fbpx
Таг: Франција

таг: Франција

Дриан: ИД мора да се елиминира

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ло Дриан, соопшти дека официјален Париз ќе продолжи со операциите против Исламска држава во Сирија и во Ирак и оти борците на џихадистичкото движење треба да бидат уништени. По САД, Франција учествува со најголем број авиони и војници во составот на коалицијата против ИД. Покрај тоа, околу 3.500 француски војници оперираат во реонот на Сахел...

Ле Пен: Франција е слаба пред тероризмот поради членството во ЕУ

Франција е „ослабена“ во соочувањето со терористичките закани поради своето членство во Европска Унија, особено зашто не може сама да ги контролира своите граници, изјави претседателката на Национален фронт, Марин ле Пен. Соочувајќи се со „исламскиот фундаментализам“, ЕУ нè ослабнува, наметнувајќи ни отворени граници и политика на штедење поради кои во Франција на удар се капацитетите на војската, полицијата и на...

Валс: 1.400 Французи се приклучиле на џихадистите

Околу 1.400 Французи или лица што имаат престој во Франција веќе заминале или се спремни да отидат и да се борат во Сирија или во Ирак, а 70 загинале на боиштата, соопшти францускиот премиер Мануел Валс. Податоците покажуваат зголемување на бројката во споредба со процената на владата од пред неколку недели, кога се споменуваа 1.200 борци и 60 мртви. Кон средината на...

Франција мобилизира 10.000 војници

Франција мобилизира дополнителни 10.000 војници за да ја зајакне безбедноста по минатонеделните напади, а повеќе од илјада полицајци ќе бидат распоредени за заштита на еврејските училиште. Министерот за одбрана на Франција, Жан - Ив ле Дриан, соопшти дека војниците од вторник ќе бидат распоредени по најчувствителните места. Изјавата доаѓа по денешната средбата на францускиот кабинет, посветена на безбедноста. Седумнаесет лица минатата недела загинаа...

Светот се обедини на маршот во Париз

Милион и половина луѓе се собраа на централните градски улици во Париз за да се приклучат на маршот на солидарноста. Протестната прошетка, наречена „Плачам за слобода“, се одржува во чест на жртвите на неодамнешните терористички напади во Париз, кои почнаа во средата, со масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. Во нападите загинаа 17 лица, новинари, карикатуристи, полицајци и заложници, кои радикалните...

Светските лидери ќе учествуваат на Маршот на солидарноста во Париз

Повеќе од 40 шефови на држави, влади и нивни високи претставници денеска ќе му се придружат на францускиот претседател Франсоа Оланд на маршот во Париз, кој се организира во чест на 17 жртви на терористичките напади што почнаа со масакрот во сатиричниот весник „Шарли ебдо“. На поканата на францускиот претседател Франсоа Оланд за учество во големиот антитерористички протестен марш, одговорија највисоките претставници...

Ле Пен: Јас не сум Шарли!

Жал ми, но јас не сум Шарли, изјави денеска основачот на француската десничарска партија Национален фронт, Жан Мари ле Пен, реагирајќи на нападот на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица, вклучувајќи и осум новинари. - Денес сите говорат „Јас сум Шарли“ и „Сите ние сме Шарли“. Жал ми е, но јас не сум Шарли - рече Ле Пен...

Француската полиција сè уште трага по девојката на терористот Кулибали

Француската полиција сè уште трага по Хајат Бумедијен поради учество во престрелката во Монруж, во која беше убиена една полицајка. Парискиот весник „Паризиен“ јавува дека Бумедијен не е меѓу лицата што се убиени или ранети во вчерашните заложнички драми во Париз. Безбедносните служби на Франција, вчера, околу 17 часот, ја завршија потерата по терористите, браќата Саид и Шариф Кауши, како и Амеди...

Ал Каеда се закани со нови напади во Франција

Јеменскиот разгранок на Ал Каеда ќе продолжи со нападите врз Франција, се закани шеик Харит ел Надари, верскиот лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (АКАП). „Никогаш нема да бидете безбедни сè додека се борите против Алах, неговиот пророк и неговите верници“, стои во пораката, во која се поздравуваат нападите во Париз и се опишуваат напаѓачите како „херои муџахедини“. Истовремено, АКАП во...

Заложничките драми низ Париз го шокираа светот

Неколку сериозни заложнички драми што се одвиваат денеска во и околу Париз, ги шокираа Франција и целиот свет. Едната со двајцата браќа Коуши по кои се трага по масакрот во магазинот „Шарли ебдо“, а другата во супермаркет за кошер-храна. Не е докрај јасно дали и како двата настани се поврзани, но тие само го потврдуваат неколкудневниот кошмар што Франција го доживува во...

Париз: Евакуиран плоштадот Трокадеро по лажна тревога

Трет вооружен инцидент е регистриран во Париз, јавуваат светските медиуми. Засега нема детали за инцидентот, но локалните медиуми јавуваат дека полицијата го евакуира плоштадот Трокадеро, во близина на Ајфеловата кула. Како што јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од француската полиција, станува збор за лажна тревога. Tirs dans le metro ? #trocadero #charliehebdo ? pic.twitter.com/cZJWTS2Blh — Julien Escro (@JulienEspio) January 9, 2015 A Trocadéro,...

Двајца убиени и 20 ранети во Дамартин

Неофицијално, две лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во нападот на печатницата во која влегоа двајцата браќа што се осомничени дека во средата го извршија нападот на „Шарли ебдо“. Полицијата ја опколи печатница и се обидува да ги натера осомничените да се предадат. Таа преговара со терористите бидејќи  држат неколку лица во заложништво. Драматичната потера се одвива на 30 километри северно...

Двајца убиени во новата заложничка драма во Париз (директно)

Најмалку две лица се убиени во супермаркетот во Париз, во кој влета неидентификуван маж и киднапира неколку лица. Засега не се знае дали напаѓачот е поврзан со браќата Кауши. За време на нападот во супермаркетот, две лица загинаа, а уште најмалку пет се држат како заложници во супермаркетот. Напаѓачот упаднал во бакалницата со кошер-производи, а како што јавуваат француските медиуми,...

Франција: Идентификуван убиецот на полицајката од Монруж

Полицијата го идентификуваше лицето што во вчерашната престрелка ја уби полицајката во Монруж, на југот на Франција. Приведени се две лица блиски до осомничениот. Француските власти повеќепати истакнаа дека убиството на полицајката во Монруж не е поврзано со терористичкиот напад на „Шарли ебдо“. Сепак, весникот „Фигаро“ истакнува дека иако нападите не се поврзани, лицето што ја уби полицајката и браќата Куаши ѝ припаѓаат...

Во тек е потера по осомничените за масакрот во „Шарли ебдо“ (директно)

Истрели од огнено оружје се регистрирани во близина на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ за време на автомобилската полициска потера по двајцата осомничени за масакрот во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“. Како што јавуваат француските медиуми, осомничените, наводно, успеале да заземат печатница, во која има повеќе луѓе. Полициските извори потврдуваат дека осомничените браќата Шериф и Саид Куаши имаат заложници, но француското...

„Шарли ебдо“ ќе излезе в среда во милионски тираж

Следното издание на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, во кој вчера беа убиени 12 лица, ќе излезе следната среда во милион примероци, наместо во 60.000 како што излегуваше досега, соопшти Патрик Пелу, познат француски доктор и член на редакцијата. - Ќе продолжиме. Одлучивме да го издадеме новиот број следната седмица. Сите се согласивме со тоа. Немаме право да се откажаме - нагласи Пелу,...

Франција: Нападнати три муслимански места

Најмалку три муслимански култни места вчеравечер се нападнати по масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој беа убиени 12 лица. Како што јавуваат француските медиуми, три гранати се фрлени врз џамија во западниот француски град Ман, двапати било стрелано врз муслиманска молитвена сала во Пор ла Нувел во Јужна Франција, а експлозија одекнала пред арапски ресторан во Лион, на истокот...

Франција: Експлозија во близина на џамија

Бомба денеска експлодира пред ресторан во близина на џамија, во источниот францускиот град Вилфранш суд Сон. Како што јавуваат француските медиуми, нема повредени во експлозијата на бомбата, која беше поставена пред ресторан. Локалните власти соопштија дека станува збор за криминален акт.

Светските карикатуристи реагираа на нападот врз „Шарли ебдо“

Карикатуристи од сите страни на светот, згрозени од вчерашниот масакр во францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“, ги затрупаа социјалните мрежи со цртежи во знак на поддршка на убиените новинари и карикатуристи.

Насловни страници на „Шарли ебдо“ кои го разбрануваа светот

Новинарите и карикатуристите на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ платија со своите животи за тоа што немаа влакна на јазикот, но зад себе оставија десеттина насловни страници на кои без пардон го критикуваа целиот свет. Некој, можеби, би рекол дека особено целеле кон исламот, но тоа е далеку од вистината. Всушност, Исус неколкупати беше „ѕвезда“ на нивните насловни страници, како и...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...