fbpx
Таг: фондација Метаморфозис

таг: фондација Метаморфозис

Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис. Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов - сообраќајниот хаос и аерозагадувањето. Носиме...

Топ три причини зошто да присуствуваш на „е-Општество.мк“

На 6 декември започнува осумнаесеттото издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ кое годинава се фокусира на темата „Сајбер отпорност за слобода и безбедност“. На оваа конференција, фондацијата „Метаморфозис“ ќе собере локални и странски експерти, новинари, активисти, државни службеници и други релевантни општествени чинители кои ќе зборуваат за приватноста и безбедноста во дигиталната ера, како и за поттикнување и негување на...

Нетранспарентност: Повеќето општински советници од Центар и Чаир над три недели не одговараат на прашања

Најголем дел од советниците од општинските совети од Чаир и Центар ги игнорираат новинарските прашања кои Мета.мк и Порталб.мк ги поставија пред повеќе од три недели. Во Центар ги прашавме на темата за поскапувањето за зонското паркирање на ЈП ПОЦ, како и транспарентноста и отвореноста на седниците на општинскиот совет во Чаир. Од вкупно 50 советници во советите на...

Осум години „Мета.мк“ – професионално новинарство одговорно кон јавниот интерес

Новинската агенција „Мета.мк“ деновиве прославува осум години од нејзиното основање. Со официјална работа започна на 11 ноември 2014 година, во рамки на Фондацијата „Метаморфозис“, која е и нејзин основач. Во досегашното функционирање, во редакцијата на „Мета.мк“ свој траг во работењето оставија десетици новинари, а севкупно имаме објавено над 79.000 текстови - вести, интервјуа, анализи, репортажи, истражувачки стории, како и...

Проекција на филмот „Сестри“ и дискусија за сајбернасилството на 7 декември во Кинотека

На 7 декември во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи настанот „Сајбернасилство: Последици во реалниот живот“ во организација на Фондацијата „Метаморфозис“. Настанот ќе започне со бесплатна проекција на филмот „Сестри“, кој е првиот и единствен македонски филм достапен на стриминг платформата „Нетфликс“ и во кој се обработува темата сајбернасилство. По проекцијата ќе се одржи панел-дискусија за сајбернасилството на која...

Асоцијацијата ЕФЦСН претставена во Брисел како поборник и гласник на проверувачите на факти од Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (European Fact-Checking Standards Network -EFCSN) ги претстави своето управно тело и новосоздадениот Кодекс на професионални стандарди на јавна церемонија во Брисел на 16 ноември. На настанот присуствуваа и претставници на институции на ЕУ, платформи за дигитални медиуми и на граѓанското општество. Во текот на изминатава година, ЕФЦСН собра повеќе од 50 организации...

Меѓународна конференција за дезинформациите околу војната во Украина: Првата одговорност на новинарите е кон вистината

Војната во Украина, руските агресорски дејствија, пропагандата и дезинформациите што се шират од руските центри на влијание во онлајн просторот и во некои медиуми, практиката на спротивставувањето на ваквите дезинформации и полувистини, преку искуствата на украински, бугарски па дури и руски новинари што ја напуштиле земјата. Меѓу нив и потресни сведоштва за ситуацијата и страдањата во Украина. За овие теми...

Стојановски: Индустријата на дезинформации има различни извори, дел од нив се поврзани со странски влијанија од Русија

Војната во Украина ги активираше странските влијанија, особено оние од Русија и дезинформациите кои доаѓаат оттаму, изјави Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис во вчерашното издание на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. Како дел од дезинформациите, Стојановски ги посочи вестите со наводно постоење биолошки лаборатории, како и со „нацистите“ кои ја воделе Украина. „Оваа војна што се случува сега во Украина...

Вечерва дебата на тема „Инфодемија – Како да останеме на вистинската страна?“ на ТВ 21

Директорот за партнерство и развој на ресурси на Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и комуникологот Бојан Кордалов ќе гостуваат во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 посветена на темата „Инфодемија - Како да останеме на вистинската страна?“. Тие ќе разговараат како да се остане на страната на вистината откако заврши пандемијата на ковид-19, но остана...

Една година по изборите, ги прашавме советниците од Центар и Чаир за теми од интерес на граѓаните

Во октомври лани се одржаа локални избори во земјава, со кои 80 општини и Градот Скопје добија нови градоначалници и совети. По 12 месеци функционирање на новите  раководства на локалните самоуправи, Мета.мк и Порталб.мк се одлучија да им пишат на советниците во две општини од земјава и да ги прашаат за теми што се од големо значење за граѓаните. За...

Дебата: Во Западен Балкан постојано има дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата

Дезинформациските наративи се различни во секоја од земјите во Западен Балкан, но она што можеше да се забележи изминативе месеци е дека насекаде се присутни дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата, како едно од малцинствата кое е подложно на напади во сите земји. Ова беше напоменато на денешната панел-дискусија „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, која се...

Во понеделник панел-дискусија: Различностите и дезинформациите во Западен Балкан

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во понеделник (31 октомври), со почеток од 14 часот, ќе организира онлајн панел-дискусија на тема „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, на платформата за видео комуникација Zoom. Панел-дискусијата ќе биде од регионален карактер, со учество на претставници на организации од Западен Балкан кои се борат против дезинформации и кои ќе ги споделат своите искуства...

Фондација Метаморфозис на конференцијата „Дигитални вештини за граѓански ангажман“

На 27 октомври, Фондација Метаморфозис беше дел од конференцијата „Дигитални вештини за граѓански ангажман“ организирана од страна на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21. Конференцијата беше посетена од заинтересирани млади лица од средни училишта и професори кои биле дел од проектот. Воведни обраќања имаа претседателката на МААА, Верица Јорданова, Марлен Нис, службеник за односи со...

Со отворање на изложба, започна иницијативата „Проѕирниот човек“ на Гете-институтот и Фондацијата „Метаморфозис“

Со отворање на интерактивната изложба „What the future wants“ во Јавна соба во Скопје денеска беше означен почетокот на иницијативата „Проѕирниот човек“ која ја спроведува Гете-институтот Скопје во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, со цел промовирање на медиумските и информативните вештини на помладата генерација и нивната околина - родители, наставниците и сите други заинтересирани луѓе. Настанот го отвори амбасадорката на С.Р....

Интервенција – „Проѕирниот човек“ за поголема медиумска писменост на младите

Интервенцијата „Проѕирниот човек“ која во организација на Гете-институтите во Југоисточна Европа ќе се отвори на 25 октомври во „Јавна соба“ нуди можност за младите и нивното опкружување да ја поттикнат нивната медиумска и информациска писменост и препознавање на феномените како сајбер-булинг, идеали за убавина, лажни информации и онлајн зависност. Оваа интервеција, како што истакнаа организаторите, е поттикната од неизбежната нова...

Грковска-Јашари: Граѓанскиот сектор има суштинска улога во дигиталната трансформација на општеството

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставници од Фондацијата „Метаморфозис“, предводени од извршниот директор Бардил Јашари, со кого разговараа за важноста на процесот на дигитална трансформација на општеството, информираат од владината прес-служба. Вицепремиерката Грковска ја изрази важноста на вклученоста на граѓанскиот сектор во сите општествени процеси, вклучително и во делот на дигиталната трансформација...

Дигиталната трансформација на јавните услуги – предизвик за земјите од Западен Балкан

Дигитализацијата на јавните услуги е современиот предизвик со кој се соочуваат земјите од Западен Балкан. Таа ретставува длабок процес за сите земји, којшто сепак не е невозможен, бидејќи земјите сега веќе напредуваат во оваа насока, некои помалку, а некои повеќе. Доволна е политичка волја, учење од позитивните практики на другите земји и истрајност на институциите со цел земјите да...

Конференција на ИЦЕДА: Мора да се забрза процесот на дигитализација на јавните услуги

Дигитализацијата е сегашноста и иднината, имајќи ги предвид реформите и напредокот на Албанија во оваа насока, колку побрзо државите ги дигитализираат своите јавни услуги, толку подобро и полесно е за граѓаните да ги добијат. Со оваа форма, исто така, се намалува и корупцијата. Ова беше главниот заклучок на граѓанските организации во регионалниот дијалог за Дигиталната агенда во Тирана, со фокус...

Државни органи без интернет-страници, без социјални мрежи и со портпароли „на одмор“

Варира нивото на транспарентност и отчетност кое го достигнуваат државните институции во однос на комуникацијата со јавноста. Дел од македонските државни органи котираат високо на листата на отчетни институции, дури и се рангирани најдобро во регионот, а други се на самото дно на истата листа, речиси сосема недостапни за граѓаните. Додека едни имаат разработено цели стратегии за комуникација, други...

Европските организации за проверка на факти усвојуваат Кодекс за професионални стандарди, Фондацијата Метаморфозис потписник од С. Македонија

Повеќе од 40 организации за проверка на факти ширум Европа усвоија професионален Кодекс кој ги дефинира стандардите на методологијата, етиката и транспарентноста потребни за целокупна и ефикасна борба против дезинформациите. „Европскиот кодекс на стандарди за независните организации за проверка на факти“, кој беше објавен денеска, е развиен преку проект кој вклучува организации за проверка на факти од повеќе од 30...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...