Таг: францускиот предлог

таг: францускиот предлог

Урсула фон дер Лајен во македонското Собрание: Македонски јазик без квалификации, Европа ве чека

Ursula fon der Lajen vo Sobranie 14jul22 screenshot
Сакав да бидам денес овде за да се обратам директно, за од мене да слушнете дека Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште чекор кон нашата унија. Вашата држава е на пат да стане членка на ЕУ. Ова го порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при денешното обраќање во македонското Собрание. „И сега,...

Пендаровски: Македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски за време на денешната средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на Европската Унија. Пендаровски го реафирмираше ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен...

Контраспин: Нема потврда дека „вo сите идни документи на ЕУ“ македонскиот јазик ќе оди со додавка или фуснота

Голема група интелектуалци кои се нарекуваат македонски учители излегоа во јавност со Манифест: Велиме НЕ на понижувачките услови во непристоен предлог. Во Манифестот, покрај сите други причини наведени во содржината, има еден дел околу јазикот, кој засега е спин, затоа што нема фактичка потврда дека такво нешто ќе се случи во текот на евентуалното  пристапување на РСМ кон ЕУ...

Борел и Блинкен го поздравија францускиот предлог: Духот на конструктивен компромис треба да инспирира

Жозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика и Ентони Блинкен, државниот секретар на САД во заедничка изјава го поддржаа францускиот предлог. „Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на...

Дојче веле: Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата

Според документацијата до којашто дошло Дојче веле, Бугарското Министерство за надворешни работи смета дека е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист“ македонски јазик во Преговарачката рамка, но францускиот предлог го смета за нешто на што не можело ни да се надева до пред само 6 месеци. Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик,...

Вистиномер: Дезинформациите и манипулациите за и околу францускиот предлог

Серија дезинформации и манипулации кружат околу предлогот на француското претседателство на ЕУ на јавната сцена. Некои се бесмислени, но не и наивни и невини, други се однесуваат на самиот текст од документот, но имаат проблем со сопствената политичка позадина и потребата од стекнување политички поени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Контроверзиите и несогласувањата околу таканеречениот...

Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава

По падот на коалициската влада на Бугарија, предводена од Кирил Петков, на која вчера ѝ беше изгласана недоверба, во официјална Софија треба да уследат консултации на бугарскиот претседател Румен Радев со парламентарните групи пред да реши на која партија или коалиција ќе го врачи првиот мандат за составување нова влада, а тоа би требало да биде „Продолжуваме со промената“...

Францускиот предлог пристигнал во Бугарија, бугарските политичари засега одбиваат да го кренат ветото

Предлогот на Француското претседателство со ЕУ за надминување на бугарското вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ стасал до Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и вчера се дискутирало за него во парламентарната Група за пријателство со Франција, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на два независни извора од парламентот. БНР поседува примероци...

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...