fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

„Темната страна на дигиталната технологија“ не е толку мрачна, велат професионалците

На 09.11.2019 г. во Скопје претставникот на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА Петар Котевски одржа работилница насловена како „Темната страна на дигиталната технологија“. Пред публика составена и од млади и од повозрасни луѓе собрана во Младинскиот културен центар - МКЦ, тој се осврна на дел од предрасудите поврзани со ризиците поврзани со користењето на интернет и компјутерските...

Патувачка работилница за видео-игри за основци

Патувачка работилница за деца за изработка на видео-игри од утре тргнува во неколку градови во државата (Свети Николе, Крива Паланка, Чашка, Радовиш).  Работилницата е наменета за деца од трето до деветто одделение. Идејата е децата да се запознааат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин. Првата работилница ќе се одржи утре на пладне...

Гласачката екипа на Мишел Обама (видео)

Речиси една година пред наредните претседателски избори во САД, поранешната прва дама Мишел Обама објави ново видео на Инстаграм во кое заедно со група познати личности го повикуваат американскиот народ да се регистрира за да гласа. Во видеото вели дека минатата година имало милиони нови гласачи кои гласале за прв пат, а сега е дури уште поважно да гласаат...

Фестивалот „Синедејс“ преку meme кампања им се приближува на младите

Фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој се одржува во Скопје од 7 до 15 ноември ја заснова својата промотивната кампања на користење на мемиња од интернет кои се блиски до младата публика. Како дел од кампањата се направени постери и билборди кои ги користат широко познатите шаблони за „мимови“ или „мемиња“. (Не постои официјално усвоен македонски термин за англискиот збор...

Утре хуманитарен настан на Школка за децата од ПОУ “Иднина“

GirlUp Скопје ќе одржи хуманитарен настан на 9 ноември (сабота) од 11 до 16 часот на школка. GirlUp е организција која се грижи за еднакви права и едукација на сите девојчиња. Овој пат велат дека одлучиле отстапат од нивната примарна цел со тоа што повикуваат заедно да помогнеме на децата со посебни потреби од училиштето „Иднина“. Целта е да се...

Јутjуберка се омажи за Бред Пит од картон (видео)

Јутjуб личноста Триша Пејтас (Trisha Paytas) позната по нејзините контроверзни видеа, кон крајот на предходниот месец на јутjуб објави видео во кое најавува дека е свршена и наскоро ќе прави свадба. Голем дел од нејзината публика, познавајќи ја Триша веднаш претпоставуваше дека се работи за некој нејзин нов трик. Најчестите претпоставки беа дека веројатно ќе се “омажи“ со самата...

Работилница за најчестите форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија

Злоупотребата на дигиталните уреди, како компјутери, мобилни телефони, конзоли за видеоигри и преносни уреди, ќе биде тема на дискусијата што в сабота во 12 часот ќе се одржи пред проекцијата на филмот „Хакер“ во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на 18. фестивал за европски филм „Синедејс“. Бројот на учесници е ограничен па затоа доколку сакате да бидете дел...

Твитер забрани објавување политички реклами, Фејсбук уште цврсто одбива

Твитер објави дека става забрана за платени политички реклами. Во својата објава директорот на Твитер вели дека ја ставаат оваа забрана бидејќи достигнувањето на поголема публика кога станува збор за политичките пораки, треба да биде заслужено, а не купено. Оваа забрана нема да важи само за реклами кои ги охрабруваат граѓаните да се регистрираат да гласаат. We’ve made the decision...

Како се делат фотелји во Македонија (видео)

Секоја 5-та институција во државата постои само заради директорската фотелја. Во нејзиното ново видео, Кика Авеиро го изнесува својот став на ова прашање и вели дека ова е една од причините зошто голем број од младите сакаат да ја напуштат државата. - Единствен критериум дали некој ќе ја добие работната позиција, треба да биде дали таа личност е најкомпетентна за...

Модниот викенд Скопје со интересна кампања на социјалните медиуми

Модниот викенд Скопје најавува познати имиња, нови таленти и странски гости за десетгодишнината од почетокот, а тимот на модниот викенд оваа сезона настапува со многу интересна промотивна кампања на социјалните медиуми. Дел од кампањата се видео сториите на лица од модниот свет кои одговараат на интересни прашања како што се „Омилена модна декада“ и „Парче облека кое има почесно место...

Error 1200: Најголемиот проблем на “градоначалникот“ во Тетово (видео)

Че Тим ТВ со поддршка на „Порталб.мк“ продолжува да го третира проблемот со немањето јавен превоз во Тетово. Засега, ова веројатно е најголемиот проблем на нашиот “градоначалник“. Иако градот Тетово со околината има над 100.000 жители, јавниот превоз и понатаму останува едно од неисполнетите ветувања за оваа општина. Градоначалничката Теута Арифи во два последователни мандати вети дека ќе се реши...

Чивнинг стипендистите организираат регионална конференција за животна средина

Утре, 26 октомври, во хотел „Мериот“ во Скопје, Асоцијацијата на чивнинг стипендисти во Македонија (МЦАА) ќе организира конференција посветена на животната средина на Западен Балкан. Оттаму посочуваат дека предизвикот со деградација на животната средина е едно од клучните прашања на нашето време и човештвото во целина и врвен приоритет за многу влади низ светот. Сепак, постои специфичен недостаток на свест...

DarkoVlogs ја откри вистината зад инстаграм-измамата за хуманитарни цели

Пред неколку дена на Инстаграм се појави профил со име @so.srce.za.simona кој вели дека е наменет да помогне во собирањето на средства за малата Симона од Штип на која и е диагностицирана леукемија и потребни се парични средства за да се лекува во странство. Во објаснувањето на профилот имаше напишано “Колку повеќе следбеници ќе добие профилот толку поскап ќе...

Инстаграм воведува предупредување за лажни вести

Апликацијата ќе започне да додава предупредувањето “неточна информација“ кое ќе ги покрива објавите за кои тимот проверувачи на вести на Фејсбук констатирал дека се лажни. Предупредувањата ќе се однесуваат на постови на главната Инстаграм страница и на Инстаграм сторис. Корисниците сепак ќе можат да го видат постот со тоа што одкако ќе прочитаат дека се работи за невистинита вест,...

Фотограф го тужи Џастин Бибер за „украдена“ фотка

Фотограф го тужи Џастин Бибер бидејќи објавил негова папараци фотка на својот Инстаграм профил, без да го посочи фотографот кој ја направил фотографијата. Фотографот Роберт Барбера вели дека Џастин е виновен за прекршување на неговите авторски права со тоа што објавил негова фотографија без согласност од авторот на фотографијата. https://www.instagram.com/p/Bu82LNeHeA0/?utm_source=ig_embed Оваа тужба не е прва од ваков карактер. Во ваква ситуација...

Џенифер Анистон го скрши Инстаграм

Џенифер Анистон конечно реши да отвори Инстаграм профил и го урна рекордот во Гинисовата книга на рекорди за Инстаграм профил кој најбрзо стигнал до милион следачи. Џен стигна до милион следачи за 5 часа и 15 минути што е за половина час побрзо од предходниот рекорд на профилот на Принцот Хари и Меган Маркл. Првата фотографија на профилот на Џенифер е...

Со изнајмен точак околу светот (видео)

По најавата дека од пролет во Скопје ќе има систем за изнајмување точаци, Кика Авеиро во нејзиното ново видео од прва рака ни ги покажува нејзините прошетки низ Вашингтон и Сан Франциско на изнајмен точак. Во видеото таа раскажува зошто преферира да вози точак, кои се бенефитите и охрабрува што е можно повеќе луѓе да ја заменат колата со...

По притисокот на јавноста „Близард“ одлучи да му ја врати наградата на Hearthstone шампионот кој во официјален стрим ги поддржа протестите во Хонг Конг

Гејминг гигантот „Близард“ се соочува со критики на меѓународна сцена откако го суспендираше на 12 месеци професионалниот играч на Hearthstone, Нг Ваи Чунг со прекар “blitzchung” поради тоа што тој изрази поддршка за ослободителното движење на Хонг Конг. Сега хаштагот #BoycotBlizzard е трендинг на Твитер, додека безброј членови на заедницата, професионалци во оваа индустрија, но и членови на законодавниот...

„Challenger“: Апликација на група млади за почист воздух и награди за „зелени километри“

Група млади креираат прва македонска мобилна апликација наречена „Челенџер“ (Challenger) која ќе ви постави предизвик да пешачите и возите велосипед и да бидете наградени, а со тоа да не користите автомобил и да придонесете за намалување на загадувањето. „Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, ние одлучивме да бидеме дел од тоа решение - а не...

Принцот Хари и Ед Ширан за Светскиот ден на менталното здравје (видео)

Принцот Хари и Ед Ширан се здружија во видео за денот на Менталното здравје. Целта на видеото е да се подигне свесноста за менталното здравје, а исто така и се шегуваат на своја сметка дека и двајцата се црвенокоси. Погледнете го видеото: https://www.youtube.com/watch?v=9krBK5Zp1yI

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...