понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: гласачки ливчиња | 40 резултати

Гласач по грешка ставил две ливчиња во една кутија во Аеродром

15 октомври 2017

На избирачкото место во детската градинка на улицата Коста Новаковиќ гласањето било прекинато откако на гласач, кому му биле дадени четири гласачки ливчиња, кога ги ставал во гласачките кутии, кај себе имал само три, односно му недостигало ливчето за советничка листа на Аеродром, потврдија од Општинската изборна комисија.. Гласачот бил повозрасен човек, кој две од […]

Прекин на гласањето на избирачко место во Аеродром, на гласач му недостигало едно ливче

15 октомври 2017

Во општина Аеродром на избирачкото место 2686, во детската градинка на улица Коста Новаковиќ, гласањето е во прекин откако интервенирала полиција поради гласач на кој му недостигало избирачко ливче. Од изборната комисија му биле дадени четири избирачки ливчиња, а при внесувањето на ливчињата во избирачките кутии, гласачот имал само три ливчиња, по што било утврдено дека […]

„Мост“: Доцнење на неколку гласачки места, во Струга гласач ги фотографирал ливчињата

15 октомври 2017

Граѓанската асоцијација „Мост“ на почетокот на гласањето за локалните избори забележала задоцнувања на отворање на гласачки места, откинување гласачки ливчиња заедно со кочанот, неработење на УВ-ламба и фотографирање на гласачките ливчиња. Четири гласачки места во основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Злетово, општина Пробиштип, биле отворени со 15-минутно задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал […]

Полицијата пука со гумени куршуми по граѓаните во Барселона

1 октомври 2017

Крвави судири се случуваат во Барселона помеѓу шпанската полиција и поборниците за независност на покраината Каталонија, откако полицијата изврши неколку брутални упади на избирачки мести и почна да се пресметува со граѓаните на улиците, а почна и да пука со гумени куршуми по луѓето. Според извештаите на светските медиуми, веќе има десетици ранети луѓе. Демонстранти […]

Каталонците чекаат во редици за гласањето за независност

1 октомври 2017

Илјадници граѓани на Каталонија од рано утрово чекаат во редици пред изборните места за да гласаат на референдумот за независност на оваа богата шпанска покраина, во чие срце е Барселона, без разлика што шпанската власт го прогласи референдумот незаконски и презеде низа мерки за да го спречи. Дел од граѓаните утрово блокирале врати на изборни […]

Шпанската полиција ден пред гласањето за независност на Каталонија затвора училишта

30 септември 2017

Националната гарда на Шпанија денеска затвори 1.300 од 2.315 училишта во Каталонија, во кои според плановите треба да се гласа на референдумот за независност на оваа покраина, кој е закажан за утре. Полицијата исто така го држи под контрола и регионалниот центар за телекомуникации на подрачјето на Каталонија. Како што известуваат шпанските медиуми, полицијата има […]

ДИК досега отфрли два приговори на СДСМ за неправилности при гласање

15 декември 2016

Државната изборна комисија ги отфрли приговорите на СДСМ за избирачките места 2.010 и 2.025 кои се во шестата изборна единица во општина Теарце. Приговорите за овие избирачки места се однесуваат на преправани записници, како и на несовпаѓање на бројките на гласачите со распределбата на гласовите. Членот на ДИК од СДСМ, Игор Милев, истакна дека записникот […]

Полицијата чува 3.570 вреќи со избирачки материјал во Клубот на пратеници

12 декември 2016

Во Клубот на пратеници, под силно полициско обезбедување се наоѓаат 3.570 вреќи со избирачки материјал. Синоќа по завршувањето на изборите, па сè до денеска, вреќите со избирачките ливчиња и другиот материјал за гласање од сите гласачки места се носат во Клубот на пратеници, каде што комисија на ДИК прави записници. Долж булеварот Теодосиј Гологанов има голем […]

Пропаднатите гласови се трета политичка сила во Македонија!

12 декември 2016

Според преброените 99,72 отсто од гласачките ливчиња, официјалните податоци на Државната изборна комисија велат дека од вкупно 1.189.481 избирачи кои гласале, 37.812 гласачки ливчиња биле неважечки. Бројот на неважечките гласачките ливчиња е поголем од бројот на гласовите што ги добија седум од единаесетте коалиции што учествуваа на изборите. Најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, потоа СДСМ, ДУИ и Беса, […]

Серија нарушувања на тајноста и поткуп на гласачи, забележале набљудувачите на „Мост“

11 декември 2016

Набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“ во текот на денешното гласање забележале гласање на гласачи кои не биле запишани во избирачкиот список, некои избирачки одбори не ги проверувале гласачите дали имаат траги од мастило како доказ дека гласале претходно, на некои избирачки места била нарушена тајноста на гласањето, а имало и обиди за семејно гласање. Набљудувачите […]

МВР: Регистрирани се низа помали инциденти, на кои соодветно е реагирано

11 декември 2016

Од отворањето на гласачките места до 13 часот нема поголеми инциденти, но регистрирани се низа помали на кои соодветно е реагирано, изјави на прес-конференција помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Јордан Ламановски. Тој информираше дека на повеќе гласачки места имало случаи со фотографирање на гласачки ливчиња со мобилен телефон, агитирање, како и сугерирања […]

Агитација и неовластена евиденција на гласачи, забележале од „Мост“

11 декември 2016

Агитирање на гласачи, обид за фотографирање на гласачки ливчиња, неовласетни лица кои ги евидентираат гласачите, забележале набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“ на гласачките места. – На гласачко место 1.778, општина Ново Село, едно лице агитирало пред гласачкото место. Дошла полиција за да го приведе, но лицето побегнало. Пред ОУ „Димитар Влахов“ во Штип присутни се […]

Гласањето во општините Охрид и Дебрца почна навреме и е мирно

11 декември 2016

Гласањето во општините Охрид и Дебрца почна во нормална атмосфера и засега изборниот процес тече без проблеми. Во 7 часот беа отворени сите 89 избирачки места. Во Охрид своето избирачко право ќе го остварат околу 50.200 гласачи, а во Дебарца 3.500 граѓани. – Подрачното одделение на ДИК во Охрид е подготвено за нормално одвивање на […]

ДИК: Имаме целосна контрола врз печатењето на доверливиот изборен материјал

6 декември 2016

Дезинформациите и шпекулациите кои се шират низ медиумите во однос на доверливиот изборен материјал за наводно 80.000 испечатени пробни гласачки ливчиња, Државната изборна комисија ги демантира во целост, се вели во соопштението на ДИК. Реакцијата следува откако „Мета“ денеска објави дека печатницата „Киро Дандаро“, која официјално ги печати гласачките ливчиња за предвремените парламентарни избори закажани […]

Отпечатени дури 80.000 пробни гласачки ливчиња

6 декември 2016

Печатницата „Киро Дандаро“, која официјално ги печати гласачките ливчиња за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, во саботата попладне отпечатила 80.000 ливчиња повеќе заради тестирање на опремата за печатење, дознава „Мета“ од неколку извори кои сакаат да останат анонимни. Според истите извори, случајот е пријавен и во набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Оттаму на прашањето на […]

ДИК денеска ќе го утврдува редоследот на листите на кандидатите за пратеници

15 мај 2016

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледува и ќе се одлучува за листите на кандидатите за пратеници поднесени од политичките партии. Исто така, на денешната седница ќе се утврдува и редоследот на листите на кандидатите за пратеници во гласачките ливчиња, а ќе има и жрепка за распределба на локации за […]

Страна 2 од 2