fbpx
Таг: ГЕРБ

таг: ГЕРБ

ГЕРБ го врати мандатот, бугарскиот претседател ќе прави нов круг консултации пред да го даде третиот мандат

Како што и беше најавено, денеска откако претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи вториот по ред мандат за составување нова влада, тој експресно му беше вратен. ГЕРБ, втората парламентарна сила, како што повеќепати претходно најави, го врати мандатот, јави mediapool.bg. Претседателката на парламентарната група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, го врати вториот мандат за формирање влада, откако во саботата првиот...

„Продолжуваме со промената“ го врати мандатот, нема да преговара со ИТН на Трифонов ако таа партија добие мандат

Партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на сегашниот премиер на Бугарија во оставка Кирил Петков, вчера го врати мандатот за формирање нова влада, бидејќи не успеа да собере парламентарно мнозинство што би го изгласало предложениот коалициски владин кабинет, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Асен Василев, кој беше номиниран за премиер и го доби мандатот од претседателот на Бугарија, Румен Радев, вчера...

Партијата на Кирил Петков попладнево ќе го врати мандатот – не успеа да собере мнозинство

Премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков, очекува мандатот за составување влада да биде вратен, оти неговата партија „Продолжуваме со промената“ (ПП) не успеала да обезбеди поддршка од 121 пратеник за нова влада, јави mediapool.bg. Петков изјавата ја даде од Грција, каде учествува на церемонијата за завршувањето на изградбата на Меѓусистемската гасоводна врска Грција - Бугарија. „Бугарија не е пред гасна...

Анкета во Бугарија: Партиите на Борисов и Петков изедначени, „Има таков народ“ не би влегла во парламентот

Најновата анкета на „Алфа рисрч“ покажува дека партијата „ГЕРБ“ на Бојко Борисов и „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков имаат минимална разлика во популарноста доколку во Бугарија се одржат предвремени парламентарни избори, пренесува bTV Novinite. За „ГЕРБ“ на Борисов би гласале 21,5 отсто од граѓаните кои учествувале на анкетното истражување, додека „Продолжуваме со промените“ на Петков на изборите би ја...

Петков од Брисел отфрли можност за кревање на ветото во овие два дена, ќе го чека парламентот

Пред почетокот на средбата ЕУ-Западен Балкан во Брисел, по која почна дводневниот состанок на Европскиот Совет, бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) рече дека ќе си го одржи зборот за кревање на ветото за Северна Македонија - но откако бугарскиот парламент ќе го каже својот став. Петков ја отфрли хипотетската можност ветото да биде кренато...

Претседателот на бугарскиот парламент разрешен, новото мнозинство сака да ја турне и владата

Никола Минчев повеќе не е претседател на Народното собрание, односно парламентот на Бугарија откако денеска пратениците изгласаа негово разрешување. Од вкупно 239 пратеници, 125 гласаа „за“, 113 беа против негово разрешување, а еден пратеник од „Продолжуваме со промената“, партиската алијанса на премиерот Кирил Петков, беше воздржан. Во дискусиите бугарскиот премиер беше обвинуван за национално предавство во врска со Северна...

Медиапул: Три се варијантите за излез од политичката криза во Бугарија

Откако вчера, не сосема неочекувано, шоуменот и релативно тазе политичар Слави Трифонов објави дека министрите во четири-партитната влада на Бугарија од неговата партија „Има таков народ“ (ИТН) ќе станат од нивните фотелји поради острата спротивставеност на владините партнери во врска со политиката кон Северна Македонија и за трошењето на државните пари, бугарскиот новински сајт mediapool.bg предвидува три можни решенија...

Анкети во Бугарија: ГЕРБ на Борисов води пред „Продолжуваме со промената“ на Петков

Според две анкети спроведени во Бугарија, чии резултати се објавени вчера и денеска, главната партија во актуелната владејчка коалиција, односно „Продолжуваме со промената“ го загуби приматот во довербата на гласачите пред ГЕРБ на Бојко Борисов, која долго владееше со Бугарија. Исто така, повеќе од половината Бугари не сметаат дека актуелната владејчка коалиција ќе го заврши докрај владиниот мандат. Според анкетата...

Борисов бил уапсен за изнуда врз контроверзниот бизнисмен Васил Бошков, тврди неговиот адвокат

Поранешниот бугарски премиер и претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, кој речиси една деценија владееше со Бугарија, e уапсен по примена пријава за изнуда врз контроверзниот бугарски бизнисмен поврзан со казина, Васил Бошков. Според Менко Менков, адвокатот на Борисов, кој зборуваше по средба со претставници на истрагата, јави бугарски „Медиапул“. Според Менков, истрагата почната вчера нема поврзаност со европското јавно обвинителство,...

Бугарскиот претседател Радев в четврток ќе го распушти парламентот и ќе назначи нова техничка влада

Кабинетот на Претседателот на Бугарија денеска соопшти дека претседателот Румен Радев в четврток, 16 септември, ќе го распушти парламентот и истиот ден ќе назначи нова техничка влада на Бугарија. Како што пишува бугарскиот медиум „Медиапул“, ова е третиот службен владин кабинет назначен од Радев. Првото назначување службена влада Радев ја направи веднаш по стапувањето на должност во јануари 2017 година, откако...

ГЕРБ го врати мандатот за влада, Бугарија оди кон третите избори во половина година

Поранешната владејачка бугарска политичка партија ГЕРБ денеска не се нафати да формира нова влада на многу необичен начин. Тие прво во партиското седиште, само за своите избирачи, ги презентираа имињата на предвидените министри кои би влегле во новата коалициска влада со Сојуз на демократските сили (СДС), а половина час подоцна, претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи мандатот на...

Мртва трка меѓу партиите на Борисов и Трифунов на изборите во Бугарија, неизвесно кој ќе формира влада

Предвремените парламентарни избори што се одржаа во Бугарија вчера донесоа нова политичка неизвесност околу тоа кој ќе ја формира идната влада. Од затворањето на избирачките места вчера вечер, до денес наутро се води тесна битка за првото место според бројот на освоени гласови меѓу партијата ГЕРБ на Бојко Борисов и Има таков народ на Слави Трифонов. На обработени 95,22...

Бугарија во недела оди на најнеизвесните избори досега

Вторите по ред предвремени парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 11 јули носат нови неизвесности. Последните анкети спроведени во јуни и на почетокот од јули покажуват тесна трка во изборните резултати меѓу партијата Има таков народ на Слави Трифонов и ГЕРБ на Бојко Борисов. Анкетата на агенцијата „Алфа Рисрч“ спроведена меѓу 4 и 7 јули покажува дека...

Сегашниот технички премиер Јанев и уште 31 политичар во Бугарија биле прислушувани

Скандалот со прислушувањето на опозициски политичари во текот на предизборната кампања во Бугарија постојано ескалира - денеска Бојко Рашков, министерот за внатрешни работи во техничката влада за телевизијата „Нова“ изјави дека меѓу прислушуваните бил и техничкиот премиер Стефан Јанев, јави „Медиапул“. Вчеравечер Рашков ги потврди сомнежите за следење, и објасни дека специјалните разузнавачки средства - СРС (пандан на Посебните истражни...

Пропадна и последниот јалов обид на ГЕРБ на Борисов да формира нова влада на Бугарија

Парламентарната група (ПГ) на ГЕРБ, партијата на досегашниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, и на Сојузот на демократските сили (СДС) денеска испратила покана за средба во бугарскиот парламент со ПГ на „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, но од таму поканата експресно била одбиена, јави бугарската новинска агенција „Фокус“. Тоа беше последниот обид да ГЕРБ и СДС да формираат...

Радев му го врачи мандатот на Даниел Митов од ГЕРБ за формирање нова бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска влада на кандидатот за премиер Даниел Митов од коалицијата ГЕРБ/СДС, која што освои најмногу пратеници на неодамнешните парламентарни избори во Бугарија. „Очекувам во рок од седум дена, според Уставот на Република Бугарија, да предложите состав на Министерскиот совет којшто ќе одговори на очекувањата на општеството за...

Претседателот Радев ја свика конститутивната седница на новиот бугарски парламент за задутре

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска ја свика за 15 април во 9 часот Конститутивната седница на новиот бугарски парламент. Радев го повлече потегот откако во последниот број на „Државен весник“ на Бугарија беа објавени мандатите, односно имињата на новите пратеници. Што се однесува до формирање владина коалиција, во Бугарија работите уште се многу неизвесни. Двете политички сили со најмногу...

По ДПС, и бугарските социјалисти велат би поддржале влада што ќе ја предложи Слави Трифунов

По Движењето за правда и слободи (ДПС), и Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска излезе со став дека би го поддржала формирањето на владата предложена од Слави Трифунов и неговата партија „Има таков народ“. Претседателката на БСП, Корнелија Нинова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) рече дека ако партијата на Трифунов предложи кабинет и ако му е неопходна поддршка,...

ГЕРБ води на изборите во Бугарија, ВМРО во неизвесност, Борисов предложи експертска влада

Според најновите резултати од пребројувањето на гласовите објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, објавени во 9:30 часот по бугарско време (8:30 по македонско), води партијата на досегашниот премиер Бојко Борисов, ГЕРБ, која има 24,88 отсто од гласовите, според обработени 54,63 отсто гласачки ливчиња. ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, пак, сè уште не знае дали ќе влезе во парламентот....

ИФИМЕС: Бугарскиот „десант“ на Северна Македонија ги врати политички „отпишаните“ Борисов и Каракачанов

Пред парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 4 април, соочена со сериозните закани од новите политички партии во земјата коишто се остри противници на власта, владејачката бугарска партија ГЕРБ се обидува да ја зачува постоечката коалиција со ВМРО-БНД и поддршката од ДПС, поради што интензивно помага на националистичката реторика на ВМРО-БНД и нејзиниот контроверзен претседател Красимир...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...