петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: генерален секретар | 66 резултати

Кристалина Георгиева: Потребни се реформи во Обединетите нации

октомври 4, 2016

Еврокомесарот Кристалина Георгиева, која е кандидат на Бугарија за генерален секретар на Обединетите нации, се обрати на Генералното собрание на организацијата. Таа истакна дека додека работела во Светска банка и во Европската комисија, имала можност да направи длабоки промени и реформи во различни сектори. – ООН мора да биде ефикасна и иновативна организација и мора […]

Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за крстот во Бутел

септември 28, 2016

Уставниот суд на Република Македонија денеска се прогласи за ненадлежен и  ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување крст во општина Бутел. Одлуката за давање согласност за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Бутел е донесена во февруари годинава од Советот на Општината. Иницијативата беше поднесена од […]

Бугарија и официјално го смени кандидатот за генерален секретар на ОН

септември 28, 2016

Кристалина Георгиева е новиот кандидат на Бугарија за генерален секретар на Обединетите нации, објави премиерот Бојко Борисов на денешната седница на владата. Таа ја замени Ирина Бокова, која досега беше бугарски кандидат за оваа функција. Министерот за надворешни работи, Даниел Митов, рече дека гласањето во ОН покажало јасно што е тренд и, за жал, досегашната […]

Бугарија ја услови поддршката на Бокова за генерален секретар на ОН

септември 14, 2016

Бугарската влада ќе продолжи да ја поддржува кандидатурата на Ирина Бокова за генерален секретар на Обединетите нации, но под услов таа да биде меѓу првите двајца кандидати на следните гласања. Ова вчера го истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по повод пишувањата во медиумите дека Софија е можно да ја повлече кандидатурата на Бокова поради слабиот […]

Бугарија ќе го смени својот кандидат за генерален секретар на ОН

септември 10, 2016

Бугарската влада најверојатно ќе ја поддржи номинацијата на Кристалина Георгиева, актуелна еврокомесарка за буџет и за човечки ресурси, за генерален секретар на Обединетите нации, на местото на актуелната кандидатка, Ирина Бокова, велат владини извори во Софија. Ова, според најавите, најверојатно ќе се случи во вторник следната недела, за кога е закажан вонреден министерски состанок, а […]

Керим на петтото место во трката за генерален секретар на ОН

август 30, 2016

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, синоќа заврши на петтото место по тајното гласање во Советот за безбедност на ОН. Керим добил шест охрабрувачки гласа, седуммина од членовите на Советот за безбедност не ја охрабруваат неговата кандидатура, а двајца биле воздржани. По третиот круг на гласање, Антонио Гутереш и понатаму е главен фаворит, […]

Трет круг гласање за генерален секретар на ОН

август 29, 2016

На седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, денеска ќе се одржи третиот круг од гласањето за нов генерален секретар на светската организација. По гласањето би требало да биде познато кој е фаворит за функцијата, кој, конечно, ќе ја напушти трката, но и како ќе се пласира македонскиот кандидат Срѓан Керим. Се очекува четворица […]

Игор Лукшиќ ја повлече кандидатурата за генерален секретар на ОН

август 23, 2016

Кандидатот на владата на Црна Гора за генерален секретар на ОН, Игор Лукшиќ, денеска ги известил претседателот на Генералното собрание на ОН, Моргенс Ликетофт, и претседателот на Советот за безбедност на ОН, Рамлан бин Ибрахим, дека ја повлекува својата кандидатура за местото генерален секретар. Во трката останува Португалецот Антонио Гутереш, кој доби најголема поддршка, но […]

Бан Ки-мун сака следниот генерален секретар на ОН да биде жена

август 16, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун изјавил дека тој лично би сакал, кога ќе му истече мандатот, на негово место да дојде жена, што би било првпат од основањето на светската организација пред повеќе од 70 години, јавуваат светските агенции. Бан, чиј втор мандат од пет години како генерален секретар на ОН му […]

Гутереш води и по вториот круг гласање за нов ген-сек на ОН, Керим останува во трката

август 6, 2016

Во Советот за безбедност на Обединетите нации се одржа вториот прелиминарен круг на гласање за избор на нов генерален секретар на Светската организација, во кој најмногу гласови, како и во првиот круг освоил поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш. Според дипломатски извори, за кандидатурата на Гутереш гласале 11 членови на Советот за безбедност, двајца биле […]

Изборот на генерален секретар на ОН е неизвесен до крај

август 5, 2016

Засега сосема е неизвесно кој ќе го замени генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ако се има предвид дека големите дипломатски игри допрва треба да почнат. Резултатите од првиот круг гласање може различно да се толкуваат. Петнаесетте членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, за секој од кандидатите треба да се изјаснат со „го охрабруваме“, […]

Втор круг од гласањето за генерален секретар на ОН

август 5, 2016

Во Советот за безбедност на ОН денеска би требало да се одржи вториот круг од гласањето за кандидат за нов генерален секретар на ОН, меѓу кои е и кандидатот на Македонија, Срѓан Керим. Првиот круг од неформалното гласање за наследник на Бан Ки-мун се одржа на 21 јули, а Керим по тајното гласање се најде […]

Пусиќ се откажа од трката за генерален секретар на ОН

август 4, 2016

Поранешната шефица на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, денеска ја повлече својата кандидатура за прв човек на ОН, со образложение дека по првиот круг од гласањето станало јасно дека новиот генерален секретар ќе биде избран меѓу кандидатите од самата организација – лица што работат или работеле за ОН. Пусиќ оценила дека резултатите од првиот круг на гласање […]

Почна гласањето за избор на генерален секретар на ОН

јули 21, 2016

Петнаесет амбасадори при Советот за безбедност на ОН, денеска, првпат зад затворени врати, ќе гласаат за наследникот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Изборот меѓу 12 кандидати ќе трае долго, сè до октомври, и ќе биде сложен. Во трката за генерален секретар на ОН се шест мажи и шест жени, од кои осум се […]

Срѓан Керим не учествуваше на ТВ-дебатата за генерален секретар на ОН

јули 13, 2016

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, како и кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, не учествуваа на историската дебата во живо во ОН, на која десетте од 12 кандидати ги презентираа своите кандидатури и одговараа на прашања од земјите членки на ОН за клучните глобални прашања. Дебатата, која синоќа ја пренесуваше […]

Почина поранешниот генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали

февруари 16, 2016

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бутрос Бутрос Гали, почина во 94. година од животот, соопштија од ОН. Бутрос Гали беше на чело на ОН во време на распадот на поранешна СФР Југославија, од јануари 1992 до декември 1996 година. Египетскиот дипломат и политичар бил професор по меѓународно право и автор на бројни научни трудови, […]

Прифатена кандидатурата на Керим за генерален секретар на ООН

јануари 17, 2016

Кандидатурата на Срѓан Керим за генерален секретар на ООН е официјално прифатена. Со заедничко писмо, претседателот на 70. заседание со генералното собрание, Могенс Лукетофт, и постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во ООН, амбасадорката Саманта Пауер, претседател на Советот за безбедност за декември 2015 година, ги известиле сите земји-членки на ООН за поднесената кандидатура на […]

Емил Димитриев ќе биде премиер на преодната влада?

јануари 14, 2016

Актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе бил новиот премиер, кој ќе дојде на чело на преодната влада откако ќе биде активирана оставката на Никола Груевски, објави вечерва порталот „Прес 24“, повикувајќи се на свои извори во владејачката партија. Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Според неофицијалните информации […]

ФИФА го отпушти генералниот секретар Жером Валке

јануари 13, 2016

Светската фудбалската организација (ФИФА) го отпушти генералниот секретар Жером Валке, кој претходно беше суспендиран поради обвинувањата дека бил дел од шемата за профит од продажба на билети за Светското првенство, пренесува „Би-Би-Си“. Педесет и петгодишниот Валке беше суспендиран од сите должности поврзани со фудбалот на 17 септември минатата година, откако беше обвинет за прекршување на повеќе […]

Добре Јанчев, избран за генерален секретар на ДИК

јануари 4, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска за генерален секретар на комисијата го избрала Добре Јанчев, кој на раководната функција доаѓа од местото државен советник за едукација, правна и меѓународна соработка во ДИК. Јанчев функцијата генерален секретар ќе ја извршува во наредните пет години. Од ДИК соопштуваат дека членовите на Државната изборна комисија во вторникот минатата недела […]

Страна 3 од 4