четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: герила акција | 51 резултати

Движење Беса: Срамот на Теута Арифи не го покриваат ни чадори

јули 20, 2017

Младинскиот форум на Движењето Беса денеска во Тетово изведе герила-акција и постави чадори на дупки на улиците и на дивата депонија на влезот на Тетово. Со тоа го изразија своето негодување за владеењето на градоначалничката Теута Арифи. – Иако знаеме дека пропаднатите и срамни политики на градоначалничката на Општина Тетово, госпоѓа Теута Арифи, не може да […]

Битолски Широк сокак излепен со лажни банкноти на албански јазик

февруари 28, 2017

Битолски Широк сокак утрово беше преплавен со лажни банкноти од 1.000 денари отпечатени на албански јазик, како и со летоци на кои пишува „Казна од 5.000 евра за секој што не знае албански јазик“. Акцијата најверојатно се случила доцна во ноќта, летоците и лажните банкноти се расфрлани насекаде, па вработените од Јавното претрпијатие „Комуналец“ со […]

Герила-акција: Кутии со прва помош на детските игралишта

ноември 8, 2016

Кутии со прва помош се појавија на детските игралишта низ скопските населби, како дел од герила-акцијата со која се покажува дека местата каде играат децата се уништени и небезбедни. Речиси секое трето игралиште во Скопје е оштетено или несигурно, а најмногу ги има во скопските населби Карпош, Центар и Кисела Вода, додека во населбите Аеродром и […]

Герила-акција во Штип: „Внимавајте, Диме Спасов на патот“

ноември 7, 2016

Изминатиот викенд на фреквентните улици од Штип се појавија импривизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“. Знаците се дел од герила-акција, a кој стои зад неа, остана непознато. Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември, […]

Герила-акции во повеќе градови против функционери на ВМРО-ДПМНЕ

октомври 24, 2016

Група граѓански активисти вчера и денеска спроведоа герила-акции низ повеќе градови во Македонија. Акциите беа во Прилеп, Струмица, Велес, Битола, Тетово и во Куманово. Во Битола беше залепена пораката „Поголема провизија за повеќе станови. Ви благодарам битолчани, Владимир Талески“. Велешани револтот од актуелната власт го изразија со зборовите: „Се бориме за уште 10.000 иселени велешани. Поздрав […]

„Слобода наместо страв“: Герила-акција против масовното прислушување

октомври 14, 2016

Со герила-акција за подигнување на јавната свест против масовното прислушување, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ се вклучи во акциите на меѓународното движење „Слобода наместо страв“ (Freedom not fear). Како дел од акцијата, комби со голема сателитска антена, кое ги симболизираше т.н. „странски служби“ и на кое пишуваше „Слобода наместо страв“, ги посети Специјалното јавно […]

Герила-акција на велешките активисти на манифестацијата „Питијада“

октомври 9, 2016

Велешки активисти направиле герила-акција на манифестацијата „Питијада“, така што синоќа на зградата до сцената поставиле огромно платно на кое пишувало „Затвор за фамилијата“, пишува „Нова ТВ“. Транспарентот бил упатен до функционерите на власта, кои синоќа биле присутни на оваа забавна манифестација, на која имало голем број луѓе.

Талески исплашен од герила-акција, не се појави на настан

септември 30, 2016

Група битолчани од движењето „Јужен фронт“ го чекаа битолскиот градоначалник Владимир Талески во селото Логоварди за да му приредат нова герила-акција, но тој не се појави на настанот иако беше најавено неговото присуство и беа повикани новинарите од неговата прес-служба. Млади битолчани со транспаренти се подготвуваа да го изненадат Талески и да му порачаат да […]

„Шарена револуција“ синоќа го обои Кривичниот суд

септември 26, 2016

Во герила-акција на „Шарена револуција“, синоќа беше обоен Кривичниот суд Скопје 1, за кој оваа организација смета дека е извор на најголемите опструкции во работата на СЈО. „Од вкупните барања за притвор од страна на СЈО, Кривичниот суд одобри само едно барање. Од другата страна, за периодот од 2012 до 2014 година, од вкупно 717 барања за […]

Невообичаено, неформално и интересно отворање на 37. издание на „Браќа Манаки“

септември 11, 2016

Невообичаен и импресивен перформанс кој го симболизираше раѓањето и смртта, односно циклусот на животот, а кој еден од актерите го одигра целосно гол, го отвори 37. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Режисер на свеченото отворање беше Мартин Кочовски, кој оваа година реши да нема класични водители, во костими и […]

Герила-акција за Иванов и за Канческа-Милевска на отворањето на „Браќа Манаки“

септември 10, 2016

Активистите на „Битолското движење“ вечерва со герила-акција ги пречекаа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, на црвениот ќилим на отворањето на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Герила-акцијата беше изведена во моментот кога Иванов заедно со министерката чекореше по црвениот ќилим, а активистите на „Битолското движење“ извадија три […]

Герила-акција пред домот на Бејли: „Граѓаните ќе ја решат кризата!“

јули 18, 2016

Претставници на „Шарена револуција“ имаа герила-акција пред резиденцијата на САД во Скопје, каде што се одржуваат преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата!“. Од граѓанскиот сектор, пак, побараа претставниците на граѓаните […]

„Шарената револуција“ со огнен број 1 го заврши одбројувањето

јуни 17, 2016

Активистите на „Шарената револуција“ вечерва пред просториите на Специјалното јавно обвинителство со исцртување на римскиот број еден составен од луѓе и од факли го испишаа последниот број од крајниот рок кој го дадоа за исполнување на нивните барања. Граѓаните наредени во три реда синхронизирано ги запалија факлите и запеаја „Шутка не ти бега Никола“. Како што […]

„Шарената револуција“ најави нова герила-акција за вечерва

јуни 17, 2016

Активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски, денеска преку својот личен профил на „Фејсбук“ ги повика граѓаните денеска во 21 часот да се соберат пред Специјалното јавно обвинителство за да ја спроведат денешната герила-акција. „Ги повикуваме сите соборци и соборки денеска, во 21 часот, пред СЈО. Денеска е 1. Уште еден ден до 18 јуни, до денот […]

Остануваат уште пет дена, порача „Шарената револуција“ со герила-акција пред Уставен суд

јуни 13, 2016

„Шарената револуција“ денеска со нова герила-акција потсети дека остануваат уште пет дена до исполнување на нивните две клучни барања. Тие пред Уставниот суд ја нацртаа бројката пет и напишаа „СЈО е уставно“. Едно од нивните барања е Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство. Второто […]

„Шарената револуција“ одбројува: Остануваат уште шест дена!

јуни 12, 2016

Поддржувачите на „Шарената револуција“ вечерва на мостот Око, пред Основното јавно обвинителство, направија нова герила-акција со која потсетија дека преостануваат уште шест дена до 18 јуни, крајниот рок што го дадоа за да се исполнат нивните две клучни барања. „Денеска одбројуваме од мостот Око и упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата […]

Герила-акција на „Шарена револуција“: Уште седум дена до исполнување на нашите барања

јуни 11, 2016

„Шарената револуција“ организираше герила-акција во Градски парк на „Скопје стрит фестивал“. Држејќи големи седумки, тие на власта ѝ порачаа дека има уште седум дена да ги исполни нивните две клучни барања, да запре прогонот на демонстрантите и Уставниот суд да се изјасни за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство. „Последниве денови слушнавме еден куп ветувања […]

„Шарената револуција“ потсети уште колку денови има за да им се исполнат барањата

јуни 9, 2016

Активистите на „Шарената револуција“ направија герила-акција преку која потсетија уште колку денови остануваат за исполнување на нивните барања. На крстосницата кај Специјалното јавно обвинителство, од каде што традиционално ги почнуваа нивните протести, активистите го нацртаа бројот 9, потсетувајќи дека уште толку денови има до 18 јуни. Тоа е датумот до кој тие бараат да им […]

Нова герила-акција во Битола, бело знаме за капитулација на Талески

јуни 7, 2016

Нова герила-акција на „Битолско двжиење“ и денеска го изненади битолскиот градоначалник Владимир Талески. Во градската библиотека, додека Талески присуствуваше на промоција на книга на режисерот Љубиша Георгиевски, герилците со скандирање „Оставка“ влегоа во салата и побараа оставка од градоначалникот. Потоа му фрлија бело знаме во знак на капитулација и маица на која пишуваше СЈО. Режисерот […]

Визуелна хронологија: Еден месец протести против аболицијата

мај 12, 2016

Точно еден месец помина (12 април) откако претседателот на државата, Ѓорге Иванов, прогласи широка аболиција и помилува 56 лица – политичари и нивни соработници кои се споменуваат во прислушуваните разговори. Таа одлука, донесена пет дена по распуштањето на Собранието, предизвика бура протести низ целата земја и на сите нивоа. Секој ден се бараше и се […]

Страна 2 од 3