fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

Вечерва се бира евровизискиот претставник, организаторите смируваат дека онлајн гласањето е легитимно

Вечерва ќе биде познато кој ќе ја претставува Северна Македонија на Изборот за песна на Евровизија што во мај ќе се одржи во Торино, Италија. Победникот ќе го одлучат гласовите на публиката и на меѓународното стручно жири. За првпат по седум години, Македонската радио телевизија (МРТ) која е организатор на Националниот избор, го врати натпреварувачкиот карактер на изборот и...

Вистиномер: Не е точно дека Левица не гласаше за недела неработен ден

Во продолжение пренесуваме текст на „Вистиномер“ кој ја анализира вистинитоста на изјавата на пратеничка од СДСМ во однос на гласањето за прогласување на недела за ден на неделен одмор: На 20.12.2021 Собранието со 62 гласа „за“ и ниту еден против го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со кои недела станува ден на неделен одмор....

ДИК: Поднесени се вкупно 23 приговори од партиите за гласањето во вториот круг

Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека заклучно со вчерашниот ден, до ДИК поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите, и тоа: - седум приговори од политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане, - седум приговори од Коалицијата предводена...

Богданка Кузеска од СДСМ: Изборите беа фер, слободни и демократски

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на вечерашнава прес-конференција рече дека денеска се одржале фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство од граѓаните излегле на гласање, изјави таа. Кузеска изјави дека денеска победила демократијата и слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес. Таквите режимски методи биле откриени и по нив постапуваат, и тоа во општините Ѓорче...

Али Ахмети: Слободните избори се одраз на нивото на демократија во државата

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денес гласаше во неговото родно место во кичевското село Зајас. По гласањето Ахмети им порача на граѓаните да излезат на гласање затоа што тоа е чекор напред кон иднината и воедно да се помогне со вредностите за градењето на државата. „Ова е култура, семеен и државен празник на кој се демонстрираат...

Даштевски: До 18:30 часот во вториот круг излезноста е 48,88 отсто

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција информираше дека излезноста на гласачите до 18:30 часот изнесувала 48,88 отсто од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиот список, односно 555.943 гласачи. Притоа, најголема излезност до 18:30 часот имало во општина Вевчани - 81,2 отсто гласале, а исто така во општините Росоман и Демир Капија имало излезност од над...

Мицкоски: Злоупотребите и неправилностите ќе имаат спротивен ефект

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им честиташе на граѓаните што масовно излегуваат и ја изразуваат својата слободна волја на вториот круг на локалните избори. „Од она кое што можам да го добијам како информација од терен е дека волјата и надежта за новата иднина се присутни кај народот во Македонија и тие практично со своето гласање масовно во утрината го покажуваат“,...

ДИК: До 17 часот излезноста е 42,44 отсто, за речиси 1,5 отсто поголема од првиот круг на изборите [инфографик]

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека до 17 часот гласале 42,44 отсто од запишаните избирачи во Избирачкиот список на вториот круг од локалните избори во земјава. Во споредба со првиот круг, излезноста е зголемена за речиси 1,5 отсто во оние општини каде што се избира нов градоначалник во вториот круг. До 17 часот на гласање излегле 559.519 гласачи од...

Во вториот круг до 15 часот гласале 33,5 отсто од гласачите, околу 2 отсто повеќе од првиот круг [инфографик]

Процентуално земено, до 15 часот во вториот круг на Локалните избори гласале 33,5 отсто од гласачите во избирачкиот список, што е за неколку проценти повеќе од 31,5 отсто колку што гласаа до 15 часот во првиот круг. Ако се земат предвид апсолутните бројки, во вториот круг до 15 часот гласале околу 125.000 граѓани помалку, односно околу 438.000 гласачи наспроти 563.000...

Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври

Во најголем дел од поголемите општини во земјава ќе се одржи втор круг од локалните избори на 31 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе ги преброи гласовите и резултатите покажуваат дека во поголемите населени места има тесна разлика меѓу најголемите политички партии. Врз основа на преброени 100 отсто од гласовите во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски освоил 42,83 отсто...

МВР: До 12 часот 39 отсто помалку нарушувања на изборниот процес во однос на лани

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека до 12 часот денеска има 39 отсто помалку нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето во однос на парламентарните избори минатата година. Не се регистрирани посериозни нарушувања, а гласањето главно се одвива мирно и без проблеми. Од регистрираните инциденти, имало случај на изборен поткуп, агитации и притисоци врз гласачите, но...

Гласањето генерално се одвива мирно и без проблеми, велат од МВР

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. По отворањето на гласачките места до 11 часот регистрирани се по два настани на подрачјата на СВР Скопје, и по еден на подрачјето...

Излезноста до 11 часот е 10,22 проценти, велат од ДИК

Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска соопшти дека од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места, до 11 часот гласале вкупно 135.906 гласачи, односно 10,22 проценти. Општини со најголема излезност се Новаци каде што на гласање излегле 25,84 проценти, Крива Паланка со 20,44 проценти, Вевчани со 18,61 процент, Лозово со 17,51 процент, а најмала излезност има...

ДИК: Излезноста е 3,28 отсто, на некои гласачки места има проблеми со уредите за биометриска идентификација

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски на прес-конференција истакна дека според податоците кои пристигнале од 1.325 избирачки места до 9.30 часот вкупен број на избирачи кои гласале е 23.468 или 3,28 отсто. Според него, гласањето во најголем дел од нив се одвива непречено, но има пријавени потешкотии со биометриска проверка на секој одделен гласач. „Во одредени избирачки места, кои...

Отворени гласачките места за седмите локални избори, право на глас имаат 1. 824.864 граѓани

Гласањето на седмите локални избори од осамостојувањето на државата, започна во седум часот утринава. Државната изборна комисија (ДИК) во 9.30 часот ќе соопшти за навременото отворање на сите 3.480 избирачки места. Право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. За 80 општини и Град Скопје, граѓаните денеска ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299...

Локалните избори во детали: Советите се бираат во еден круг, за градоначалник можно е да има и втор круг

На Локалните избори 2021 право на глас ќе имаат 1.824.864 гласачи впишани во Избирачкиот список. На седмите по ред избори за градоначалници и општински совети за 80 општини и Град Скопје, граѓаните утре ќе избираат нови градоначалници и општински совети од пријавените 299 кандидати за градоначалници и 10.532 кандидати за членови во општинските совети, покажуваат податоците на ДИК. За да...

Денеска изборен молк, гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во карантин и самоизолација

Гласањето на Локалните избори 2021 започна денеска со изјаснувањето на болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат во карантин и самоизолација поради ковид-19, како и лицата кои се во затвор, притвор, раселените лица и лицата во установи за вонсемејно сместување. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), барање за гласање доставиле вкупно 7.921 лица, чии пријави се прифатени од...

Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски

Со 11 гласа „за“ и 60 гласа „против“, Собранието на РСМ вечерва не ја прифати интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ќе продолжи да ја извршува својата функција во владата на премиерот Зоран Заев.  Интерпелацијата беше поднесена од Алијансата за Албанците и Алтернатива поради бегството на Сашо Мијалков. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште претпладнево ја напуштија собраниската расправа...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа итна седница на Собранието, спикерот Џафери вели не прифаќа ултиматуми

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата на Собрание побара од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе ги разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите. „Во овој момент, на оваа прес-конференција позади мене се присутни сите пратеници...

Собранието на Косово го изгласа Курти за нов премиер и го усвои предлогот за состав на новата Влада

Собранието на Косово го изгласа лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово. Курти пред косовските пратеници ги образложи неговите приоритети за време на неговиот мандат како што се развојот на економијата, борбата против невработеноста и пандемијата на ковид-19, развојот на човековите права, јакнење на безбедноста...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...