понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Франција | 536 резултати

Снегот ја парализираше Европа

декември 29, 2014

Обилните врнежи од снег предизвикаa голем метеж во Европа, а најмногу се погодени француските Алпи, каде 15.000 лица се завеани. Снежната бура остави околу 100.000 лица без струја, додека на замрзнатите автопатишта во Германија се излизгаа камиони. Во регионот се одложени авионските летови. Во Германија, поради застој на патот во близина на Штутгарт, се формираше колона долга 20 километри, […]

Тешко вооружен маж уапсен во Ница

декември 23, 2014

Француската полиција денеска во Ница уапси тешко вооружен маж. Ова е четврти инцидент во последните четири дена, иако француската полиција ги подигна мерките за безбедност по нападите во Нант и во Дижон. Мажот во Ница е уапсен откако безбедносните камери забележале дека носи ножеви и два пиштола. Како што јавуваат француските медиуми, мажот е уапсен изутринава, […]

Изработен компјутер во форма на коцка

декември 23, 2014

Француската компанија „Кјуб“ направи револуционерен компјутер во облика на коцка, наречен „кјуб“. Компјутерот, со големина од 12 сантиметри од двете страни, е опремен со модерна технологија и е компатибилен со сите периферни уреди, монитори, тастатури и компјутерски глувци, пишува порталот „Инфос-мобајлс“. Како што наведува порталот, компјутерот може да биде испорачан во различни модели и има […]

Албански мигранти се криеле под новогодишни елки

декември 22, 2014

Француската царина откри 16 државјани на Албанија, скриени меѓу извозните новогодишни елки. Уапсените се обиделе, од Дијеп, на северозападот на Франција, да прејдат во Велика Британија, соопшти денеска полицијата. „Слепите патници“ се пронајдени во камион со двајца возачи од Полска, кои минатиот викенд се подготвувале да се натоварат на брод, кој пловел преку Ла Манш. […]

Франција: Рација против џихадистите

декември 15, 2014

Француската полиција изврши рација на повеќе локации во земјата и разби мрежа за праќање џихадисти во борбата против Сирија. Елитните антитерористички единици извршија рација на десетина локации, повеќето на југот на земјата околу Тулуз, но и на поширокото подрачје на Париз и во северната покраина Нормандија. Засега не е познато колку луѓе се уапсени во акцијата. […]

Францускиот парламент неофицијално ја призна Палестина

декември 3, 2014

Долниот дом на Пѓпарламентот на Франција денеска изгласа резолуција за признавање на Палестина и апелираше владата да го направи тоа, со надеж дека тоа ќе ги забрза напорите за ставање крај на деценискиот судир. „За“ гласаа 339 пратеници, а 151 беа „против“. Резолуцијата не е обврзувачка, туку претставува симболичен поттик за Палестинците. Во усвоениот документ […]

Македонски специјалисти ќе се едуцираат во Лион

ноември 28, 2014

Македонски лекари-специјалисти за гастроентерохепатологија, дигестивна хирургија, анестезиологија и за патологија ќе заминат на повеќемесечна едукација во реномираниот францускиот Универзитетски клинички центар во Лион. Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за едукација фокусирана на трансплантација на црн дроб. Едукацијата беше договорена за време на денешната средба на министерот за здравство Никола Тодоров, со проф. […]

(ВИДЕО) Франција: Еден загинат и тројца исчезнати во поплави

ноември 28, 2014

Најмалку едно лице загина, а три се водат за исчезнати во поплавата што ја зафати Југозападна Франција, предизвикана од силните бури, соопштија француските власти. Како што соопшти француското МВР, телото на загинатата жена е пронајдено до автомобил на брегот, а сè уште се трага по нејзината ќерка, за која се претпоставува дека загинала. Како што јавуваат […]

(ВИДЕО) 100 тони фекалии од француските земјоделци за власта

ноември 11, 2014

Француските земјоделци истурија околу сто тони фекалии и арско ѓубре пред административните згради за време на нивните протести во Тулуз и во Нан, на 5 ноември. Протестите се одговор на новото европско законодавство, кое го регулира количеството на нитратите. https://www.youtube.com/watch?v=bXa_B3Hl38I

Шекеринска во работна посета на Франција

ноември 6, 2014

На покана на француската Социјалистичка партија, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, престојува во неколкудневна работна посета на Франција, информираат од СДСМ. Во Париз, Шекеринска ќе оствари повеќе средби, меѓу кои и таа со првиот човек на Социјалистичката партија – првиот секретар Жан Кристоф Камбадели и со неговиот дипломатски советник Пјер Канити. Социјалистичката партија e најсилната […]

Лондон e против испраќање британски полицајци во реонот на Кале

ноември 5, 2014

Британската влада ја отфрли можноста полицајци од Велика Британија да бидат префрлени на француската страна на каналот Ла Манш за да им помогнат на француските власти полесно да се справат  со илегалните имигранти во реонот на градот Кале. За официјален Лондон, безбедносните работи на француска почва се работа на Франција. Според конзервативниот пратеник Џејмс Броукеншир, […]

Француски лаборатории ја потврдија листеријата во Македонија

октомври 31, 2014

Сечканиот вакумиран свински врат на „Екстра меин“ е причина за десет заболени од листерија, од кои пет починаа, потврдија двете француски референтни лаборатории, препорачани од СЗО, соопштија денеска од Министерството за здравство. Резултатите ќе бидат доставени и до Јавното обвинителство за понатамошна постапка, со оглед на тоа што министерот за здравство, Никола Тодоров, претходно поднесе […]

Страна 27 од 27