fbpx
Таг: фудбал

таг: фудбал

Барселона го освои трофејот во „Копа дел Реј“

Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во „Копа дел Реј“, совладувајќи го Атлетик Билбао со 3:1 во финалето одиграно синоќа на нивниот „Камп ноу“. Со овој триумф „Каталонците“ стигна до двојна титула, бидејќи претходно го освоија трофејот во Примера дивисион. Головите за Барселона ги постигнаа Лионел Меси – во 20. и во 74. минута и Нејмар во 36. минута. За Атлетик Билбао...

Анчелоти: На фудбалските терени ќе се вратам по една година

Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти, кој заработи отказ од Реал Мадрид, најави едногодишна пауза од тренерската работа. Тој рече дека го очекува операција на вратен пршлен. Вели дека има доста понуди од Италија, англиската Премиер-лига и од германската Буднеслига. „Верувам дека тие понуди ќе се зголемат по завршувањето на наредната сезона. Значи, моето враќање на тренерското место, веројатно ќе биде...

Во Тетово ќе се отвори прва средношколска фудбалска паралелка

На фудбалскиот стадион на Спортскиот центар во Тетово, стручни лица од Фудбалската федерација на Македонија денеска вршеа селекција од 95 пријавени кандидати за првата средношколска паралелка по фудбал. Станува збор за иницијатива на Општина Тетово во соработка со Средното стручно училиште „Моша Пијаде“, во кое, од идната учебна година, ќе почне да функционира паралелка по фудбал, како дел на Спортската...

Ибрахимовиќ суспендиран четири меча

Суспензија за четири меча поради својот коментар по поразот од Бордо доби Златан Ибрахимовиќ. - Оваа по...на држава не заслужува клуб како ПСЖ -  рекол Ибрахимовиќ, кој бил разочаран од делењето на правдата во мечот од 29. коло во францускиот шампионат. Казната што ја изрече раководството на Лига 1 значи дека „светците“ ќе бидат без најголемата своја ѕвезда во мечевите против...

„Фенербахче“ нема да игра сè додека не се пронајде напаѓачот

Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ соопшти дека нема да игра сè додека не се пронајде сторителот на вооружениот напад на автобусот со кој се превезуваат неговите играчи, а во кој немаше повредени играчи, но возачот беше ранет. „Немаме намера да играме сè додека случајот не се реши целосно“, рече претставникот на клубот, Денис Тојга Ајторе. „Фенербахче“ вчера бараше да се прекине шампионатот на Турција...

ФК „Брегалница“ казнета за расистички извикувања

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го казни фудбалскиот клуб „Брегалница“ од Штип со парична казна од 2.500 евра. Во одлуката стои дека е прекршен Дисциплинскиот правилник на ФФМ, поради расистичко однесување кон фудбалерот на ФК „Шкендија“ од Тетово, Идрису Мохамеду. Според комисијата, „од страна на навивачката група „Фаланга“, фудбалерот Мохамедy е исвиркуван со расистички извици, што е...

Италијански фудбалери се боксуваа на натпревар

Сицилијанското дерби меѓу Виторија и Патерно во четвртата италијанска лига донесе бројни црвени картони за време на натпреварот, поради што главниот судија бил принуден да ги испрати фудбалерите во соблекувалната за да биде избегнат поголем инцидент, пренесе „Спортски.мк“. Сепак, ваквиот потег на судијата само дополнително ја разжести ситуацијата, па во тунелот беше виден вистински бокс-меч меѓу фудбалерите на двете екипи. Екипата...

Ѓуровски го објави списокот на фудбалери за дуелот со Белорусија

Бошко Ѓуровски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, го објави списокот за квалификацискиот натпревар со Белорусија за пласман на Европското првенство 2016 година, како и за пријателскиот меч со Австралија. - Сакам да бидам јасен и да истакнам дека некои играчи кои беа стандардни и беа подолго време дел од репрезентацијата не се земени од причина што не сум задоволен од нивната...

Парма пред банкрот?!

Натпреварот меѓу Парма и Удинезе од 24. коло во италијанската Серија А,  можно е и да не се одигра поради сериозната финансиска криза во која се наоѓа домаќинот. Според медиумите од земјата, Парма не може да си дозволи да ја плати организацијата на средбата, вклучувајќи ги редарите и полицијата, без кои е невозможно натпреварот да се одигра. Клубот, кој е на дното...

Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра зиме

Сè погласно се зборува дека терминот на одржување на Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година ќе биде зиме. Официјалната одлука ќе ја донесе извршниот одбор на ФИФА на состанокот во Цирих, кој ќе се одржи наредниот месец. Предлогот СП во 2022 да се игра зиме се појави веднаш откако на Катар му беше доделена улогата на домаќин, а...

Фиго бара Светско првенство со 48 репрезентации

Фудбалерот Луис Фиго денеска на „Вембли“ ја презентираше својата програма за претседател на ФИФА. Тој најави дека ќе го прошири Светското првенство доколку ја добие довербата во мај. Една од опциите е мундијал на кој ќе настапат 48 репрезентации, групната фаза ќе се одржи на два континенти, а нокаут-натпреварите ќе се играат во една земја. Новите места на мундијалот ќе бидат...

Македонија е на 101. место на ФИФА-листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на ФИФА и се наоѓа на 101. место со 327 поени. Ова е прва листа на ФИФА за 2015 година и не се забележуваат некои поголеми промени. Првите 10 на новата листа на ФИФА се со ист резултат. Прв на листата е актулениот светски шампион Германија со 1.725 поени,...

Роналдо е најефикасен фудбалер за 2014 година

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, е најефикасен фудбалер на светот за 2014 година. Тој на 60 натпревари постигнал 61 гол, а имал и 22 асистенции. По него следува неговиот најголем конкурент Лионел Меси со 58 постигнати голови и 21 асистенција на 66 натпревари. Трет е Џонатан Соријано, кој во 2014 година постигнал 55 голови, но има подобар просек од...

Тиери Анри се пензионира

Познатиот француски фудбалер Тиери Анри денеска соопшти дека става крај на својата 20-годишна професионална кариера, исполнета со успеси и со признанија. На почетокот на декември, тој го напушти последниот клуб во кариерата - американскиот Њујорк ред булс. - Тоа беше неверојатно патување... Би сакал да им се заблагодарам на сите обожаватели, соиграчи и луѓе поврзани со Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона, Њујорк...

Тиаго Алкантара ќе заигра фудбал повторно во март 2015 година

Тиаго Алкантара, фудбалер на Баерн Минхен, кој поради незгодни повреди отсуствува од игра веќе цела година, ќе се врати на терените во март следната година. Тој ги повреди вкрстените лигаменти на коленото на 29 март минатата година, на натпреварот на Баерн Минхен против Хофенхајм. Алкантара двапати имаше и операција, поради што неговото закрепнување од шест месеци беше продолжено за уште толку.  

Македонскиот репрезентативец Тофилоски заминува од Кошице?

Македонскиот репрезентативен голман, Дарко Тофилоски, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во францускиот второлигаш Турс. Тој сега настапува во словачкиот прволигаш Кошице. Според словачките медиуми, 28-годишниот Тофилоски нема да остане во Словачка, а е пред потпишување договор кој и летово сакал да го ангажира за 350.000 евра.

Стерлинг не сака да го продолжи договорот со Ливерпул

Рахим Стерлинг не сака да го продолжи договорот со Ливерпул иако неделно заработува 30.000 фунти. За да го задржи во клубот, управата му понудила неделна плата од 40.000 фунти, но Стерлинг ја одбил со образложение дека тоа е малку за неговиот квалитет. Медиумите во Англија шпекулираат дека нивниот репрезентативец можеби добил подобра понуда од Реал Мадрид.

Вечерва последен натпревар од групната фаза во Лига на шампиони

Групната фаза од Лига на шампиони завршува вечерва, во 20.45 часот, со последните осум натпревари од оваа фаза. За вечерва останува да се дефинираат само уште два тима кои ќе продолжат во осминафиналето, додека за последните две места, пак, ќе се борат тимовите на Рома, Манчестер сити, ЦСКА Москва, Спортинг и на Шалке. Вечерва ќе играат:  Група Е Рома – Манчестер сити Баерн Минхен –...

Меси се сели во ПСЖ?!

Лионел Меси во јуни 2015 година заминува од Барселона и најверојатно ќе се пресели во редовите на Париз Сен Жермен, откри во ексклузивно интервју славниот фудбалер и капитен на Барселона, Хулио Алберто. Алберто вели дека Меси останал во Барселона само затоа што тоа му го ветил на Тито Вилано додека тој бил на смртна постела.

Полицаец повреден при тепчка меѓу навивачите на „Вардар“ и на „Шкендија“

Полицаец доби повреди во пределот на главата откако полицијата интервенираше на вчерашната тепачка меѓу навивачките групи на фудбалските клубови „Вардар“ и „Шкендија“ кај градскиот стадион во Тетово. Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, инцидентот настанал откако група од 30-40 навивачи на „Вардар“, околу 13.30 часот, пристигнале и сакале да влезат на стадионот каде се играл куп-натпреварот помеѓу...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...