја презакажа за в понеделник. На официјалната интернет-страница на Собранието стои дека за утре не се предвидени никакви активности во законодавниот дом, а продолжението на седницата е закажано за в понеделник во 11 часот. Пратениците, како што објави „Телевизија...

Со „Скопје го слави животот“ ќе се одбележат 54 години од катастрофалниот земјотрес

Со настани организирани од Младинскиот културен центар (МКЦ) - Скопје, Музејот на Град Скопје и од Град Скопје, утре ќе се одбележат 54 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Мултимедијалниот културен настан што под мотото „МКЦ за Скопје“ го организира Младинскиот културен центар, кој традиционално се одржува на 26 јули, годинава се одржува...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...