fbpx
Таг: гитарист

таг: гитарист

Влатко Стефановски и Амет Шериф ќе ја добијат државната награда „11 Октомври“

Познатиот музичар Влатко Стефановски и историчарот Амет Шериф се добитниците на годинешната награда  „11 Октомври“, соопшти Министерство за култура. Влатко Стефановски, еден од основачите на „Леб и сол“ и поранешен државен уметник, е добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Вториот добитник на...

Почина рокенрол-легендата Чак Бери

Легендарниот гитарист и родоначелник на рокенролот, Чак Бери, починал вчера на 90-годишна возраст, објавија светските медиуми, повикувајќи се на полицијата на американската сојузна држава Мисури. Полицијата на округот Сент Чарлс ја потврдила смртта на Чарлс Едвард Андерсон Бери и навела дека неговото семејство побарало приватност за време на периодот на жалост, пренесува „Гардијан“. Музичката кариера на Чак Бери траеше повеќе од...

Од вечерва „Охрид колинг“ во СРЦ „Билјанини извори“

Охрид од вечерва е домаќин на големиот музички настан „Охрид колинг“ (Ohrid calling), на кој ќе настапат светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фриквенсес. На 13 август е закажан настапот на легендарниот гитарист Ал Ди Меола, а еден ден потоа на СРЦ „Билјанини извори“ е настапот на светската атракција, групата „Продиџи“. На годинешниот „Охрид колинг“ ќе настапат и познати...

Почина Би Би Кинг

На 89. година од животот, во Лас Вегас почина легендарниот блуз-гитарист Би Би Кинг, објави неговиот адвокат. Гитаристот починал во својот дом, мирно, во сон, а неодамна беше во болница поради компликации предизвикани од дијабет. Би Би Кинг беше роден во 1925 година во Мисури. Македонската публика имаше прилика да го слушне легендарниот блуз-гитарист на „Скопски џез-фестивал“.

Неговата уникатност му донела соработка со Принц

Енди Меки, професор по гитара, во 2006 година, на „Јутјуб“ прикачил снимка на која со својата гитара ја свири песната „Drifting“ и не претпоставувал дека со тек на време ќе достигне голема популарност. Познатиот музичар Принц бил воодушевен од едноставниот стил на ова момче, па го повикал да присустувува на неколку негови настапи во Австралија. Енди Меки се разликува од...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...