fbpx
Таг: годишен распоред

таг: годишен распоред

Рибарев: Нема да има промена на судиите за предметите што се во тек

Во Основниот суд Скопје 1 денеска се одржал колегиум на судиите на кој в.д. претседателот на судот, Стојанче Рибарев, ги известил колегите дека со новиот годишен распоред за работа, помеѓу судиите ќе бидат прераспределени само прекршочните предмети за кои сè уште не е закажно судење, соопштија од судот. Сите други предмети, соопштил Рибарев на колегиумот, за кои процедурата веќе тече, „ќе...

Врховниот суд официјално кажа дека одбил буквално сè, но не и зошто

Врховниот суд попладнево и официјално соопшти дека ги одбил сите барања и приговори што беа на дневен ред на денешната општа седница. Имено, на седницата се одбиени барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, приговорот на судијката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, и приговорите на 17-те судии од Основниот суд Скопје 1 против...

Која е судијката Татјана „2.000 евра казна за Јанева и за Фетаи“ Михајлова?

Судијката Татјана Михајлова вчера си поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на најголемиот и најважниот суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Причините за ненадејната одлука на Михајлова сè уште не се познати, иако една од шпекулациите е дека тоа го сторила затоа што Врховниот суд поништи седум од осумте прераспоредувања што таа ги потпиша. Молчи и претседателот на Судскиот...

Панчевски ќе добие поголема плата, на прераспоредените ќе им останат исти

На судиите од Основниот суд Скопје, кои со новиот годишен распоред што го донесе в.д. претседателката на судот, Татјана Михајлова, се прераспоредени од кривичното во прекршочното одделение, нема да им бидат намалени платите. На прашање на „Мета“ дали има разлики во висината на платите на судиите во овие одделенија, од Основниот суд Скопје 1 ни одговорија дека „платата на судиите...

По новиот распоред на судиите СДСМ најавува реизбор, а ВМРО-ДПМНЕ обвинува за притисоци

Во Македонија ќе има целосен реизбор на судии, кои ќе работат за заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега, велат од СДСМ, по информациите дека Основниот суд Скопје 1 донел нов годишен распоред на судии, со кој извесен број судии, кои досега работеа на кривични предмети, се прераспоредени во одделот за прекршоци. - Сите обиди на криминалците и...

Новиот распоред на судиите не е чистка поради СЈО, демантираат од Судот

Во Основниот суд Скопје 1, в.д. претседателката Татјана Михајлова донела нов годишен распоред на судии, според кој, извесен број судии, кои досега работеа на кривични предмети, се прераспоредени во одделот за прекршоци. Инаку, скопскиот суд е надлежен за процесирање на случаите на Специјалното јавно обвинителство. Според пишувањата на дел од медиумите, кои се повикуваат на извори од судот, меѓу прераспоредените судии...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...