fbpx
Таг: фудбал

таг: фудбал

УЕФА покрена истрага против Интер, Ловерпул, Монако…

Европската фудбалска федерација почна истрага за кршење на финансискиот фер плеј против пет тимови, но ја проширува својата истрага и врз други клубови. Истрагата е покрената против Хал, Спарта од Прага, Лион, Рух и Волфсбург. Тимовите ќе мора да ги испратат своите документи во седиштето на европската федерација, но за нив засега не се изречени никакви санкции. УЕФА, исто така, ја...

Барселона вечерва без Андрес Иниеста

На вечерашниот меч против Валенсија, вицешампионот на Шпанија, Барселона, нема да може да смета на помошта од Андрес Иниеста. Стратегот Луис Енрике решил да не ризикува иако вчера од Шпанија соопштија дека главниот креатор на играта на „каталонците“ ќе игра барем 45 минути. Натпреварот меѓу Валенсија и Барселона се игра вечерва, од 21 часот.

12.000 евра казна за Македонската фудбалска федерација

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 12.000 евра. Телото за контрола, етика и дисциплина ја изрече оваа казна за ФФМ поради однесувањето на дел од гледачите на трибините на „Филип Втори“ на квалификацискиот натпревар за ЕП 2016, Македонија -­ Луксембург, на 9 октомври, за употреба на ласер.

Бразил против Колумбија на Копа Америка

Копа Америка која ќе се одржи од 11 јуни до 4 јули во Чиле наредната година
Вчеравечер во Виња дел Мар, во Чиле, со ждрепка беа извлечени групите за Копа Америка, што ќе се одржи од 11 јуни до 4 јули наредната година во Чиле. Бразил за противник во групата Ц ќе ја има Колумбија со која играше во четвртфиналето на Светското првенство оваа година, како и репрезентациите на Перу и на Венецуела. Аргентина во групата Б ќе...

Вардар загуби од Ренова со убедливи 3-0

Лидерот на табелата на македонскаta прва фудбалска лига, Вардар, денеска на гостувањето во Тетово загуби од тимот на Ренова со убедливи 3-0. Работнички на арената „Филип Втори“ ја совлада екипата на Брегалница и сега заостанува само три бода во однос на Вардар. Во последното коло од есенскиот дел на првенството се среќаваат токму Вардар и Работнички. Вардар може да остане...

Лука Модриќ на принудна пауза до крајот на годината

Поради повреда на бутниот мускул, фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, нема да игра до крајот на годинава. Хрватскиот репрезентативец се повреди на квалфикацискиот натпревар за ЕП против Италија. Тој нема да настапи на четири натпревари во Примера, два во Лигата на шампионите, а ќе пропушти и еден меч од Кралскиот куп.

Гвардиола нема намера да се врати во Барселона

Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, не сака да се врати во каталонскиот клуб и покрај тоа што освои буквално сè што можеше да се освои. 43-годишниот стратег ја раководеше Барселона од 2008 до 2012 година, а потоа одлучи една година да паузира. Минатата сезона го презеде баварскиот гигант Баерн Минхен и веднаш ја освои Бундес-лигата. - Немам намера повторно да бидам тренер на Барселона....

Барселона конечно до победа

По поразите од Реал Мадрид и од Селта, Барселона победи на гостувањето кај Алмерија. Домаќините поведоа со гол на Вифоума во 37. минута и се наговестуваше нов шок за Барселона, но благодарение на Суарез, кој асистираше до Неимар во 73. и до Алба во 82. минута, фаворитот дојде до очекуваната победа. Тимот на Карло Анчелоти дојде до три лесни бода во Примера совладувајќи го...

Адријано поврзан со наркокартел

Поранешниот бразилски фудбалски интернационалец и напаѓач на Интер, Адријано е обвинет за врски со наркокартел во Рио де Женеиро, јавува „Би-Би-Си“. Обвинителството тврди дека Адријано на наркодилерите им го дал својот мотоцикл за да го користат при криминални активности. Бразилскиот фудбалер имаше успешна кариера во Италија, освојувајќи титула со Интер, но поради недисциплина и повреди, ја прекина кариерата. Првите обвиненија за неговата...

Ѓуровски го повика Бабунски за дуелот со Словачка

Бошко Ѓуровски потенцираше дека денешниот повик е награда за неговата добра игра на тој натпревар
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, денеска ја соопшти листата од 20 фудбалери за квалификацискиот натпревар против Словачка, во која овојпат имаше место за еден од најперспективните млади фудбалери во Македонија, Давид Бабунски. Фудбалерот на Барселона имаше брилијантна партија за младата репрезентација на натпреварот со Романија, па Бошко Ѓуровски истакна дека денешниот повик е награда за неговата добра игра на тој...

Лига на шампиони: Ливерпул ќе се бори за реванш и за чудо против Реал Мадрид

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид, вечерва на „Сантјаго Бернабеу“ го дочекува тимот на Ливерпул, со силна верба дека ќе извојува победа и ќе обезбеди пласман во осмина-финалето од годинешната сезона на Лигата на шампионите. Избраниците на Карло Анчелоти во последните 11 меча имаат исто толку победи и според она што го прикажуваат не теренот, тешко дека некој може да ги...

Милан падна во Палермо

По овој пораз Милан заостанува девет бода зад лидерот Јувентус и се наоѓа на 7.место со 16 бодови
Екипата на Милан, иако важеше за голем фаворит на синоќашниот дуел со Палермо, сепак беше поразена на домашен терен со 2:0. Стрелци на головите беа Кристијан Запата (автогол во 23.минута) и Пауло Дибала (26.минута). По овој пораз Милан заостанува девет бода зад лидерот Јувентус и се наоѓа на 7.место со 16 бодови, додека Палермо избега од опасната зона на испаѓање...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...