fbpx
Таг: Гевгелија

таг: Гевгелија

Новата наплатна рампа кај Гевгелија ги разгневи жителите на околните села

Локалното население од гевгелиските села Миравци, Смоквица и Прдејци бараат да бидат ослободени од плаќање патарина на новата наплатна рампа, која треба да се пушти во употреба наредниве денови. Жителите кои секојдневно патуваат по автопатот до Гевгелија и назад сметаат дека патарината во износ од 100 денари во еден правец ќе претставува голем финансиски товар за нив, а во...

Воз од Белград и Ниш за Солун од 14 јуни

„Србија воз“ од 14 јуни повторно го воведува во сообраќај експресниот воз од Белград за Скопје и Солун. Патниците ќе можат секојдневно да патуваат, со поаѓање од белградската железничка станица Топчидер во 18.35 часот и пристигнување во Солун во 9.33 часот. Во обратна насока, возот од Солун за Белград ќе поаѓа во 18.51 часот и ќе пристигнува во Белград...

Гевгелија доби дополнителни 200 литри вода во секунда од новиот водоснабдителен систем

Во Гевгелија, по повод општинскиот празник, денеска беше предаден во употреба новиот водоснабдителен систем, инвестиција во износ од 1,7 милиони евра, преку кој на гевгеличани им се обезбедуваат дополнителни количества квалитетна вода за пиење. Изградбата на системот почна во февруари 2017 година, во време кога и централната и локалната власт беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Тогашниот градоначалник Иван Франгов беше...

Во Битола промоција на фестивалите АКТО и Бош

Во Мезе бар „Јагода“ во Битола, со почеток во 21.30 часот вечерва ќе се одржи забава под наслов „Собиранка“, на која АКТО Фестивалот за современи уметности, Бош Фестивал, ДримON и „Прво па женско“ ќе ги промовираат своите активности, со фокус на претстоечките изданија на Бош и АКТО. „Идејата на оваа забава е да обедини на едно место фестивали кои во...

По инспекцијата во гевгелиската градинка, директорката ќе го решава случајот

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека по извршената инспекција во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, директорката на установата ќе треба да утврди дали има прекршување. Министерството вчера испрати инспекција во градинката по видеото објавено на социјалните мрежи, кое беше пренесено во медиумите, а во кое, наводно воспитувачка, вика и ги навредува децата. Од МТСП велат дека се земени...

Во викендите повторно експресен воз Гевгелија – Солун

Повторно е воспоставен патничкиот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција, но само за викендите. Како што стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи, патничкиот железнички сообраќај со Грција, кој досега беше во прекин, вчера е обвновен, ќе се одвива само во текот на викендите. Во работните денови, од понеделник до петок, експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема...

Девет земјотреси почувствувани на југоистокот, најсилниот со 5,1 степени

Серија од девет земјотреси ноќеска и утрово ги исплашија жителите на југоистокот на Македонија. Земјотресите имаа епицентри на територијата на Грција, но во непосредна близина на Дојран и Гевгелија. Како што известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил вчера во 23.13 часот а последниот во 7.50 часот. Најсилниот, од 5 степени, се случил утрово во 5.24 часот на длабочина од 10...

„Арсена“ предупредува дека гевгеличани уште пијат вода со арсен

Примерок вода од гевгелискиот водовод покажал дека водата што ја пијат гевгеличани сè уште содржи количества арсен опасни по здравјето на луѓето и ја повикува новата локална власт да го реши проблемот со посебни филтри, оти водата од изворите содржи големи количества арсен. Како што посочува граѓанската иницијатива „Арсена“, анализата на примерокот вода од гевгелискиот водовод што го испратиле на...

СДСМ прогласи победа во скопски Центар и во Аеродром, во Велес и во Битола

Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, Аце Коцевски, прогласи победа на локалните избори, а според партиски извори, извесна е победата на СДСМ и во Битола, Берово, скопската општина Бутел, Валандово, Гевгелија, Делчево и во уште неколку помали општини. Победа во првиот круг прогласи и Саша Богдановиќ, кандидатот за градоначалник на СДСМ во скопската општина Центар, кој рече дека ваквиот...

ВМРО-ДПМНЕ реагира за унапредување полицајци во Гевгелија и за автопатот Демир Капија – Смоквица

ВМРО-ДПМНЕ денеска на две прес-конференции го обвини владејачкиот СДСМ дека е во паника и за партиски интереси деградира и унапредува полицајци, како и дека намерно не го пуштил во употреба автопатот Демир Капија - Смоквица, иако бил готов. - СДС ги губи изборите и во Гевгелија. Затоа Спасовски е во паника и носи решенија спротивни на закон за да ги задоволи...

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија: Стратегијата за бегалците е вовед во етнички и верски судири

Зачудува фактот што владата на СДСМ заслепувачки се покорува кон директивите и насоките на меѓународните тела за интеграција на бегалците, истовремено заборавајќи ги социјално ранливите категории на кои им ветуваше живот во изобилие на парламенарните избори 2016 година, порача на прес-конференција Андон Сарамандов, претседател на Општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија Тој ги нападна Нацрт-стратегијата за интеграција на бегалците...

Валандовци не успеаја, богданчани на референдум ќе го затвораат рудникот Казандол

Советниците на Општина Богданци вчера решија на 11 јуни да се организира референдум за или против работењето на рудникот за бакар Казандол. Петмина советници од ВМРО-ДПМНЕ, исто толку од СДСМ и еден од ВМРО-НП едногласно решија да се прифати иницијативата на граѓанското здружение „Спас за Богданци“, кое вчера со почеток 18 часот одржа протест во градскиот парк на кој присуствуваа...

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија се предвесници на демократските и еколошки реформи

„Граѓаните на општината Гевгелија покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа предвесници на овие реформи во земјава. Тие се спротивставија на ниско развиената еколошка свест, на недоволната информираност во врска со екологијата и со еколошките постапки што треба да се преземат и цврсто застанаа против неодговорноста на сите што сакаа да ја загрозат животна средина и здравјето на...

Гевгелија едногласно рече „не“ за отворање рудници на Кожуф

Во мирен референдум, вчера 99,1 отсто од жителите со право на глас на општина Гевгелија кои гласале ја отфрлија можноста да се отворат нови рудници на злато на планината Кожуф. Во гласачкиот список се наоѓаа 19.459 граѓани со право на глас, а до 19 часот 99,1 отсто од граѓаните гласале. Од нив 13.097 се изјасниле „против“ рудници за злато, а само...

Референдумот во Гевгелија успешен, излезноста околу 58 отсто

Повеќе од 58 проценти од запишаните 19.458 гласачи во Гевгелија излегле на гласање на денешниот референдум, соопштуваат избирачките одбори од вкупно 37 гласачки места. Тоа значи дека е надминат прагот од 50 проценти излезност за да биде референдумот легитимен. - Според излезноста на граѓаните, заклучно со 17 часот, уште сега може да кажеме дека успеа референдумот на кој граѓаните на Гевгелија...

„Цивил“: Во Гевгелија гласањето до 17 часот без поголеми проблеми

Недоволна информираност на граѓаните за референдумското прашање и за процедурите за спроведување на референдумот, помали пропусти во работата на избирачките одбори,  како и проблеми со избирачкиот список, се клучните забелешки на набљудувачите на „Цивил“ – Центар за слобода за текот на референдумот во Гевгелија до 17 часот. Референдумот во Гевгелија, што треба да донесе решение дали Општина Гевгелија ќе дозволи...

Гевгеличани денеска решаваат дали да се отвораат нови рудници

Жителите на Гевгелија денеска на референдум треба да одговорат на прашањето дали се „за“ или „против“ отворање нови рудници на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое...

Гевгеличани утре на референдум ќе одлучуваат за рудниците на Кожуф

Жителите на Гевгелија, утре на референдум ќе одлучуваат дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое ја почна...

Два нови случаи на педофилија во Штип и во Гевгелија

Девојче на 14-годишна возраст во Штип и малолетник помлад од 14 години во Гевгелија станале жртви на двајца педофили, соопшти МВР. Во првиот случај, СВР Штип поднел кривична пријава против шеснаесетгодишник од Штип поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Пријавениот во текот на февруари годинава, во својот дом со употреба на физичка сила извршил полови дејства...

Три жртви во сообраќајка на патот Гевгелија – Богданци

Во сообраќајна несреќа која се случила денеска, околу 14.30 часот, на патот Гевгелија - Богданци, животите ги загубија тројца млади жители на Богданци, а еден е повреден, дознаваме од одделот за односи со јавноста на МВР и од Општа болница - Гевгелија. Се судриле автомобили „ауди-3“, управуван од 20-годишниот Б.Џ. од Богданци, и „форд фиеста“, управуван од 40-годишниот Љ.П. од...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје

Темата ментално здравје стана особено актуелна помеѓу младите по Ковид-пандемијата, кога начинот на кој дотогаш се функционираше и учеше се промени, што пак предизвика нарушување на менталната благосостојба речиси...