сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ | 24 резултати

ДЕБАТА: Нема доволно политичка волја за дигитализација на општинските услуги

февруари 8, 2022

Има недостиг на стратешки пристап за развивање на дигитализацијата на локално ниво, оти речиси сите стратегии во моментов се насочени на услугите што ги дава централната власт, а постои и недостиг на интегриран систем на јавни услуги што ќе овозможат одговорна и безбедна испорака на услуги за сите граѓани без исклучок. Отсуствува и разбирање на […]

Тимот Дисциндо победник на тридневниот хакатон за отворени податоци организиран од Метаморфозис

мај 21, 2021

Онлајн хакатонот за отворени податоци за студенти и стартапи го доби својот победник. Тимот Дисциндо понуди најдобро и најкреативно софтверско решение за предизвикот со кој се соочуваат единиците на локалната самоуправа при објавување на буџетот, во рамките на хакатонот којшто од 17 до 20 мај го организираше Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис во […]

Утре започнува ПОИНТ Конференцијата, со дискусија за изборите на Балканот во време на пандемијата

февруари 4, 2021

Поради ковид-19 пандемијата, водечката регионална годишна конференција за политичка одговорност и нови технологии – ПОИНТ се враќа во нов, онлајн, формат: POINT Talks. Утре (5 февруари), со почеток од 15 часот, ќе се одржи првиот од серијата настани, односно онлајн панел-дискусија на тема „Изборите за време на пандемија на Балканот“. Настанот ќе биде посветен на […]

СЕММ одлучи по жалби на „Метаморфозис“: Порталите „Лидер“, „Курир“ и „Нетпрес“ прекршиле членови од Кодексот на новинарите

јануари 4, 2021

Комисијата за жалби при СЕММ, Советот за етика во медиумите во Македонија, на 24 декември 2020 година, донесе одлука во врска со добиените жалби на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис за текст објавен на интернет порталите „Лидер.мк“, „Курир.мк“ и „Нетпрес.мк“, кои прекршиле неколку членови од Кодексот на новинарите. Во жалбата, меѓу другото, стои дека, […]

Јавните пари во медиумите и состојбата со МРТ се актуелни, но со делумно исполнети препораки на Прибе

декември 29, 2020

Медиумските експерти, новинарите и менаџерите на медиумите денеска развија опширна дебата околу прашањата за јавните пари во медиумите и состојбата во која се наоѓа Македонската-радио телевизија (МРТ), во рамките на настанот „До каде сме со медиумските реформи?“, што ја организираше Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и во чии рамки се презентираше финалниот мониторинг извештај […]

Недостаток на финансии, независност, човечки капацитет влијае на квалитетот на истражувачкото новинарство

декември 17, 2020

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии ги презентираа наодите од истражувањето „Значењето, присуството и свеста за критичко мислење и медиумска умешност во медиумската индустрија“, спроведено преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк “, кој се спроведува со поддршка од Европската Унија. Истражувањето сеопфатно […]

„е-Општество.мк“: Онлајн наставата крие многу ризици за злоупотреба на личните податоци на учесниците

ноември 26, 2020

Во онлајн наставата во образованието треба да се креира платформа преку која сите корисници, учениците, наставниците и родителите, ќе ја идентификуваат приватноста и безбедноста и ќе можат да ги контролираат податоците со цел да преземат мерки и да реагираат во случаи на инциденти од злоупотребата на нивните податоци. Биометриските податоци кои се користат во онлајн […]

Конференција „е- Општество.мк“: е-киоскот е пример од регионот за успешна дигитализација на услугите

ноември 25, 2020

Повеќе од 200.000 граѓани од Приштина во последните три години извадија документи од дигиталната машина „е-киоск“, која е во форма на банкомат и нуди пет типа на документи. Овој начин им го олесни на граѓаните вадењето на потребни документи за што претходно губеа многу време. Црна Гора пак им го олесни животот на граѓаните и […]

„е-Општество.мк“: Потребна е дигитална зрелост за да се постигне дигитална трансформација на општеството

ноември 25, 2020

Шеснаесеттото издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вклученост и ефективност-доброто владеење и интернетот“ започна денеска и за прв пат поради ковид-19 пандемијата се организира целосно онлајн. Настанот е во организација на Фондацијата за Интернет и општество „Метаморфозис“, а нејзиниот извршен директор Бардил Јашари во воведното излагање на почетната сесија се задржа на последиците што […]

Аспектите за кои треба да се има многу внимание: Безбедноста и приватноста на електронските услуги во РСМ (IV)

ноември 23, 2020

Безбедноста на интернет е еден од најголемите предизвици со кои се соочува современиот дигитален свет. Напредокот на технологијата и нејзиното вклучување во секој сегмент на функционирање на општеството и државните системи, го носела со себе и ризикот да преку сајбер напади, одредени структури или групи да стигнат до податоците или информациите, кои се суперсилна артилерија […]

„Не ни треба државјанство, имаме лична карта“, електронските услуги можат да отстранат од употреба низа документи (III)

ноември 22, 2020

Електронските услуги во РСМ би овозможиле некои документи, кои не треба да постојат, да бидат повлечени од употреба, бидејќи истите ги зголемуваат трошоците на граѓаните и преставуваат губење време при аплицирање и чекање за нивно добивање. „Идејата за дигитализација на регистрите во институциите е да се укинат некои документи, тие меѓусебно да разменуваат податоци, а […]

Порталот на РСМ за електронски услуги е полуфункционален, граѓаните имаат опрема, но не добиваат информации (II)

ноември 21, 2020

„Потребна е поголема посветеност од сите државни институции за искористување на целосниот потенцијал на е-порталот. Кризата со КОВИД-19 ја докажа важноста на дигитализацијата на јавната администрација и зајакнувањето на обезбедувањето онлајн услуги за граѓаните и бизнисите преку е-порталот“ – беше пораката во Извештајот на Европската комисија објавен на 6 октомври 2020 година, во врска со […]

Истражување: Граѓаните талкаат по шалтерите, С. Македонија е 10 години зад Европа во областа на дигитализацијата (I)

ноември 20, 2020

Граѓаните на Северна Македонија тешко можат да добијат документи „со само едно кликнување“ на Интернет. Ова се случува затоа што државата обезбедува ограничени електронски услуги, потенцијалот на е-порталот не се користи целосно, а граѓаните, иако имаат опрема, немаат доволно информации за електронските услуги. Според истражувањето што го направи „Порталб.мк“, произлегува дека дури не е познато […]

Во петок прогласување на победниците на конкурсот за НајООР наставник од основното образование

ноември 18, 2020

На 20 ноември (петок), со почеток од 13:00 часот, ќе се одржи краток онлајн настан преку платформата Zoom, каде Фондацијата Метаморфозис ќе ги објави победниците на овогодинешниот конкурс „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“. На настанот ќе се обратат Ќендреса Сулејмани, програмска директорка во Фондацијата Метаморфозис, и Наташа Анѓелеска, постара програмска координаторка во […]

Јашари: Има скромен напредок во исполнувањето на политичките критериуми за влез во ЕУ, но и натаму недостигаат реформи

ноември 13, 2020

Ако треба да се даде општа оценка или пресек на ситуацијата за демократските институции, владеење на правото, борбата со корупција, слободата на говор и медиумите во Р.С.Македонија за периодот кој беше предмет на нашето истражување во рамки на овој проект, општата оценка би била дека сме во скромна позитива во однос на претходниот период, ова […]

Фондацијата Метаморфозис организира онлајн настан „Дијалози за Дигиталната агенда“

октомври 22, 2020

На 30 октомври, со почеток во 11 часот, на ZOOM онлајн платформата, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира онлајн настан “Дијалози за Дигиталната агенда”, кој е во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА”, а е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, […]

СЕЕДиг објави препораки за мобилните апликации поврзани со борбата против ковид-19

септември 18, 2020

Меѓународната мрежа „СЕЕДиг“ посветена на дијалог за управување со интернет во југоисточна Европа (SEEDIG – South Eastern European Dialogue on Internet Governance) објави препораки до владите, здравствените власти и ИТ заедницата со кои дава насоки како да пристапуваат кон дизајнот и користењето на апликациите за следење на ширењето на Ковид-19, а притоа да водат сметка […]

Истражување на Метаморфозис: Наставниците се соочуваат со повеќе проблеми во онлајн наставата

септември 16, 2020

Ситуацијата со техничките помагала, пред сè лаптопи и компјутери, неопходни за одржување на задолжителната онлајн настава се главниот проблем кој се јавува и пред почетокот на новата учебна 2020/21 година. Речиси половина од учесниците (44,5 проценти) изјавиле дека во училиштето, за службени потреби, користат сопствен лаптоп. Додека пак, наставниот кадар, во најголемиот број случаи (84,9 […]

Метаморфозис објавува повик за новинари во „Мета.мк“ и „Порталб.мк“

јануари 15, 2020

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ објавува повик за ангажирање на новинари во редакциите на „Мета.мк“ и „Порталб.мк“. Кандидатите кои имаат искуство во новинарството може да имаат предност пред останатите, но одлучувачки фактор не е искуството туку нивната креативност и ентузијазам. Потребно е, за двата медиуми, кандидатите да имаат дигитални вештини. Од заинтересираните за работа […]

Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ следната недела во Скопје

ноември 22, 2019

Во организација на Фондацијата „Метаморфозис“, на 27 и 28 ноември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи 15. Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“. Конференцијата е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа) во кој седум организации од Западниот Балкан и […]

Страна 1 од 1