понеделник, 8 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Франција | 539 резултати

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

април 26, 2024

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја пренесе ниту еден сериозен светски медиум, тоа го сторија главно руските и тоа не најсилните како ТАСС и РИА, туку „второлигаши“, а кај нас веројатно е преземена […]

Макрон и француското собрание не изјавиле ниту усвоиле нешто за стопирање или одложување на ЕУ проширувањето

април 25, 2024

Франција не усвоила никаква резолуција со која се стопира процесот на проширување на ЕУ. Ова е лажна вест, претставена како да е вистинска, наводно објавена од Би-би-си. Ниту Би-би-си, ниту кој било друг релевантен медиум, не објавил ваква вест. Покрај ова, ниту Макрон не изјавил дека „на Северна Македонија треба да ѝ се каже дека нема […]

Во дипфејк видео, божем од Франс 24, Украина му готвела атентат на Макрон

март 11, 2024

Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина […]

Од француски воз била украдена торба со безбедносни планови за Олимпијадата во Париз

февруари 28, 2024

Торба со компјутер и два USB стикови на кои се наоѓаат полициските безбедносни планови за Олимписките игри во Париз, била украдена од воз на станицата Гаре ду Норд, соопшти Гардијан. Торбата му припаѓала на инженер од градското собрание на Париз кој ја сместил во багажниот простор над своето седиште. Бидејќи неговиот воз доцнел, тој решил […]

Во март ќе се одржи Фестивалот на франкофонијата со француски филмови, концерти и храна

февруари 27, 2024

Во организација на Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Швајцарија, од 1 март до 4 април ќе се одржи Месецот на франкофонијата со културни активности во Скопје и во неколку други градови во земјава. За овој фестивал предвидена е разновидна програма за љубителите на франкофонската уметност, пишува Порталб.мк. Во просториите на Јуроп Хаус […]

Макрон: Поразот на Русија во Украина е од суштинско значење за безбедноста во Европа

февруари 27, 2024

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека не ја исклучува можноста за испраќање копнени трупи во Украина, но додаде дека нема консензус за таков чекор. Тој ова го изјави на состанокот на 20 главно европски лидери во Париз, кој го свика за да се засили европскиот одговор на напредокот на руската војска во Украина, пренесува […]

Франција на пат да го внесе правото на абортус во уставот

јануари 31, 2024

Националното Собрание, односно Долниот дом на францускиот парламент вчера со големо мнозинство го одобри законот со кој правото на жената на абортус ќе стане уставно право, односно ќе биде внесено во уставот на Франција. За тоа да се случи, законот мора да биде изгласан во Сенатот, односно во Горниот дом. Уставната гаранција на правото на […]

Франција привремено го забранува риболовот за да ги спаси делфините

јануари 19, 2024

Франција објави привремена забрана за речиси целиот комерцијален риболов во Бискејскиот Залив за да ги заштити делфините, објави Би-би-си. Забраната ќе започне во понеделник и ќе трае до 20 февруари, а ќе ги зафати риболовните терени во близина на брегот на Атлантскиот Океан. Француските поморски експерти проценуваат дека околу 9.000 делфини умираат во заливот секоја […]

Габриел Атал именуван за нов француски премиер, најмлад досега и прв отворено-геј

јануари 9, 2024

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го именуваше Габриел Атал за нов премиер на земјата. Атал, кој е актуелен министер за образование, на свои 34 години ќе биде најмладиот што ја зазема втората највисока функција во Франција. Атал ја заменува досегашната премиерка Елизабет Борн, која поднесе оставка по 20 месеци на функцијата. За целото тоа време […]

Објавен македонски превод на стрипот „Везење“ од Марџан Сатрапи

декември 16, 2023

Издавачката куќа „Бункер“ од Скопје објави македонска верзија на графичкиот роман „Везење“ од француско-иранската авторка на стрип, филмска сценаристка и режисерка Марџан Сатрапи. Романот ги пренесува приказните на три генерации ирански жени од семејството на Сатрапи, од бабата феминистка, мајката стоик, ексцентричната тетка и нивните пријателки и сосетки. Истовремено хумористични и трогателни, овие разговори со […]

„Астерикс и белиот ирис“: Новата епизода на култниот стрип ја освојува Европа

ноември 16, 2023

По објавувањето на крајот од октомври, новиот стрип-албум „Астерикс и белиот ирис“ ја освојува Европа. Испечатен е во 5 милиони примероци на 20 јазици кои се дистрибуираат истовремено, со што се одржува репутацијата на Астерикс како најпреведуван француски стрип. Тема на најновата епизода за популарните галски воини Астерикс и Обеликс е сатиризирање на „велнес“ културата, […]

Младите денеска се запознаа со можностите за студирање во Франција

октомври 30, 2023

Бројни млади во Национално и универзитеската библиотека „Св. Климент ОхридскИ“ во Скопје денеска имаа можност да се запознаат со можностите што ги нуди универзитетското образование во Франција. На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Неколку француски универзитети се високо рангирани на Шангајската листа на универзитети, што говори за високиот образовен квалитет. […]

На 30 октомври ќе се одржи саем за студии во Франција

октомври 26, 2023

На 30 октомври во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи традиционалниот саем за студии во Франција. Настанот ќе биде отворен за посетители во 11 часот, а официјално ќе започне во 12 часот. Поздравни говори ќе одржат министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Сирил Бомгартнер кој е Амбасадор на Франција и Марко Ѓоргиевски, директорот […]

Франција не ги принудува африканските земји да плаќаат колонијален данок

јули 21, 2023

Тврдењето дека Франција принудува 14 африкански земји да плаќаат колонијални даноци, е неточно. Овие земји се членки на монетарната унија која ја користи валутата ЦФА франк. Учеството на 14-те земји во валутата и монетарната унија е доброволно, а во 2019 година беше отстранет и условот за чување на половина од девизните резерви на овие земји […]

Видео од пожар во Манила, претставено како пожар во Националната библиотека на Франција

јули 14, 2023

Постот шири невистини дека се случил голем пожар во Националната библиотека во Франција. Видеото што се споделува како поткрепа на ваквото тврдење, е од пожарот во поштата на Манила којшто се случи во мај оваа година. Портпаролот на Канцеларијата за јавни информации во Манила, за АП потврдил дека видеото  покажува како Централната пошта гори во мај. […]

Не е вистина дека Макрон ги исклучува социјалните мрежи од етерот

јули 11, 2023

Извориште на ваквата дезинформација е лажно соопштение, наводно издадено од француското Министерство за внатрешни работи, според кое интернет услугите ќе бидат привремено суспендирани за да се превенира злоупотреба на социјалните мрежи и онлајн платформите.  Министерството за внатрешни работи го демантираше ова соопштение.  Социјалните мрежи се активни во Франција, а коментарот на Макрон не се однесува […]

Во Франција усвоен закон кој би ѝ овозможил на полицијата да „шпионира“ телефони

јули 7, 2023

Во Франција се изгласа нов закон, со кој полицијата ќе може да шпионира осомничени лица со тоа што ќе може да ги активира камерата и микрофонот на нивните уреди, како и да има пристап до нивната ГПС локација, известува Ле монд. Сите горенаведени мерки се дел од пообемен закон во насока на „реформирање на правда“, […]

Немири во Франција: властите ја истражуваат смртта на 27-годишен маж за време на протестите

јули 5, 2023

Француските обвинители започнуваат истрага во врска со смртта на 27-годишен маж кој бил погоден од муниција за растерување протести за време на немирите во саботата, потврди обвинителството во Марсеј. Како што пренесува Гардијан, човекот починал во саботата вечер, додека Марсеј бил преплавен од насилните протести, но обвинителството вели дека не било возможно да се утврди […]

Просечната возраст на уапсените при протестите во Франција е 17 години

јули 4, 2023

Продолжуваат масовните протести и немири во Франција, како последица на убиството на 17-годишното момче Нахел Мерзук од страна на полицијата. Жералд Дерманин, министерот за внатрешни работи на Франција изјави дека просечната возраст на демонстрантите кои биле приведени е 17 години, а дека меѓу уапсените има и деца од 12-годишна возраст. Досега се нападнати и 99 […]

Се смируваат тензиите на француските улици

јули 3, 2023

Помалку од 160 лица се уапсени во текот на ноќта во немирите низ градовите во Франција по убиството на тинејџер од северноафриканско потекло од страна на полицаец, соопшти француското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Ројтерс. Релативната смиреност по петте тешки ноќи на немири и илјадници уапсени претставува олеснување за владата на претседателот Емануел Макрон […]

Страна 4 од 27