fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

ДИК обработи 93,96 проценти од податоците: Коалиција Можеме – 36,13, а опозициската Обнова – 34,65 отсто

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК), Адмир Шабани изјави дека се обработени 93,96 отсто од податоците по избирачките места. „Коалицијата Можеме освои 36,13 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 34,65 проценти, ДУИ 11,57 проценти, Алијанса на Албанците и коалицијата 8,79 проценти, Левица 3,96 проценти, ДПА 1,48 проценти, Интегра 1,33 проценти,“ изјави Шабани. Од ДИК информираа дека вечерва нема да биде соопштен распоредот на...

ДИК: Тесно водство на Коалицијата Можеме пред опозициската Обнова за Македонија

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на прес-конференција соопшти дека досега биле преброени гласовите од 70 проценти од избирачките места во земјава, како и дека во моментов има мртва трка меѓу политичките конкуренти во однос на бројот на освоени гласови на денешните предвремени парламентарни избори. Од преброени гласови од 2.662 од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ...

Двајца жители на Велешта физички нападнале полициски службеник

Изутринава околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во струшкото село Велешта, 31-годишниот В.Ќ. и три години помладиот А.Ќ., двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. – Тие, упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите...

Штип: Мирен избирачки ден, помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година

Помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година е регистрирана на денешното гласање на 80-те избирачки места во Штип. До 20:30 часот, излезноста во Штип изнесува 56,65 отсто, наспроти 72,74 отсто на парламентарните избори во 2016 година. На одредени места излезноста се движеше меѓу 50 и 70 отсто. Избирачкиот ден на предвремените парламентарни избори во Штип генерално помина во...

Лидерите на албанските партии очекуваат победа, Села обвини за инциденти

Лидерите на албанските политички партии во земјава денеска го остварија своето право на глас, при што секој од нив изјави дека се надева на победа во албанскиот политички кампус. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети гласаше во Зајас, Кичево. Ахмети по гласањето изјави дека посакува регуларен процес и да се почитуваат здравствените препораки. Тој исто така рече дека земјата ја очекува...

Џафери: На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го оствари своето гласачко право на предвремените парламентарни избори на избирачкото место во гостиварското село Форино. „Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Имајќи предвид дека сум носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, по гласањето ќе се упатам во Изборниот штаб за одблизу да ги...

И Заев и Мицкоски уверени во победата на денешните избори

Лидерите на двете најголеми македонски партии денеска го остварија своето право на глас, со уверување дека тие ќе победат на предвремените парламентарни избори во земјава. Претседателот на СДСМ Зоран Заев по гласањето во Струмица изјави дека овие избори се поразлични од претходните, но не и помалку важни. - Со резултатот од овие избори ќе знаеме на која позиција, како ќе...

Пендаровски: Не е битно кој ќе победи, очекувам учесниците да си подадат рака

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на предвремените избори за пратеници во Собранието гласаше на избирачкото место 2489. „Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера. Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според мене, би требало да остане...

Инклузива: Пропусти при гласањето на лица со попреченост и почитувањето на здравствениот протокол

Набљудувачите на Здружението Инклузива известија за пропусти при пристапноста на гласачките места и гласањето за лицата со попреченост. Забележано било и непочитување на протоколите за заштита од ковид-19. „Беше забележано неносење или неправилно користење на заштитни маски и ракавици од страна на избирачки одбори на 15 гласачки места, неодржување на физичко растојание на 21 гласачко место, непроветрување на просторот и...

Фотографирање на ливчиња и физичка пресметка регистрирало МВР на некои гласачки места

Министерството за внатрешни работи (МВР) досега регистрирало неколку изборни прекршоци во текот на денешниот изборен ден низ земјава. Полицијата регистрирала фотографирање на гласачките ливчиња на избирачките места бр.0537 во Дебар, 0755 во село Осој, општина Кичево и 2909 во Скопје. Против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. Исто така, нарушување на јавен ред и мир имало во...

ОЈО регистрираше 10 случаи на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето при Основното јавно обвинителство ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. „Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со...

Четвртина од избирачите излегле да гласаат до 13 часот

Четвртина од гласачите регистрирани за предвремените парламентарни избори излегле на избирачките места во земјава до 13 часот за да ја искажат својата волја, покажуваат резултатите што ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според нејзините статистики, излезноста на ниво на земјава до 13 часот е 24,61 отсто, додека од шесте изборни единици на кои е поделена нејзината територија, најголем е одѕивот...

Новаци (26,9%) и Вевчани (24,9%) со највисок одѕив до 11 часот, на ниво на држава гласале 15,5 отсто

Општина со највисок одѕив на гласачите до 11 часот е Новаци, со 26,89 отсто, следена од Гевгелија со 23,29 отсто, Прилеп со 22,07 отсто, па Демир Капија со 21,99 отсто, Македонски Брод со 21,86 отсто, а многу блиску е и Берово со 21,76 отсто. Четвртата изборна единица изби на првото место по излезност до 11 часот, со 18,55 отсто гласачи...

ЦИВИЛ регистрираше 18 нови изборни нерегуларности

Освен трите инциденти регистрирани по почетокот на гласањето денеска, организацијата ЦИВИЛ, која го следи гласањето на голем број избирачки места, во меѓувреме регистрирала вкупно 18 инциденти или други изборни нерегуларности, соопштени Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на прес-конференцијата во 10 часот. Меѓу нерегуларностите што се забележани, се контрола од партиски набљудувач кој што заокружува на ливчињата, некористење УВ ламба за...

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

Забележани се одреден број инциденти, со кршење на изборниот молк и негативна кампања до отворањето на избирачките места утрово, а самиот процес на гласањето од 7 часот е одбележан со многу мал број нерегуларности, во Кочани и Брвеница, и непочитување на заштитните мерки за ковид-19 во Чаир, соопшти претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на првата денешна прес-конференција, која се...

Во Штип отворени сите гласачки места, гласањето се одвива без проблеми

Со задолжителните заштитни маски и дезинфекција на влезот од гласачките места се одвива гласањето во 80 избирачки места во Штип. Изутринава во седум часот беа отворени сите гласачки места, каде гласањето се одвива без никакви проблеми. До 9.00 часот излезноста e 9,77 или гласале вкупно 3.424 гласачи, соопштуваат од Општинската изборна комисија. На гласачките места од изутрината можат да се...

Гласањето на болните, изнемоштените и лицата во Казнено-поправените установи се одвива непречено (мапа)

Гласањето на болните и изнемоштени лица како и луѓето што се сместени во Казнено-поправените установи се одвива непречено и без никакви проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово. „Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви проблеми и дека овој ден ќе...

Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните лица

Фото: Борче Поповски
На вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори, своето право на глас ќе можат да го остварат затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица, како и болните и немоќните лица. Податоците на ДИК покажуваат дека правото на глас денеска ќе можат да го остварат 8.855 болни и немоќни лица, чии што пријави биле прифатени од вкупно 9.491...

Правото на глас го искористиле 723 заболени од ковид-19 и лица кои се во самоизолација

Фото: Борче Поповски
Според информациите на Државната изборна комисија (ДИК), вкупно 723 лица го искористиле правото на глас во рамки на вчерашното гласање на лицата заболени од ковид-19 и оние кои се во самоизолација. Иако било утврдено дека треба да гласаат 759 лица, според претседателот на ДИК, Оливер Дерковски разликата што се јавува во бројките кои ги соопштиле претходно е од причина што...

Во Хелсиншки комитет граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право

„Со оглед дека веќе започна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436, или на  [email protected] “, соопштија од Хелсиншки. Потсетуваат дека...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...