fbpx
Таг: Гевгелија

таг: Гевгелија

Мигрантите ја пробиле оградата кај Гевгелија, полицијата со солзавец се обидува да ги врати

Толпа мигранти, заглавени кај Идомени, утрово со импровизиран „овен“ успеале да ја пробијат жичената ограда на јужната граница и да влезат на македонската страна, пренесе „Би-би-си“. Британскиот национален сервис јавува дека на видеоснимки од местото можат да се забележат мигранти како ја туркаат оградата и ја кинат бодливата жица, додека полицијата со солзавец се обидува да ги одврати од намерата...

Времено прекинат протестот на таксистите во Гевгелија

Таксистите и приватните автобуски превозници од општина Гевгелија, го ставија во мирување протестот со кој бараа да бидат вклучени во превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце и од денеска нема да го блокираат граничниот премин „Богородица“, соопштија утрово од здружението на таксистите. – Сакаме да дадеме свој придонес во справувањето на безбедносните сили со бегалската криза и затоа одлучивме...

Кундерс: Македонија нема да биде жртва на бегалската криза

Кралството Холандија ќе ја поддржи Македонија во справувањето со кризата, изјави шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, при посетата на прифатниот транзитен центар во Гевгелија. Кундерс, исто така, рече дека земјите-членки на ЕУ, заедно со Македонија и со другите земји од регионот, треба најдат заедничко решение за бегалската криза и оти границите треба да останат отворени за мигрантите, но со...

Таксистите од Гевгелија ги блокираа границата и градот

Околу 250 автобуски и такси-превозници од Гевгелија напладне почнаа двочасовна блокада на граничниот премин Богородица. Тие бараат да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор. Освен блокадата на сообраќајот во двете насоки на граничниот премин, тие еден час ќе го попречуваат и пристапот до градот. Причина за протестот е што изминативе два дена не се почитува договорот за рамноправен превоз на...

МВР: Немаше судир меѓу полицијата и таксистите во Гевгелија

Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат информациите дека вчера имало судир меѓу полицајците што ја обезбедувале пругата и таксистите кои протестираа во Гевгелија. Од МВР велат дека на еден од таксистите му се слошило, но не поради тоа што врз него била употрбена сила, туку поради тоа што имал хронично заболување. Тој се онесвестил и бил пренесен во болница.  

Тензично во Гевгелија, таксистите ја блокираа пругата

Двајца таксисти се повредени, а состојбата е тензична, откако вечерва таксистите повторно ја блокираа пругата кај Гевгелија, пренесе „Нова ТВ“. Тие се револтирани бидејќи „Македонски железници“, но и институциите го прекршиле договорот и возот повторно сообраќа и превезува бегалци преку ден. Според информациите од терен, еден таксист е повреден од туркањето во метежот, а еден бил тепан од специјалните полициски...

Жичената ограда за јужната граница Македонија ја набавила од Унгарија

Жичената ограда со која се оградени и дополнително се оградуваат делови од македонско-грчката граница, поради мигрантската криза, Македонија ја набавила од Унгарија, објави хрватската државна телевизија ХРТ. Унгарците беа првите кои подигнаа жичена ограда на својата граница за да го спречат протекот на мигранти на нивна територија, а сега, како што јавува ХРТ, бодливата жица им е еден од најголемите...

Македонија ќе се огради со Грција и на преминот Меџитлија

Македонија почна да гради и втора ограда на границата со Грција, по онаа во Гевгелија, во желба за подобра контрола на бранот мигранти, рекол воен извор во Скопје, пренесе балканската мрежа на „Радио Слободна Европа“. - Ќе подигнеме граница во подрачјето на Меџитлија - рекол за АФП македонскиот воен извор, кој сакал да остане анонимен. Според него, тој дел од границата...

Ќе се прави вештачење за одговорноста за смртта на родилката во Гевгелија

Конкретната одговорност за виновниците за смртта на родилката и на нејзиното бебе, кои починаа за време на царски рез во болницата во Гевгелија, ќе се испитува со вештачење, наложи Jавното обвинителство во Велес. За оваа одлука информиран е и сопругот на починатата родилка, Мите Кадиев, кој беше во обвинителството да даде изјава за случајот. Родилката од Гевгелија, 32-годишната Маја, и...

МВР за „Мета“: Французите побараа асистенција, во тек се проверки за бомбашот од Париз

Француските власти - Национално централно биро (НЦБ) Париз до сите земји-членки на Интерпол, меѓу кои и Република Македонија, доставија одредени барања за проверка во базите на податоци што би помогнале во истрагата за откривање на можните сторители, организатори и помагачи на терористичките напади, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како одговор на нашите прашања, оттаму информираат дека во...

Бодликава жица на границата со Грција ако бегалската криза излезе од контрола

Советот за безбедност по синоќешната седница, која траела до доцна во ноќта, изрази најостра осуда за терористичките напади во Париз и длабоко и искрено сочувство до граѓаните на Француската Република. Во врска со заканите од насилниот екстремизам и од странските терористички борци, констатирано е дека институциите редовно преземаат мерки и информираат. Безбедносните служби реферирале за сите предизвици и потенцијални закани со кои...

Нема крај за арсеновата треска на гевгеличани

Водата во Гевгелија содржи 10 пати повеќе арсен од дозволеното, а веќе 37 месеци државната Агенција за храна и ветеринарство има издадено решение за забрана на употреба на водата од бунарите кај Моин, од кои се врши водоснабдување на Гевгелија. Три години од откривањето на арсенот во Гевгелија нема ниту деарсенификатор, ниту нови извори, ниту нови бунари за водоснабдување...

Гевгелиската болница ги отпушти двајцата анестезиолози

Гевгелиската болница донесе решение да ги отпушти двајцата анестезиолози, кои беа дел од тимот што со царски рез ја породуваше родилката која во петокот почина заедно со своето бебе. Анализата на примероците на крв покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на анестезиолозите. „Во врска со немилите случувања кои завршија со смртен исход на родилката и на новороденото, ве...

Лекарска комора: Да се утврдат причините за смртта на мајката и на бебето во Гевгелија

Лекарската комора на Македонија се огласи по повод случајот во кој родилка и бебе починаа на одделението за гинекологија во Општата болница во Гевгелија. Во соопштението до јавноста, велат дека ќе ги преземат сите потребни мерки за да се утврди што се случувало и во рамките на своите надлежности ќе настојуваат да се утврди и дали има лична одговорност за целата трагедија. - Како...

Мајка и бебе починаа во медицинскиот центар во Гевгелија

Ноќеска, околу 23 часот, на гинеколошкото одделение во гевгелиската болница починале мајка и бебе. Родилката имала 32 години и се породувала со царски рез. Породувањето го вршеле двајца гинеколози, анестезиолог и помошен персонал. Веста ја потврди директорот на болницата во Гевгелија, Сретко Јованов. Тој рече дека веднаш била повикана полицијата, која извршила увид заедно со јавен обвинител од Велес. По налог на обвинителот,...

Координативен состанок за мигрантите

Во Гевгелија се одржа состанок на регионалниот штаб на Центарот за управување со кризи, на кој присуствуваа директорката на главниот штаб на Републичкиот центар за управување со кризи, Сузана Салиу, и градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, како и претставници на УНХЦР, на Црвениот крст и на други институции вклучени во справувањето со бегалската криза. По информацијата за состојбата и...

Хан утре ќе оди во кампот за бегалци во Гевгелија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој е во дводневна посета на Македонија, утре ќе го посети кампот за беглаци во Гевгелија. Денеска тој има малку поинаква агенда од најавената, па во 12 часот ќе има средба со премиерот Никола Груевски, во 12.30 часот - со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а половина час подоцна ќе има средби...

Дневно поминуваат по 6.000 мигранти низ Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, повеќе од 4.000 мигранти  со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово, пак, кон северната граница се упатиле уште два воза со околу 1.000 мигранти, информираат од Железничката станица во Гевгелија. Според процените на УНХЦР, повеќе од 6.000 мигранти се префрлиле од јужната кон северната граница затоа што вчера...

Струмичанец нелегално превезувал мигранти

Триесети и двегодишен струмичанец вчера бил приведен во Гевгелија откако бил затекнат од полицијата како со возило нелегално превезува мигранти, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, нивна екипа околу 14 часот извршила контрола на возило, марка „пежо“, кое било паркирано на улицата Борис Кидриќ, пред полициската станица за граничен надзор на преминот Богородица. Возачот С.Д.М. (32) од Струмица, како...

Повеќе од 6.000 мигранти се превезуваат со автобуси поради штрајкот на машиновозачите

Со автобуси и со такси-возила се одвива транспортот на мигрантите од Гевгелија до Табановце поради штрајкот на машиновозачите од „Македонски железници“. Како што информираат од Железничка станица во Гевгелија, вчера од кампот кон Табановце заминале четири специјални возови со околу 2.000 мигранти, а другиот дел од околу 4.000 мигранти биле превезени со автобуси и со такси-возила. Според процените, и во текот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...