среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: генерален секретар | 66 резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Тештата и кумот на Рашковски да ги вратат парите, а тој да си даде оставка

октомври 1, 2017

Кумот и тештата на „генералниот секретар на расипничката влада“, Драги Рашковски, треба да ги вратат народните пари што ги испумпаа на основа на плати и на хонорари од буџетот на Република Македонија, побара Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пред Владата. Таа го праша Рашковски кога ќе ѝ одговори на јавноста за непотизмот. – Драги Рашковски изгледа […]

Гутереш охрабрува за надминување на спорните прашања

септември 22, 2017

„Македонија е еден од најпозитивните примери за меѓукултурен, меѓурелигиски и меѓуетнички соживот. Ја цениме улогата што ја има вашата држава во регионот како фактор што го помага разбирањето и дијалогот меѓу државите. Македонија има голема поддршка од Обединетите нации и таа ќе продолжи и во иднина“, порачал генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на средбата […]

Рашковски до ВМРО-ДПМНЕ: Тој што ви ја пишувал кривичната пријава е правно неписмен

септември 9, 2017

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на својот фејсбук-профил одговори на потегот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која поднела кривична пријава против него поради злоупотреба на службената положба и овластување. „Господа од ВМРО-ДПМНЕ, кој и да ви ја пишувал кривичната пријава е правно неписмен и треба да му се земе дипломата (ако ја има). Повелете краток час по […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за генералниот секретар на Владата, Рашковски

септември 9, 2017

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека нејзината партија поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за злоупотреба на службената положба. Го товарот за незаконско именување директори. – Рашковски ја употребил својата положба и овозможил именување на директори од страна на Владата без тие да ја имаат исполнето со […]

Божиновски го обвини Рашковски дека лаже за вработувањата и најави контратужба

август 30, 2017

Од 2010 година до 2017 година, професионално, чесно и посветено ја извршував функцијата генерален секретар на Владата на Република Македонија, притоа почитувајќи ги сите законски пропишани процедури и постапки, вели поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, како одговор на обвинувањата на сегашниот генерален секретар, Драги Рашковски, дека Божиновски вработил луѓе кои земале плата, а […]

Рашковски: Претходната Влада потрошила 800 илјади евра за вработени кои седеле дома

август 28, 2017

Вкупно 166 државни службеници кои не доаѓале на работа во 2016 година го оштетиле буџетот за преку 800.000 евра, објави Генералниот секретар на владата на својот „Фејсбук“ профил. „Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.000 евра. Додека […]

Собраниските служби и официјално најавија дека денеска ќе се гласа за Зврлевски

август 17, 2017

Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржи 13-то продолжение на 6-тата седница, на кое би требало да се гласа за разрешувањето на Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски, според вчерашната најава од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Прво, според денешната најава на собраниските служби, ќе одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен […]

Собранието ја изгласа завршната сметка за буџетот за 2016 година

јули 15, 2017

Собранието попладнево со 92 гласа „за“, без воздржани и против, ја донесe завршната сметка на буџетот за 2016 година. Во текот на маратонската осма седница, пратениците од власта често ги немаше во салата, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата разменуваа реплики главно со своите сопартијци. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека во времето на владата […]

Цветанка Иванова е нов генерален секретар на Собранието

јули 10, 2017

Цветанка Иванова, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, денеска на собраниската Комисија за прашања на изборите и на именувањата е именувана за генерален секретар на Собранието. Претходно Комисијата одлучи да го разреши досегашниот генерален секретар, Жарко Денковски. По изборот на Иванова, седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и на именувањата беше прекината на […]

Поранешниот прв разузнавач, Виктор Димовски, е нов генерален секретар на МНР

јуни 29, 2017

Амбасадорот и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, со решение на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, е поставен за нов државен секретар во Министерството за надворешни работи, соопштија денеска од МНР. Виктор Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од 20 години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил […]

Кирацовски избран за генерален секретар на СДСМ, зголемен бројот на потпретседатели

јуни 19, 2017

Александар Кирацовски вчера од централниот одбор на СДСМ е избран за нов генерален секретар на партијата. Од другите партискии функционери што не се избираат на конгрес, избрани се и новите потпретседатели на партијата и е зголемен нивниот број. Избран е новиот 16-член состав на извршниот одбор, во кој се испочитувани и статутарните одредби за застапеност на младите […]

Заниер твитна: Политичката криза не смее да се прелее во меѓуетнички тензии

март 9, 2017

Политичките лидери мора да ги надминат партиските интереси и да ја решат политичката криза и не смее да се дозволи ова да се прелее во меѓуетнички тензии. Ова е главната порака што генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, им ја пренел на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и на министерот за надворешни работи, Никола Попоски. […]

Дејвид Камерон можен кандидат за генерален секретар на НАТО

февруари 18, 2017

Британски министри и еден странски државник го охрабруваат поранешниот премиер на Британија, Дејвид Камерон, да се кандидира на функцијата нов генерален секретар на НАТО, објавуваат британските медиуми. Речиси половина година откако отстапи од позицијата премиер, Камерон, како што се наведува, имал разговори за водечката положба во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, министерот […]

Португалецот Антонио Гутереш од денеска ја презема функцијата генерален секретар на ОН

јануари 1, 2017

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, од денеска ја презема функцијата генерален секретар на Обединетите нации. Гутереш доаѓа на местото на Бан Ки-мун, кој два мандати беше генерален секретар на светската организација. Положувајќи заклетва на 12 декември, тој оцени дека ОН мораат да се подготват за промени. – Од акутните кризи во Сирија, Јемен, Јужен […]

Столтенберг: Слабее напредокот кон НАТО кај дел од Западен Балкан, а се зголемува влијанието на Русија

декември 7, 2016

Состојбите во земјите од Западен Балкан (Србија, Косово, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија) биле една од главните теми на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Брисел, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Столтенберг, на прес-конференцијата, го истакна […]

Кристалина Георгиева: Не ја напуштам Европската комисија поради кампањата во ОН

октомври 30, 2016

Поранешната еврокомесарка Кристалина Георгиева во интервју за бугарското национално радио вели дека напуштањето на Комисијата не е поради кампањата за генерален секретар на Обединети нации. Како што вели, таа ја одобрила промената на кандидатите за генерален секретар на ОН. – Моето учество во кампањата за Обединети нации беше поради тоа што одредени држави од Источна […]

Гутереш и официјално е новиот генерален секретар на ОН

октомври 13, 2016

Генералното собрание на Обединетите нации, во кое има претставници на 193 држави, денеска едногласно го именуваше поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, за нов генерален секретар на светската организација, јавуваат светските агенции. Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 […]

Гутереш на чекор да биде избран за нов генерален секретар на ОН

октомври 5, 2016

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, речиси со сигурност ќе биде новиот генерален секретар на Обединетите нации (ОН) откако на денешното гласање ниту една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН не стави вето на неговиот избор, јавуваат светските агенции. Денешното, шесто неформално гласање за нов генерален секретар на светската орагнизација беше […]

Изборот на генерален секретар на ОН влегува во финална фаза

октомври 5, 2016

Членките на Советот за безбедност на ОН денеска шести пат ќе гласаат за кандидатите за нов генерален секретар на ОН, но првпат ќе се знае како гласале постојаните членки со право на вето. Досега сите членки се изјаснуваа со „охрабрувам“, „не охрабрувам“ или „воздржан“, а денеска постојаните членки на Советот за безбедност ќе гласаат на […]

„Данас“: Јеремиќ одбил да биде заменик генерален секретар на ОН

октомври 4, 2016

Кандидатот на Србија за генерален секретар на Обединетите нации, Вук Јеремиќ, не го прифатил компромисот да биде заменик генерален секретар на ОН доколку се откаже од кандидатурата за прв човек на светската организација, пишува дневниот весник „Данас“, повикувајќи се на извори од дипломатски кругови во Њујорк. Како што наведува весникот, повлекувањето на второпласираниот Јеремиќ би […]

Страна 2 од 4