fbpx
Таг: ФИНКИ

таг: ФИНКИ

По хакерскиот напад, „iKnow“ системот на УКИМ е вратен во функција

„iKnow“ електронскиот систем на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е повторно во функција, велат за Мета.мк од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Системот профункционира откако три дена студентите, поради хакерски напад, не можеа да пристапат до истиот. Од ФИНКИ информираа дека студентите сега можат да ги пријават испитите за претстојната испитна сесија, како и дека повторно...

Ако се користи транспарентно, вештачката интелигенција ветува понатамошен развој во корист на човештвото

„И покрај капацитетите кои ги имаме, работната сила кај нас, а ова најверојатно важи и за целиот регион, сѐ уште е доволно евтина за да нема доволно интерес за автоматизација со ВИ, па заради тоа можеби ја имаме перцепцијата дека заостануваме“ - Д-р. Петре Ламески, продекан на ФИНКИ.  Минатата недела во Дубаи беше докажано дека изведувањето на лапароскопска операција со...

Возвратете ѝ на државата која ве школувала, им рече Шаќири на дипломците на ФИНКИ

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство е бренд во државата и сигурен сум дека и понатаму ќе остане препознатлив по квалитетот на знаењето кое им го нуди на младите и ќе биде избор на многумина од новите генерации кои допрва ќе влегуваат во светот на академското образование. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири,...

Боро Јакимовски е избран за нов декан на ФИНКИ

Професор д-р Боро Јакимовски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, е избран за нов декан на оваа високообразовна институција. Досега, два мандати по ред на позицијата беше проф. д-р Иван Чорбев. „Фокусот во мојата работа ќе биде најмногу на унапредување на условите на факултетот. Ќе работам на тоа да се обезбедат просторни услови, како што доликува на најголемиот...

Пендаровски се сретна со студентите од ФИНКИ што ја креираа алатката „Ховитцер“ на „Редит“

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на проектот „Лице в Лице“ оствари средба со студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, кои ја создадоа маркетинг-алатката за рекламирање „Ховитцер“ (Howitzer) на американската социјална мрежа „Редит“ (Reddit), информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Младите таленти-информатичари го запознаа претседателот Пендаровски со нивната иновација, начинот на кој дошле до...

Завршницата на гејминг настанот „MESA Spring Fest“ ќе се одржи викендов на ФИНКИ

Викендов ќе се одржи завршницата на големиот гејминг настан „MESA Spring Fest“, соопштија од Македонската Еспорт Асоцијација (МЕСА). По финализирањето на онлајн фазата која се одвиваше од 17 до 23 март, настанот преминува во завршница со физичко присуство. Тимовите кои се изборија за позиција во онлајн делот, во петок со почеток во 15:00 часот, како и во сабота и недела...

Младите најмногу сакаат да студираат за информатичари и лекари, најмалку за уметници [инфографик]

Бројот на лицата кои се запишуваат на факултетите и на високите стручни школи во државата се намалува, а младите најмногу сакаат да учат за електроничари, информатичари и математичари, најмалку за уметници. Тоа го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, факултетите за информатика, медицински и економски науки привлекуваат најголем број на студенти на првиот циклус на студии. Според...

Анализа: Во ИТ секторот јазот меѓу мажите и жените скоро и да не постои

За разлика од другите сектори во македонската економија, ИТ секторот се истакнува со тоа што јазот меѓу мажите и жените е скоро непостоечки. Во некои струки од индустријата, како на пример, дигитален маркетинг, односот е 55,56 отсто жени наспроти 44,44 отсто мажи. Низ текот на годините расте и бројот на дипломирани жени во формалното образование. Ако во 2013 година на...

Како се одвива онлајн полагањето? (Видео)

Поради пандемијата од ковид-19 факултетите беа приморани да организираат онлајн испитна сесија. Како се одвива тоа на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) можете да погледнете во ова видео: https://youtu.be/YbXd3Genrfk

Студентите ќе бидат под строг надзор за време на онлајн полагањето испити на ФИНКИ

Студентите во државата повеќе од два месеци следат настава онлајн. Во овој период се прават подготовки за колоквиумската недела, а факултетските раководства и професорите се подготвуваат за полагање испити на далечина, онаму каде што природата на студиите го дозволува тоа. Се чини дека најподготвен за овој подвиг очекувано е Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), кој освен...

Од понеделник сите факултети и студенти на онлајн настава, бара Адеми

Од понеделник сите високообразовни установи во земјата да воведат онлајн настава со цел да продолжи академската година и студентите да го совладуваат материјалот согласно студиските програми на кои се запишани. Оваа тема беше фокус на разговорот помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставници на јавните и приватните универзитети на денешната средба во Министерството за образование и...

Промовирана софтверската алатка „ПМ аларм” за прогноза на аерозагадувањето

Во рамки на активностите на „Планот за чист воздух за 2020 година“, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се одржа јавна презентација на софтверската алатка за прогноза на аерозагадувањето „ПМ аларм”, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. „ПМ аларм” e систем за прогноза на аерозагадувањето,...

Стопирани три објекти од „Скопје 2014“ поради проблемите на „Бетон“ – Штип

Skopje i Vodno sonce sonchevo krstot od Kale
Целосно застанаа градежните работи на објектите на ФИНКИ, Градска куќа и Офицерскиот дом, дел од проектот Скопје 2014, откако штипски „Бетон“ се најде во предстечајна постапка. Во вторник во Основниот суд во Штип се очекува предстечајниот управник Драги Димовски да поднесе извештај за состојбата во „Бетон“. Потоа главните доверители, кои побараа отворање на постапката, ќе одлучуваат дали ќе му дадат...

СДСМ скрати цели 213 милиони денари наменети за образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и за факултетите во земјава, а ветуваше подобри услови во високото образование“, изјави денеска на прес-конференција Јован Јаулески, член на извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека во текот на изборите се ветувало квалитетно високо образование и подобри услови за студирање, а сега „се блокираат инфраструктурни проекти, се укинуваат мерки...

Студенти на ФИНКИ и на ФФК засадија дрва на УКИМ

Студенти од Факултетот за физичка култура и на ФИНКИ заедно со нивните декани, Вујица Живковиќ и Иван Чорбев, во дворот на кампусот на Универзитот „Свети Кирил и Методиј“ засадија дрвја откако претходно преставници од „Студентски пленум“ го блокираа влезот на ректоратот. - Јас сум декан неколку месеци и не знам детали, но можам да ви кажам дека целата процедура за...

„Студентски пленум“: Бесплатниот превоз е злоупотреба за предизборни цели

Бесплатниот студентски превоз, кој пред неколку дена го најави премиерот Никола Груевски, е добредојдена мерка, но според моментот на најавување, сметаме дека е злоупотреба за предизборни цели, велат од „Студентски пленум“. - Мораме да кажеме дека оваа мерка е добредојдена, во место како Македонија каде што има 50 отсто младинска невработеност. Тоа е своевидно олеснување на животот на студентите. Меѓутоа, мораме...

„МИТ Технолоџи ривју“ рецензира студија на македонски научници

Студентката Верица Лазова и нејзиниот професор Ласко Баснарков од Факулетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), нашле нов начин да го искористат популарниот алгоритам за рангирање на интернет-страници на „Гугл“, овојпат за правење ранг-листа на најдобрите фудбалски репрезентации на сите времиња. Рецензија на нивната студија пред десетина дена објави престижниот портал „МИТ Технолоџи ривју“(MIT Technology Review). За да создадат комплетно...

За МОН е прифатлив предлогот од ФИНКИ

Предлогот на деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ, Димитар Трајанов, за работење на високообразовните установи во земјата според студиски програми кои делумно (60-70 отсто) би биле компатибилни со програмите на најдобрите европски и светски универзитети, изгледа прифатливо и ќе биде предмет на дополнителна анализа, велат од Министерството за образование и наука. „Предлогот на деканот на Факултетот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...