fbpx
Таг: Франција

таг: Франција

Франција: Уапсени осум осомничени терористи

Осум лица се уапсени во Париз и во Лион поради сомневање дека се дел од мрежа за регрутирање борци за џихадистите од групата Исламска држава во Сирија, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев. Како што јавуваат француските медиуми, уапсените не се поврзани со минатомесечните терористички напади во Париз.

Голема антитерористичка акција во Франција

Во околината на Монпелје, во јужниот дел од Франција, се одвива голема полициска акција против џихадистите. Според светските медиуми, упасени се најмалку пет лица осомничени за вмешаност во регрутирање џихадисти, на кои им била одредена мерка притвор. Француската полиција соопшти дека во градот Лунел, кој има повеќе од 25.000 жители, петмината организирале џихадистичка мрежа.  

Франција: Поранешни војници се приклучиле на џихадистите

Десетина поранешни француски војници, повеќето од нив поранешни членови на елитните единици и на Легијата на странци, им се придружиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, соопштија извори од француското министерство за одбрана. - Проценивме дека десетина поранешни војници се приклучиле кон овие мрежи... Наша грижа не се поранешните војници..., туку да се спречи феноменот на радикализирањето на нашите...

Франција го зголемува надзорот на осомничените џихадисти

Француските власти ќе надгледуваат околу 3.000 лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористички мрежи, соопшти премиерот на Франција, Мануел Валс, додавајќи дека тоа е дел од новите владини мерки за сузбивање на радикалниот исламизам во земјата. Влас најави ангажирање на дополнителни 2.680 припадници на полицијата, жандармеријата или разузнавачките служби за да се зголеми безбедноста на земјата, како и...

Франција: Руски државјани подготвувале атентат

Пет руски државјани со чеченско потекло се уапсени во францускиот град Безие, под сомневање дека подготвувале атентати, пишува денеска весникот „Миди либр“. За време на полициската акција, откриен е експлозив скриен во близината на стадионот „Сослиер“.

20 терористички ќелии подготвуваат напади во Европа

Околу 180 лица од најмалку 20 терористички ќелии, кои допрва треба да бидат активирани, се подготвени да извршат терористички напади во Франција, Германија, Белгија и во Холандија, јавува американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Разузнавачките агенции од ЕУ и тајните служби од Блискиот Исток откриле дека постои „непосредна опасност“ за напад во Белгија, но и во...

Нова заложничка драма во Франција

Вооружен маж денеска зазел неколку заложници во пошта во Коломбо, во близина на Париз, јавуваат француските медиуми. Засега нема индикации дека инцидентот е поврзан со минатонеделните исламистички напади. Заложничката криза почнала околу пладне, кога маж со воено оружје се затворил во просториите на поштата. Полицијата засега не открива колку лица во поштата се држат како заложници. Францускиот весник „Фигаро“ јавува дека...

Лажна тревога на железничка станица во Париз

Париската Источна железничка станица е затворена и евакуирана откако на шините е забележан сомнителен пакет, јавуваат француските медиуми, наведувајќи дека станувало збор за лажна дојава. Неименуван полициски службеник соопштил дека станицата е превентивно затворена и евакуирана во осум часот наутро, но еден час подоцна сообраќајот е нормализиран. Источната железничка станица во Париз е една од најважните станици во Париз, која го...

Париз: Уапсени 10 лица за поддржување тероризам

Најмалку 10 лица синоќа се уапсени за време на антитерористичката акција на француската полиција во парискиот регион. Како што јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на судски извори, уапсените се поврзани со тројцата терористи кои минатата недела убија 17 лица. Тие се осомничени за давање „логистичка поддршка“ на терористите, како и нивно снабдување со оружје и обезбедување автомобили.

Погребани дел од жртвите од „Шарли ебдо“

Двајцата најпознати карикатуристи на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, кои заедно со уште 10 колеги беа убиени при минатонеделниот напад на џихадистите во Париз, денеска се погребани, еден ден откако е објавен новиот број на весникот кој беше распродаден за десеттина минути. Жорж Волински (80) и Бернар „Тињу“ Верлак (57) се погребани на приватна семејна церемонија на париските гробишта, додека...

Францускиот „Патриот акт“ веќе постои

Додека се множат парламентарните предлози за зајакнување на безбедносните мерки и за давање поголеми овластувања на француските безбедносни служби по масакрот во „Шарли ебдо“, експертите и медиумите во земјата потсетуваат дека лани во ноември Франција донела закон за „воена програмација“, кој овозможува прислушување и следење на комуникациите без судски налог. Овој документ се поистоветува со антитеростичкиот закон на САД, познат...

Нападнати 19.000 француски веб-страници

Околу 19.000 француски веб-страници се нападнати по терористичките напади во Париз, соопшти претставник на Одделот за кибернетичка одбрана, Арно Кустилијер. Голем дел од кибернетичките напади ги извеле „помали или поголеми организирани групи“, меѓу кои и добро позната Исламска хакерска група. Кустилијер наведе дека се нападнати веб-страници од различни сектори - од воени интернет-страници за регрутација до такви на пицерии. Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска порача...

Русија ѝ се заканува со тужба на Франција

Русија би можела да поднесе тужба против Франција во наредните шест месеци поради неиспорачувањето на носачот на хеликоптери „Мистрал“, соопшти денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојуг. - Ако договорот не биде испочитуван, ќе биде поднесена тужба - рече Шојуг, додавајќи дека Русија побарала од Франција официјално објаснување за неиспорачувањето на „Мистрал“ според спогодбата од 2011 година. Пред два дена, неименуван претставник на Федералниот завод...

Кулибали пред нападот во Париз бил во Мадрид

Францускиот терорист Амед Кулибали минал три дена во Мадрид пред минатонеделните напади во Париз, а шпанската полиција сега истражува дали таму имал поддршка од терористички ќелија, пишува шпанскиот весник „Ла вангардија“. Кулибали престојувал во Мадрид од 30 декември до 2 јануари заедно со уште едно лице, чиј идентитет не е утврден, пишува весникот. Шпанските власти заедно со своите колеги од Франција...

Франција: Застрелана полицајка пред резиденцијата на Оланд

Лице од возило во движење застрела полицајка пред резиденцијата на францускиот претседател Франсоа Оланд, јавуваат француските медиуми. Автомобилот синоќа се движел во погрешна насока во еднонасочната улица кон Елисејската палата, а потоа возачот ја застрелал полицајката, која веднаш е хоспитализирана. Како што јавуваат локалните медиуми, во автомобилот имало четири лица, кои веднаш по инцидентот го напуштиле местото, но две подоцна се...

Франција: Приведени 54 лица за поддржување тероризам

Париското јавно обвинителство денеска соопшти дека во последната седмица по масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, приведени се 54 лица кои го бранеле и величале тероризмот. Истовремено, покренати се 15 судски случаи поради испишување графити по џамии, како и десет случаи за оштетување муслимански места за молитви со оружје, подметнување пожар или експлозија. Приведувањата...

Ал Каеда ја презеде одговорноста за масакрот во Париз

Хероите добија задача и ја извршија, изјави лидерот на Ал Каеда во Јемен, Насер Бен Али ал-Анаси, во видеопорака со која ја презеде одговорноста за нападот врз парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. Во видеопораката се наведува дека браќата Саид и Шериф Кауши го извршија нападот врз „Шарли ебдо“ на барање на Ајман ал Завахири, кој побарал одмазда за навредата на...

Новиот број на „Шарли ебдо“ распродаден за 15 минути

Првиот број на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“ по минатонеделниот напад на редакцијата, веднаш е распродаден откако се појавил во трафиките во Франција. - Тоа е неверојатно. Имаше 60-70 луѓе кои чекаа ред за да отворам. Никогаш не сум видела нешто слично. Сите мои 450 примероци ги продадов за 15 минути - вели продавачка од трафика во Париз. Најновото издание на „Шарли ебдо“ на насловната...

Сатиричниот весник „Окован патор“ доби смртна закана: „Вие сте на ред“

Најпопуларниот и најтиражниот францускиот сатиричен весник „Ле Канар еншен“ (Окован патор) добил закани дека „нему му е ред“ и тоа еден ден по масакрот во парискиот неделник „Шарли ебдо“. Полицијата го засили обезбедувањето на весникот и почна истрага. „Вие сте на ред“, стои во пораката, во која се објаснува дека новинарите ќе бидат распарчени со „секира“. „Имајќи ги предвид околностите, надзорот...

САД ѝ доставија податоци на Франција за терористите

Американските тајни служби му доставија податоци на официјален Париз за движењето на лица кои се поврзани со минатонеделните терористички напади. Како што соопшти портпаролот на Белата куќа, Џош Ернес, податоците за историјата на патувањето на овие лица треба да помогнат во расветлување на настанот и да откријат кој сè е поврзан со него.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...