fbpx
Таг: Франсоа Оланд

таг: Франсоа Оланд

Оланд: На дневен ред е иднината на планетата

Францускиот претседател Франсоа Оланд порача дека „самиот живот“ е на дневниот ред на меѓународниот самит посветен на климатските промени во Париз, изразувајќи увереност дека на крајот на конференцијата ќе биде постигнат универзален и принуден договор за намалување на глобалното загревање. - Овој самит се однесува на иднината на планетата, иднината на животот – рече Оланд на отворањето на Самитот, притоа...

Претседателот Иванов на Самитот на ОН за климатските промени во Париз

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, утре ќе учествува на отворањето на 21. Самит за климатски промени (COP21), што се одржува во Париз од 30 ноември до 11 декември, соопштија попладнево од кабинетот на Иванов. Претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се обрати на главната сесија на лидерскиот сегмент на самитот, кој свечено ќе биде отворен од...

Оланд: Франција е вовлечена во кукавичка војна

Во Париз е одржана национална комеморација за 130 жртви на терористичкиот напад од 13 ноември. Во трогателниот говор, францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека „Франција е вовлечена во кукавичка војна, но оти Французите не сакаат да бидат вовлечени во омраза и страв“. #BREAKING Hollande: We'll respond to attacks by 'singing more songs', going to concerts, stadiums pic.twitter.com/7EfSWMcTfm— Agence France-Presse (@AFP) November...

Кери: Милитантите на ИД се психотични монструми

Милитантите на Исламска држава (ИД) се психотични монструми, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, кој денеска е во посета на Париз, на средба со францускиот претседател, Франсоа Оланд, јавуваат светските медиуми. Посетата на Кери на Париз, како што пренесува „Би-Би-Си“, е за да се демонстрира поддршката што Вашингтон му ја дава на својот клучен сојузик по терористичките напади. Претседателот Оланд вчера соопшти дека...

Оланд: Франција е во војна, ќе ја уништиме ИД

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, изјави дека земјата е во војна и дека Европа мора итно да реагира за да не дојде до нејзина деконструкција. Оланд говореше пред двата дома на францускиот парламент во Версај, што се случува многу ретко, а своето обраќање го почна со една минута молк, во чест на жртвите на терористичкиот напад во Париз. - Ова не е...

Иванов упати писмо со сочувство до францускиот претседател Оланд

По повод терористичките напади во Париз, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати сочувство до претседателот на Франција, Франсоа Оланд. „Со шок, неверување и со чувство на огорченост ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз и длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот чин. Ова е напад не само против граѓаните на Париз, туку и против врвните европски...

Масакр во Париз: 160 загинати во серија терористички напади

Најмалку 120 лица се убиени во париската концертна сала „Батакло“, додека други 40 загинаа во серијата бомбашки напади и пукања во главниот град на Франција. Француските медиуми јавуваат дека 120 загинати е билансот по полициската акција во салата „Батакло“, каде група вооружени лица држеа стотина заложници. Безбедносните сили упаднале во „Батакло“ за да ги ослободат луѓето што беа заложници, наводно, на џихадисти. Тројца напаѓачи се...

Путин со Меркел и со Оланд на 2 октомври во Париз

Рускиот претседател, Владимир Путин, на 2 октомври, во Париз, ќе има одвоени средби со германската канцеларка, Ангела Меркел, и со францускиот претседател, Франсоа Оланд, соопшти главниот советник на Кремљ. Путин нема да има одвоени разговори со украинскиот претседател Петро Порошенко. Путин и Порошенко ќе се сретнат во рамки на четиристраните преговори за решавање на украинската криза, рече политичкиот советник на Кремљ,...

Оланд, Меркел, Порошенко и Путин телефонски разговарале за состојбата во Украина

Лидерите на Франција, Германија, Украина и на Русија синоќа телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и го поздравиле примирјето, кое во голема мера се почитува од 1 септември, соопштија од канцеларијата на францускиот претседател. Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Петро Порошенко и Владимир Путин се договориле дека исто така е потребно „да се направи сè за да се задржи и специјалната...

Франција планира воздушни напади против ИД во Сирија

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, наредил армијата да се подготви за почнување воздушни напади врз позиции на Исламска држава (ИД) во Сирија, јавуваат светските медиуми. Според информациите, Оланд изјавил дека Франција утре треба да почне со извидувачки прелети, како дел од подготовките за напад на милитантите на ИД. Тој, истовремено, отфрлил секаква можност за ангажирање копнени трупи во Сирија. Според Оланд, станува збор...

Меркел и Оланд: ЕУ заеднички да одговори на бегалската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд повикаа на заеднички одговор на ЕУ на бегалската криза која тие ја нарекоа најлошата која ја погодила Европа по Втората светска војна. - Мораме да направиме единствен систем за право на азил – рече Оланд истакнувајќи дека приливот на бегалци од кризните зони во светот е исклучителна ситуација која ќе трае...

Меркел и Оланд ќе разговараат за кризата со мигрантите

На денешниот состанок во Берлин, францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел ќе разговраат за кризата со мигрантите, соопштија од Елисејската палата. Во соопштенето се додава дека мерките усвоени кон крајот на јуни не биле доволни и брзи за надминување на проблемот. Претходно германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер оценија дека политиката спрема...

Оланд, Меркел и Порошенко во понеделник ќе разговараат за Украина

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд и германската канцеларка, Ангела Меркел во понеделник во Берлин ќе се сретнат со украинскиот претседател Петро Порошенко со кој ќе разговараат за ситуацијата во Украина, соопшти францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус. И покрај договорот за прекин на огнот, на истокот на Украина повторно дојде до ескалација на конфликтот помеѓу проруските бунтовници и украинската...

Оланд: Франција без проблем ќе најде купувачи за воените бродови

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека нема да има никакви проблеми да се пронајдат нови купувачи за два воени брода од класата „мистрал“ што требаше да ги купи Русија, пред официјален Париз да го раскине договорот за продажба. Оланд ова го изјави во египетскиот град Исмалија, каде присуствуваше на церемонијата по повод свеченото отворање на новиот Суецки Канал. Два француски носачи на...

Оланд: Грција ќе остане во еврозоната

Грција ќе остане членка на еврозоната и со побараните драстични реформи и заштеди, од ЕУ ќе добие поддршка од 80 милијарди евра за да може да ги заздрави економијата и државата, за на крај да може да го отплати долгот од 250 милијарди евра. Ова го изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, по состанокот на шефовите на држави и на влади на...

Целосен грчки предлог, утре?

Грција, според неофицијални информации, денеска не поднела нови предлози до кредиторите. Грчките медиуми се повикуваат на владини извори и пренесуваат дека на преговарачката маса на Еврогрупата, Грција ги поднела предлозите на премиерот Алексис Ципрас од минатата недела, кои во тој момент воопшто не беа разгледани бидејќи министрите за финансии се изјаснија дека ќе чекаат исход од референдумот пред да...

„Л’Обс“: Франција била прислушувана, но и самата прислушувала

Франција, која според неодамнешните откритија била цел на прислушување од САД, и самата ги прислушувала комуникациите меѓу Европа и остатокот од светот, преку подморски кабли, тврди францускиот неделник „Л’Обс“ (L’Obs). „Од почетокот на 2008 година, тогашниот претседател Никола Саркози им дозволи на тајните служби при Општата управа за надворешна безбедност (ДГСЕ) да постават тајни инсталации на францускиот брег за прислушување...

Грција во трка со времето

Европската Унија и САД праќаат нови пораки и апел до Грција да се забрзаат преговорите и да се дојде до конечен договор. На синоќешната средба на силната европска тројка, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, според светските медиуми, присуствувале и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, и првиот човек...

Оланд: Неопходен е притисок врз Москва и врз проруските сили

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија и врз проруските сили во Украина за да се почитува прекинот на огнот, постигнат во февруари. - Јасно е дека прекинот на огнот не се почитува во целост – рече Оланд пред новинарите на самитот на ЕУ за Источно партнерство во Рига. Францускиот лидер рече дека ситуацијата и...

Меркел: Има уште многу до постигнување договор со Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Рига, изјави дека останува уште многу да се направи за да се избегне финансискиот колапс на Грција. Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на маргините на Самитот за Источното партнерство, околу два часа разговараа со Ципрас. Оланд по состанокот изјави дека на оваа средба не било планирано да се...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...