fbpx
Таг: Гевгелија

таг: Гевгелија

Гевгелија едногласно рече „не“ за отворање рудници на Кожуф

Во мирен референдум, вчера 99,1 отсто од жителите со право на глас на општина Гевгелија кои гласале ја отфрлија можноста да се отворат нови рудници на злато на планината Кожуф. Во гласачкиот список се наоѓаа 19.459 граѓани со право на глас, а до 19 часот 99,1 отсто од граѓаните гласале. Од нив 13.097 се изјасниле „против“ рудници за злато, а само...

Референдумот во Гевгелија успешен, излезноста околу 58 отсто

Повеќе од 58 проценти од запишаните 19.458 гласачи во Гевгелија излегле на гласање на денешниот референдум, соопштуваат избирачките одбори од вкупно 37 гласачки места. Тоа значи дека е надминат прагот од 50 проценти излезност за да биде референдумот легитимен. - Според излезноста на граѓаните, заклучно со 17 часот, уште сега може да кажеме дека успеа референдумот на кој граѓаните на Гевгелија...

„Цивил“: Во Гевгелија гласањето до 17 часот без поголеми проблеми

Недоволна информираност на граѓаните за референдумското прашање и за процедурите за спроведување на референдумот, помали пропусти во работата на избирачките одбори,  како и проблеми со избирачкиот список, се клучните забелешки на набљудувачите на „Цивил“ – Центар за слобода за текот на референдумот во Гевгелија до 17 часот. Референдумот во Гевгелија, што треба да донесе решение дали Општина Гевгелија ќе дозволи...

Гевгеличани денеска решаваат дали да се отвораат нови рудници

Жителите на Гевгелија денеска на референдум треба да одговорат на прашањето дали се „за“ или „против“ отворање нови рудници на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое...

Гевгеличани утре на референдум ќе одлучуваат за рудниците на Кожуф

Жителите на Гевгелија, утре на референдум ќе одлучуваат дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое ја почна...

Два нови случаи на педофилија во Штип и во Гевгелија

Девојче на 14-годишна возраст во Штип и малолетник помлад од 14 години во Гевгелија станале жртви на двајца педофили, соопшти МВР. Во првиот случај, СВР Штип поднел кривична пријава против шеснаесетгодишник од Штип поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Пријавениот во текот на февруари годинава, во својот дом со употреба на физичка сила извршил полови дејства...

Три жртви во сообраќајка на патот Гевгелија – Богданци

Во сообраќајна несреќа која се случила денеска, околу 14.30 часот, на патот Гевгелија - Богданци, животите ги загубија тројца млади жители на Богданци, а еден е повреден, дознаваме од одделот за односи со јавноста на МВР и од Општа болница - Гевгелија. Се судриле автомобили „ауди-3“, управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци, и „форд фиеста“, управуван од 40-годишниот Љ.П. од...

„ЕУ за тебе“ утре во Гевгелија

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, утре во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ ќе ја посети Гевгелија каде што ќе се сретне со градоначалникот Иван Франгов и ќе присуствува на промоција на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во општина Гевгелија“. Кампањата „ЕУ за тебе" има за цел да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта на ЕУ во...

#Одговорност е вода без арсен во Гевгелија

Гевгеличани со години пијат вода загадена со арсен. Иако невладината организација „Арсена“ постојано укажува дека водата за пиење е загадена, Општина Гевгелија дури во септември годинава објави тендер за изградба на нов водоснабдителен систем во градот. Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, изјави дека новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се гради затоа што градот има потреба од дополнителни количества вода....

Арсен во водата немало, ама во Гевгелија сепак ќе се гради нов водовод

По неколкугодишните обвинувања од невладината организација „Арсена“ дека водата за пиење во Гевгелија е загадена, Општина Гевгелија објави тендер за изградба на нов водоснабдителен систем во градот. Се обидовме телефонски да го добиеме градоначалникот Иван Франгов, за да ни објасни од која прична се градат нови бунари кога, според неговите претходни изјави, сè е во ред со старите, но тој...

Во Гевгелија промовиран „Арсеновиот столб на вистината“

Граѓанската иницијатива „Арсена“ во соработка и „Центарот за современи уметности“ од Скопје, вчера попладне во Гевгелија го промовираше „Арсеновиот столб на вистината“, на кој се претставени резултатите од извршените анализи на примерок вода од гевгелискиот водовод, во кој е детектирано енормно количество од отровниот елемент арсен. Во гевгелискиот водовод во април оваа година детектирани се 21,3 микрограми арсен на еден литар вода,...

АФП: Мигранти илегално ја минале македонско-грчката граница

Неколку десетици мигранти успеале во обидот илегално да ја преминат границата од Грција во Македонија, која е затворена во февруари, известува агенцијата „Франс прес“. Фоторепортер на агенцијата видел група мигранти во Гевгелија кои дошле од Идомени. Тој видел едно лице како излегува од грмушките, а потоа видел уште две или три лица, а по нив уште 50. За да стигнат до...

Кардиналот Паролин ги посети бегалците во Гевгелија

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, во придружба на апостолскиот егзарх во Македонија, бискупот Киро Стојанов, денеска неколку часа престојуваше во Гевгелија. Високодостојникот од Ватикан прво ја посети парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, каде оствари средба и разговор со католичките сестри и присутните верници, а потоа беше во посета и на привремениот транзитен центар за мигранти...

Ременски: Во Табановце има над 1.400 мигранти, повеќе од капацитетот на кампот

Во транзитниот камп во Табановце во моментов се наоѓаат повеќе од 1.400 мигранти, така што се надминати капацитетите на кампот, поради што дел од луѓето се сместени во него, а дел се наоѓаат на граничниот камен, изјави министерката за труд и социјална политика, Фросина Ремески, при денешната посета на прифатниот центар во близина на Куманово. Поради ваквата состојба, рече Ременски, ќе бидат преземени...

Стотици бегалци од Грција навлегле кај гевгелиското село Моин, АРМ и МВР на готовс

Околу 600 до 700 мигранти од илјадниците кои изминативе десетина дена се заглавени во кампот кај Идомени од грчката страна на границата, попладнево успеале нелегално да ја преминат границата со Македонија и да влезат во гевгелиското село Моин, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму додаваат дека групата била задржана од полицијата и во моментов се преземаат...

Тројца мигранти пронајдени удавени во Сува Река кај Гевгелија

Три безживотни тела утрово биле пронајдени во Сува Река, во близина на македонско - грчката граница, а според првичните информации најверојатно станува збор за мигранти, информираат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Според првичните официјални информации, утрово околу 6.45 часот во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека се пронајдени три тела во Сува Река. - Станува збор за тела...

Бесими: За мигрантите мора цврсто да се координираме со земјите од регионот и со ЕУ

Поради мигрантите, Македонија мора да има цврста координација со сите земји од регионот, земјите од балканската рута и со Европската Унија, за успешно да ги имплементира одлуките на ЕУ и тие што се очекува да се донесат утре на самитот во Брисел. Ова денеска го изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, при посетата на мигрантскиот камп...

Зголемен бројот на мигранти во прифатниот центар во Гевгелија

Бројот на мигрантите што преку Грција пристигнуваат во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија денеска се зголеми во однос на изминатите два дена. Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи Гевгелија, изминатото деноноќие се пропуштале помали групи бегалци од Сирија и од Ирак, чијо број моментно изнесува 140. Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, при денешната посета на кампот потврди...

Инцидентот на границата ја врати Македонија во светските медиуми

Вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница, кога илјадници мигранти се обидоа да ја урнат жичената ограда и да влезат во земјава, на што полицијата реагираше со солзавец за да ги одврати од намерата, повторно ја врати Македонија во фокусот на светските медиуми и новински агенции. Поголемиот дел од нив известуваат прилично објективно, но имаше и такви кои сакаа да му дадат поголема доза...

Еден полицаец и девет мигранти повредени во инцидентите на границата – ситуацијата под контрола

По инцидентот во кој бегалците во знак на револт почнаа да фрлаат со камења и урнаа дел од жичената ограда на грчко-македонската граница, илјадници мажи, жени и деца седнати на железничката линија попладнево продолжија со протестот и со барањата македонската полиција да ги пропушти за да го продолжат патот кон Западна Европа. Во инцидентите, за чие смирување полицијата употреби и солзавец,...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...