сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Фросина Кулакова | 14 резултати

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

февруари 16, 2025

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со автомобил. „Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин“, […]

Протестен марш во Неготино во сабота за правда за Фросина Кулакова

февруари 5, 2025

Во сабота е закажан протестен марш во Неготино насловен „Стоп за сообраќајно насилство“ во знак на барање правда за младата Фросина Кулакова. Протестот е организиран од Фејсбук групи креирани од жители на Неготино. Ќе започне во 14 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Протестот е организиран од блиски пријатели на Фросина, и во повикот […]

„Кој е следен?“ повикува на широка граѓанска дискусија за системски промени

февруари 3, 2025

Ситуацијата е сензитивна и поради тоа е неопходно да се пристапи внимателно кон прашањата и проблемите кои беа адресирани во повикот зад овој сенароден граѓански марш. Свесни за потребата од огромни реформи во системот кој буквално секојдневно се покажува како несоодветен, дури и за физичка заштита на нашето здравје и безбедност, повикуваме на отворање на […]

Протест за Фросина: Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти

февруари 2, 2025

Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти – на овој начин таткото на трагично починатата Фросина Кулакова попладнево пред македонското Собрание ја сумираше суштината на гневот кој го предизвика нејзината прерана смрт. Илјадници граѓани се собраа во Скопје попладнево на маршот „Правда за Фросина“. Протестот го предводеше токму семејството на Фросина. Нејзиниот татко, Тодор Кулаков, […]

Триесет и шест деца во секунда

февруари 2, 2025

Седете мирни сега, возиме брзо, може да биде опасно, им реков на децата додека возевме на автопатот Тетово – Скопје. Тато, колку брзо возиме, ме прашува шест-годишната ќерка возбудено. Сто километри на час, ѝ одговарам. Колку деца се тоа во секунда? Триесет и шест деца во секунда. Со толкава брзина се движел по булевар „Партизански […]

Росица Кулакова: За смртта на Фросина да одговараат и таткото Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска-Стојановска

февруари 2, 2025

За Фросина бараме правда. Бараме одговорност од Зоран Јованов, таткото на Васил кој ја прегази Фросина, а бараме да одговара и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа ниту да изразат сочувство на семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили од социјални мержи. Правда за Фросина мора да има и овој случај да не […]

Протестен марш денеска во 17 часот против неконтролираното возење и неказнивоста

февруари 2, 2025

Денеска во 17 часот ќе се одржи протест на булеварот Партизански одреди, кај Универзална сала. Од граѓнската иницијативата „Кој е следен?“ велат дека случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, дека се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. „Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, […]

Утре повторно протест на „Партизанска“, каде што беше прегазена Фросина Кулакова

февруари 1, 2025

Иницијативата „Кој е следен“ информираше дека утре, 2 Февруари, во 17 часот повторно ќе се одржи протест на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала во Скопје. Посочуваат дека случајот со трагичната смрт на младата Фросина Кулакова не е изолиран, дека се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење на сообраќајниците, а се повторува и неказнувањето и […]

[ГАЛЕРИЈА] Протест на местото на несреќата: Стотици граѓани ѝ одадоа почит на младата Фросина Кулакова

јануари 31, 2025

Со насолзени очи, цвеќиња и свеќи во рацете и триминутен молк, стотици граѓани попладнево се собраа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, на крстосницата со улицата „29-ти ноември“. Дојдоа да ѝ оддадат почит на 22-годишната Фросина Кулакова, која пред два дена го загуби животот на ова место, откако во неа удри автомобил чиј возач возејќи […]

Возел брзо, под дејство на алкохол и без возачка дозвола – усмрти 22-годишна девојка

јануари 30, 2025

Дваесет-годишниот возач кој вчера усмрти 22-годишна девојка на булеварот Партизански Одреди во Скопје бил под дејство на алкохол, немал возачка, возел брзо и поминал на црвено. Тој, претходно бил осуден за дрога, но судот го третирал како помлад малолетник. Сега е во притвор и му се заканува затворска казна од најмалку четири години. Како што […]

Страна 1 од 1