вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ФООМ | 46 резултати

Само секој четврти смета дека постои вистинска универзитетска автономија

21 јуни 2019

Според новото истражување спроведено од Независниот академски синдикат (НАС), едвај секој четврти припадник на академската ззаедница верува дека во земјава е целосно остварена универзитетска автономија. Односно, како што велат истражувачите, тоа е последица на перцепцијата дека постои влијание врз раководствата на високообразовните установи од страна на властите. Истражувањето, кое е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено […]

Прв состанок на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност

10 јуни 2019

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Фондацијата Отворено општество – Македонија и министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија. Денеска се одржа првиот состанок на […]

Блупринт групата достави решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

21 мај 2019

Блупринт групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, денеска до министерката за правда достави документ со предлог измени на членовите 32, 34 и 105 од Предлог-Законот за Јавното обвинителство. Како што информираат од групата, на состанок со министерката Рената Дескоска минатата седмица било договорено нивните предлози и коментари за законот, […]

Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

18 април 2019

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ – Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците. Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот […]

ФООМ: Новиот предлог закон за слободен пристап до информации ќе ја зголеми отчетноста

19 февруари 2019

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) го поздравува процесот на финализирање на Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во кој се внесени измените за кои се залагаше Фондацијата во процесот на подготовка на Предлог-законот. „Од особена важност е проширувањето на листата на иматели која се утврдува во новиот Предлог-закон. Поточно, во новиот […]

ФООМ ги додели наградите од конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници“

8 февруари 2019

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денеска ги врачи наградите на најдобрите средношколци и наставници наградени во конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници за добри наставни пракси“. На церемонијата зборуваа Фани Каранфилова – Пановска, извршна директорка на ФООМ, како и Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука. -Oбразованието е една од клучните области кои […]

Хелсиншкиот комитет дал бесплатна правна помош на повеќе од 5.300 текстилци

31 декември 2018

Македонскиот Хелсиншки комитет (МХК) им понудил бесшлатна правна помош на 5.379 работници во 82 конфекции во текстилната индустрија во периодот од февруари до декември годинава, во рамки на проект за правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија иницирал 37 управни постапки за прекршување на работничките права на […]

16 граѓански организации побараa итно да се повлечат измените на Кривичниот законик

28 декември 2018

Вкупно 16 граѓански организации денеска од претседателот на Собранието и од пратениците-предлагачи, побараа итно да го повлечат Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка. Тие сметаат дека со промената во членовите на Кривичниот законик, ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни […]

Џорџ Сорос е личност на годината според „Фајненшел тајмс“

19 декември 2018

Американскиот филантроп и милијардер Џорџ Сорос денеска од британскиот економски дневен весник „Фајненшел тајмс“ беше прогласен за личност на 2018 година. „За личност на годината „Фајненшел тајмс“ обично решава врз основа на достигнувањата. Во случајот на Сорос оваа година, одлучено е врз основа на вредноста што тој ја претставува“, се вели во образложението. Џорџ Сорос […]

Граѓанските организации поставија рок од 10 дена за одговорност за бегството на Груевски

4 декември 2018

Вкупно 14 граѓански организации, меѓу кои и Фондација Отворено општество – Македонија, Фондацијата „Метаморфозис“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, денеска упатија втора реакција до власта, поставувајќи рок од 10 дена да се лоцира одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Во спротивно, порача граѓанскиот сектор, ќе се бара политичка одговорност […]

Објавен финалниот извештај за медиумските реформи

22 ноември 2018

Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој се однесува на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) за слободата на изразувањето го објави финалниот извештај кој сумарно ги презентира генералните резултати од набљудувањето, во периодот од 1 јули 2017 до 30 септември 2018 година. Во извештајот, во однос на исполнувањето на реформите, […]

Осуда за пропустите на МВР и Кривичен суд за бегството на Груевски стаса од 14 организации

15 ноември 2018

Вкупно 14 истакнати граѓански организации денеска упатија остра осуда за, како што велат, пропустите, неажурноста и непочитувањето на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи (МВР), кои резултираа со бегството на Никола Груевски од […]

Граѓанска кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“

10 септември 2018

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“ денеска со првото издание на весникот „ЕУрека“, кој бесплатно ќе се дели на фрекфентни места низ целата држава, ја започна информативната кампања со која во следните недели ќе се обиде на граѓаните да им понуди информации поврзани со придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО. Под слоганот „Зачекори […]

Трет периодичен извештај за медиумските реформи утре во Клубот на новинари

22 мај 2018

Утре во 11 часот во Клубот на новинарите ќе биде презентиран третиот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за промовирање на граѓански вредности „Агора“ и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија. […]

Македонија има шанса за отворено општество, но само ако реформите продолжат

21 мај 2018

Македонија има шанса за отворено општество, но мора да се продолжат реформите во владеењето на правото, слободата на изразување, транспарентноста, отчетноста, економскиот развој и борбата против говорот на омраза и ксенофобијата, се дел од заклучоците на денешната конференција „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?“ организирана од Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ). На конференцијата, организирана […]

Дескоска: Работиме за да изградиме достоинствена професија наставник

16 мај 2018

Неопходни се дополнителни образовни реформи со кои би се подобриле професионалните компетенции на наставниците, но тие нема да дадат соодветен ефект доколку државата не ги вклучи и наставниците во процесот на планирање и подготвување на тие реформи. Ова е дел од заклучоците кои беа истакнати на конференцијата „Образовни реформи: предизвици и перспективи во образованието на […]

„Слободата и интернетот во Македонија“: Приватноста, лажните вести и говорот на омраза се новите предизвици

11 мај 2018

Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје се одржa конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ како дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) – #ФООМ25. На конференцијата се дискутираше за развојот на интернетот во земјава, за предизвиците со кои се […]

Почна одбележувањето на јубилејот 25 години на Фондацијата Отворено општество – Македонија

4 мај 2018

Во Музејот на современата уметност во Скопје вчеравечер беше свечено отворена прославата на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Пред бројни гости, одбележувањето на големиот јубилеј почна со промоција на документарен филм и изложба „25 години посветени на градењето отворено општество во Македонија“, преку кои присутните се запознаа со работата на […]

Владата прави реформски промашувања наместо да спроведува итни реформи

11 ноември 2016

Владата нема реформски капацитет, а Македонија се движи во погрешна насока затоа што има предоминантна извршна власт, која влијае на судството и на собранието, е заклучокот од дебатата „Итните реформски промашувања“, организирана од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ) и од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО). Бојан Маричиќ од МЦЕО вели дека по изборите […]

Музички и уметнички настани за борба против ксенофобијата

22 септември 2016

Со националната кампања против ксенофобија „Деца на планетата Земја“, завршува проектот „Хуманитарна и правна помош за мигранти“, кој Фондацијата „Отворено општество“ го реализираше од 1 септември 2015 година до 30 септември 2016 година во соработка со партнерските организации „Легис“, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија. Во наредните два […]

Страна 2 од 3