fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

Нова епизода на „Шорткат“: Аутизмот ќе се обиде да ви одземе сè, од вас зависи колку ќе му дозволите!

Во новото издание на „Шорткат“ информираме за книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ на Аниса Ејуп Беќировиќ, мајка на 15-годишното момче со нискофунцкионален аутизам Адам. Во книгата што ја подготвува, Аниса го опишува животот на нејзиното дете низ серија раскази. За тоа какви им се секојдевијата, каков е  германскиот образовен ситем од кој Адам е...

Студентската дружба и ковидот: Ми недостасува макијатото од „Рандеву“ и тремата пред полагање испити

Kaко изгледа студентскиот живот во време на пандемија? Што е она што најмногу им недостасува на студентите, имајќи предвид дека наставата сè уште во добар дел се изведува на далечина? Дали „живнаа“ студентските домови, со оглед на тоа дека од оваа академска година во нив има станари? На овие прашања, Мета.мк побара одговори од Ева и Мимоза, студентки на...

Нетфликс објави екранизација на стрип од италијанскиот панкер Зерокалкере

Неодамна Нетфликс почна со емитување на долгоочекуваната серија „Искини по цртичките“ (анг. „Tear along the dotted line“) на италијанскиот стрип-автор Зерокалкере. Зерокалкере е псевдоним на италијанскиот уметник Микеле Рек (Michele Rech), кој е сценарист, режисер и го позајмува гласот за истоимениот главен лик. Гледачите на Нетфликс можат да ја гледаат оваа „темна комедија“ на оригиналниот италијански јазик или да изберат аудио...

Средношколци на „Trash Fashion“ изработија еколошки креации инспирирани од фолклорот

Вчера по 10-ти пат се одржа „Trash Fashion“ во Кинотеката на Северна Македонија. Тема за изработка на моделите за овој натпревар годинава беше: „Модерна традиција – реконструкција на народни носии или традиционални облеки од Република Северна Македонија“. Во таа насока, средношколците од земјава дизајнираа и изработија модни креации, така што ќе научат за вредноста на предметите кои најчесто се сметаат...

Младите на Social Day собраа фонд од 95.000 денари, следи реализација на три проекти

Средношколците и студентите од прва година на факултетите на првиот Social Day што се одржа во Македонија успеаја да соберат 95.000 денари во младинскиот фонд, којшто ќе биде искористен за реализација на три младински проекти во следните три месеци. На Social Day, којшто се одржа на 10 ноември годинава, 80 млади работеа на работни позиции во 30 различни компании...

Сојузот на извидници ја избра Маја Јанковска за извидник на годината

Маја Јанковска поради ангажманот во својот матичен Извиднички одред Браќа Миладиновци е избрана за извидник на годината за 2021 година, соопштија од Сојузот на извидници на Македонија. Номинираната Маја Јанковска – ЧАЈЧЕ е активна, посветена и општествено одговорна личност, извидник во ИО Браќа Миладиновци повеќе од 15 години. Таа започнала како редовен развигорец, извидник која нема пропуштено акција и републички...

Речиси 60 отсто од младите не знаат дека имаат право на младински додаток

Само 10 отсто од младите во земјава се добро запознаени со Законот за младински додаток, додека пак 33 отсто од нив имаат слушнато за овој закон. Речиси 60 отсто од младите не знаат дека имаат право на младински додаток, беше истакнато на конференцијата „Право на младински додаток - Информирај се за твоите работнички права“ што се одржа денеска во...

Младите зазедоа централно место на настанот за одбележување на Светскиот ден на детето

Денеска, на Светскиот ден на детето - 20 Ноември, под покровителствo на претседателот Стево Пендаровски, УНИЦЕФ организираше средба на која носителите на одлуки им се придружија на децата и младите за да го слушнат нивниот Повик за акција и да разговараат за следните чекори што треба да се преземат за да се преосмисли подобра иднина за секое дете, информираат...

Психолозите потврдуваат: Ковид пандемијата донесе различни психички проблеми кај учениците

Пандемијата на ковид-19 сериозно се одрази на менталното здравје на младите. Иако на почетокот изгледаше безопасен преодот на учење од дома, сепак долгото време на несоцијализација, си го зема данокот. Два и пол месеци по почетокот на учебната година со физичко присуство, Мета.мк поразговара со училишни психолози на оваа тема. Тие велат дека враќањето назад во училиште довело до...

Со песна за климатска акција, „Дајте музика“ ќе нè претставува на Детска Евровизија

Македонски претставници на годинешниот избор за песна на Детска Евровизија ќе бидат децата од емисијата „Дајте музика“ што се емитува на Македонската радио телевизија (МРТ). Тие на настанот кој ќе се одржи во Париз ќе ја претстават земјава со песната „Green Forces“ (Зелени сили), во која упатуваат силна порака за планетата Земја и повикуваат на климатска акција од страна на...

Малите хидроцентрали главна тема во новото издание на „Шорткат“

Во фокус на 12. епизода од емисијата за млади „Шорткат“ се малите хидроцентрали. Еколошките организации се обединија во ставот дека од нивната изградба нема ниту економски, ниту еколошки бенефит, а влијанието што го имаат врз животната средина и биодиверзитетот е погубно. Според нив, Законот за води треба да е рамка која мора да спречи експлоатација на водните ресурси исклучиво...

Иницијатива на УНИЦЕФ и ЕУ за учество на младите во реформа на системот за правда за децата

УНИЦЕФ, Делегацијата на Европската унија и други партнери промовираа две нови иницијативи за поттикнување на учество на децата во изработка на решенија за пристап до правда за децата и надоградба на капацитетите на стручните лица што работат со деца во ризик. На почетната работилница за правата на децата што се одржа изминатиов викенд, 60 деца и младинци се придружија на...

Македонски средношколци на пракса во Шпанија: Покажавме знаење

Седум ученици од средните училишта АСУЦ „Боро Петрушевски“ и СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје реализираа едномесечна пракса во компании во Севилја, Шпанија, од каде се вратија со поголемо професионално и практично искуство. Посетата се реализираше во рамки на три годишен проект INTERVET Западен Балкан, кој ќе овозможи над 360 ученици од стручните средни училишта од земјите од Западен Балкан...

„Дали е корисна училишната униформа?“ – дебата меѓу средношколци и студенти организирана од МОФ

Во просториите на невладината организација Центар за балканска коорперација ЛОЈА, вчера во Тетово се одржа дебата меѓу студенти и средношколци на тема „Личен стил или еднаквост: Дали е корисна училишната униформа?“, организирана од страна на Младински образовен форум (МОФ). Дебатата беше спроведена од учесници кои се дел од два од едукативните клубови или програми на МОФ: Дебатен клуб и клубот...

Како изгледаат изгорените шуми неколку месеци подоцна – погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Шумските пожари, бесправната сеча на дрвјата и природните непогоди се најголемите причинители за уништување на шумското богатство во нашата земја. Поради сушното време, високите температури и силниот ветер, изминатово лето беа опустошени илјадници хектари шума засадени со дрвја. Во најновата епизода на емисијата Shortcut со снимки од теренот покажуваме како изгледаат македонските шуми неколку месеци по пожарите, разговараме со експерти...

5 ноември – Ден посветен на младите на Конференцијата за климатски промени (КОП 26)

Денешниот ден (5 ноември) е посветен на младите во рамки на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), кој се одвива во Глазгов, Обединетото Кралство. Мила Јовановска, претседателка на Здружението Гоу Грин, вели дека младите се директно засегнати од климатската криза. Тие најмалку придонеле, но сепак директно ќе ги чувствуваат најлошите последици во наредните години. Затоа е многу важно...

Застрашувачката состојба на депонијата „Русино“ во фокус на десеттото издание на емисијата „Шорткат“

Многу новости и информации и во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“. Централна тема на десеттата епизода е состојбата во која се наоѓа депонијата „Русино“ кај Гостивар. Во емисијата ги пренесуваме сликите од цивилизацискиот шок што нашите новинари го доживеаја таму, а кој е секојдневие за граѓаните на Гостивар. Дали климатскиот самит КОП 26 е последната надеж за спас...

Започна програмата за кариерно советување на проектот „МладиХаб“

Вчера започнаа групните сесии со првата група на учесници кои се дел од програмата за кариерно советување во рамки на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите“. Како што информираат спроведувачите на проектот, програмата е наменета за млади лица со завршено средно образование и има за цел да им помогне да станат поконкурентни...

Младата Миа Еминова Блажевска постави пет нови национални рекорди во пливање

Одлични резултати на нашата Олимпијка, Миа Еминова Блажевска на Меѓународниот пливачки натпревар "Гран при Зрењанин Куп", кој се одржа по 29-ти пат. Младата пливачка успеа да постави пет нови рекорди на Македонија, но и ја исполни Б-нормата за претстојното Светско првенство во пливање кое се одржува во Абу Даби, информираат од Пливачкиот и ватерполо клуб „Орион“ од Скопје. Во српскиот...

Стотици студенти известени дека им е укинат студентскиот оброк, од МОН смируваат дека ќе нема оштетени

Нови незгоди околу исплатата на субвенционираниот студентски оброк. Најмалку 500 студенти на социјалните мрежи реагираа дека добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН) во кое пишува дека од денес им се укинува правото на студентски оброк, мерка која претходниот месец им беше одобрена. Информацијата за укинувањето на оброкот студентите ја добиле на своите електронски адреси, каде МОН ги...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...