fbpx
Таг: Гевгелија

таг: Гевгелија

Вчера низ Македонија поминале 3.000 мигранти

Утрово од железничката станица во Гевгелија кон Табановце заминал првиот специјален воз со околу 500 бегалци кои беа пристигнати во текот на ноќта. Денеска кон северната граница треба да заминат три воза. Следниот, по околу еден час, ќе биде поставен на платформата кај прифатниот камп. Во текот на изминатото деноноќие, со четири специјални возови од Гевгелија до Табановце, транзитирале околу 2.200...

Градоначалникот на Гевгелија во прифатниот пункт донираше по 1.500 пакети вода и кроасани

Општина Гевгелија денеска во прифатниот пункт за бегалци, што е во изградба, во близина на Гевгелија, донираше 1.500 пакети вода и 1.500 пакети кроасан. Донацијата ja предаде градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, а ја примија претставници на УНХЦР и Меѓународниот Црвен Крст.  

Отворен нов прифатен центар за мигранти во Гевгелија

На денешната, трета седница, на Главниот штаб за управување со кризи, која денеска се одржа во Центарот за управување со кризи (ЦУК), меѓудругото биле донесени и предлог мерки за оспособување на новиот прифатен пункт за мигранти во Гевгелија, отворен денеска. „На состанокот, освен што беше разгледан текот на досегашните активности на институциите коишто се дел од Системот за управување со...

Курц: ЕУ мора да и помогне на Македонија со мигрантите

ЕУ мора да помогне затоа што ситуацијата во Македонија е драматична, а земјата е оставена сама да се справува со големиот број мигранти, изјави денеска министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој е во еднодневна посета на Македонија каде со министерот за внатрешни работи, Митко Чавков го посети прифатниот камп за мигранти во Гевгелија. Тој напомена дека неопходен...

Чавков: ЕУ нема конзистетно решение за бегалците, а нашите капацитети се ограничени

Проблемот со бегалците е светски проблем, не е ниту македонски, ниту грчки и затоа е потребна меѓународна реакција, изјави во Гевгелија министерот за внатрешни работи Митко Чавков, додавајќи дека засега засега нема никакво решение ниту пак има нешто на повидок. - ЕУ нема конзистетно решение за справување со оваа хуманитарна катастрофа. Нашите напори се ублажување на тоа, но капацитети ни...

Полицијата ја отвори границата – 4.000 мигранти ја преплавија Гевгелија

Неколку часа откако мигрантите на неколку наврати го пробија полицискиот кордон и насилно влегоа во Македонија, речиси сите останати мигрантри кои беа заглавени во безграничната зона со Грција се пуштени во земјава, јавуваат активистите за човекови права и светските агенции. Зад оградата, во делот меѓу двете земји се останати само уште околу 200 лица. Според информациите од теренот, околу 4.000...

Ременски: Неопходен е засилен ангажман на институциите за решавање на мигрантската криза

Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, придружувана од претседавачот на Централниот одбор на партијата, Диме Велковски и претставници од општинското раководство на СДСМ Гевгелија денеска го посети гевгелискиот регион којшто е најпогоден од последиците на бегалската криза. За време на посетата и непосредни средби со граѓаните на Гевгелија, Ременски ја изразила подготвеноста на СДСМ да ги понуди своите човечки ресурси...

Дванаесет спонтани абортуси на мигрантки за еден ден во Гевгелија

Во моментов, во непосредна близина на железничката станица во Гевгелија се прави простор за одмор со капацитет од 160 луѓе. Просторот ќе биде наменет за жени, деца и изнемоштени луѓе и ќе функционира 24 часа, а ќе биде под постојан полициски надзор. Во тој простор ќе има 12 кабини со тушеви и тоалети, јави репортерот на „Мета“ од Гевгелија. Просторот...

„Мета“ со мигрантите во Гевгелија: Литар вода евро, килограм банани – четири!

На железничката станица во Гевгелија, стотици мигранти чекаат да ги предадат документите во полициската станица, за да добијат потврда со која им се овозможува 72 часовен престој во Македонија. Речиси сите сенки под дрвјата се исполнети со бегалци. Дел од нив полицијата се обидува да ги групира во редови, за да може побрзо и поефективно да добијат потврди. Еден полициски службеник за...

Од 19 јуни до денеска МВР издало потврди на вкупно 28.297 мигранти

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и за привремена заштита (на 19 јуни) до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во земјава на вкупно 28.297 мигранти, кои илегално влегле на територијата на Македонија, соопштуваат од МВР. Вчера, вакви потврди МВР издало на нови 1.064 странски државјани, од кои...

Сириец повреден во тепачка на железничката станица во Гевгелија

Триесет и осумгодишен мигрант од Сирија бил повреден во тепачка меѓу две групи илегални мигранти што синоќа околу 23.30 часот се случила на железничката станица во Гевгелија, информираат од полицијата. Во тепачката мигрантите употребиле разни предмети. По инцидентот сирискиот државјанин бил пренесен во медицинскиот центар во Гевгелија, каде лекарите констатирале повреда на грбот од остар предмет. Од полицијата велат дека преземаат мерки...

Грчката криза ги испразни казината во Гевгелија

Во казината во Гевгелија бројот на клиенти од Грција опаѓа од 2011 година, па наваму, но тоа е поизразено во овој период. - Грците се перманентно во криза, но од 2011 година наваму нивниот број во казината сè повеќе се намалува. Тоа е поизразено сега поради економската неизвесноста и затворањето на банките. Трендот на опаѓање на посетите продолжува - изјави за „Мета“,...

Две кривични за полицајци кои барале пари од мигранти

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Т.Џ. (41), полициски службеник, поради постоење основи за сомневање  дека ја злоупотребил службена положба и овластување. Прирјава е поднесена и против Д.Н. (37), полициски службеник од Гевгелија, поради постоење сомнеж дека помагал при злоупотреба на службена положба и овластување. Имено, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, врз основа на претходно сознание за можна инволвираност на...

Груевски денеска во посета на гевгелискиот регион

Премиерот Никола Груевски денеска ќе оствари посета на гевгелиско-­демиркапискиот регион. За време на посетата ќе изврши увид во градежните активности на автопатската делница Демир Капија – Смоквица и на изградбата на спортската сала во село Миравци. Тој ќе присуствува на пуштање во употреба на фабрика за текстил „Дока текстил“ во село Миравци и ќе го посети реконструираниот објект на средното општинско училиште...

Експлозија во оранжерии на „Винојуг“

Силна експлозија, по која избувнал пожар, утрово се случила во оранжериите на некогашната фабрика „Винојуг“ од Гевгелија, покрај автопатот. Местото е обезбедено од полиција, а причината за експлозијата засега не е позната.

Амбасадорот Бејли во посета на Гевгелија

На церемонија по повод завршувањето на реновирањето на здравствениот дом во Гевгелија, денеска ќе учествуваат амбасадорот на САД, Џес Бејли, и директорот на здравствениот дом во Гевгелија, Томислав Петков. Европската команда на Армијата на САД го финансираше проектот во вредност од 323.000 долари, при што беа поставени нов покрив и нова фасада, а беше извршено и целосно реновирање на центарот за педијатриска нега,...

Ќе се гради ново казино во Гевгелија

Во Гевгелија, во близина на граничниот премин Богородица, ќе се гради уште едно ново луксузно казино. Градежната парцела е веќе продадена и наскоро ќе почнат градежните активности, информираат од Општината. Во близина на граничниот премин Богородица веќе работат три големи казина, „Аполониа“, „Фламинго“ и „Принцес“, кои обезбедуваат вработување за жителите на општината.

Шеќеринска: Доказите за криминалот на власта им ги должиме на граѓаните

На синоќешната трибина во Гевгелија, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, ги повика граѓаните да се придружат во битката за уривање на оваа власт и порача дека опозицијата тргнува во битка без штедење. Според неа, не е нормално да има казни за фалсификаторите на изборот за песна за „Евровизија“, а да нема казни за фалсификаторите на избори. - Каква е таа држава...

„Принцес груп“ ќе гради хотел кај граничниот премин Богородица

Компанијата „Принцес груп“, која пред четири дена ја купи градежната парцела кај граничниот премин Богородица, вчера уплати 23,2 милиони денари, односно 375.000 евра, за земјиштето, информираат од Општина Гевгелија. На парцелата кај локалитетот Милци, со површина од 16.064 квадратни метри, инвеститорот ќе изгради хотелски комплекс. Објектот ќе се простира на површина од околу 72.000 квадратни метри и ќе се издигне најмоногу до...

Јанакиески ќе го пушти во употреба патниот правец Негорци – Сременин

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе го пушти во употреба патниот правец Негорци – Сременин, Општина Гевгелија. Јанакиески ќе го пушти во употреба и канализацискиот систем во населеното место Мрзенци, во истата општина.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...