Таг: финансиска помош
таг: финансиска помош
Владата ќе го помогне туристичко-угостителскиот сектор и со четвртиот пакет економски мерки
Поддршката за туристичко-угостителскиот сектор ќе продолжи и во наредниот период преку четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши на средбата со претставници од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија.
Мерките, како што додаде Бектеши, ќе се носат со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа на...
Радио станиците бараат АЕК да ги ослободи од плаќањето на радио фреквенции за годинава
Радио станиците од земјава бараат Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ја испочитува владината одлука за ослободување од плаќање фреквенции кон АЕК, како дел од помошта на медиумите за состојбата со ковид-19. Од Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ) бараат АЕК да ги сторнира сите фактури, да излезе во пресрет на медиумите и да ја почитува одлуката...
ССНМ ја поздравува одлуката на Владата за помош на вработените во медиумите, АПЕММ незадоволни
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата да го прифати барањето за субвенционирање на придонесите за социјално и пензиско осигурување за вработените во медиумите.
„Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека ова е важен чекор кон подобрување на работничките права на новинарите и медиумските работници и дека заедничката солидарност и самоорганизираност покажува...
По телевизиите, и радијата добија владина помош за справување со корона кризата
На вчерашната владина седница беше донесена и уредба за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба, со која на радиодифузерите, кои обезбедуваат радио емитување (радија), врз основа на издадено одобрение за користење на радиофреквенции во радиофреквенцискиот опсег 87.5-108 MHz, нема да им се наплати годишниот надоместок за 2020 година.
„Радијата кои до денот на влегувањето во...
Студентите од приватните универзитети изоставени од владината помош за младите
Конференцијата на приватни високообразовни установи, во која членуваат седум приватни универзитети и три самостојни високи стручни школи, бара во најкус рок да се исправи Уредбата на Владата за финансиска поддршка на млади лица, кои се активни учесници во високото додипломско образование на Република Северна Македонија, односно редовни студенти на универзитетите основани во РСМ, бидејќи како што велат оттаму има...
Владата ќе ги субвенционира придонесите за социјално за медиумските работници за три месеци
Владата на вчерашната седница донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите. Со уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со ковид-19 за време на вонредната состојба, за...
ССНМ: Потребен е пакет на мерки за помош на новинарите и медиумските работници
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е потребен пакет на мерки за помош на македонските медиуми, со кои ќе се гарантира дека оваа помош ќе стигне директно до вработените погодени од Ковид-19 кризата во земјава.
Од ССНМ предлагаат три точки, при што како прво го акцентираат целосно ослободување од придонесите за вработените во медиумите кои не...
Регионалните и локалните телевизии од денеска во штрајк – и тие бараат помош од владата
Регионалните и локалните телевизиски станици кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, а се членки на здружението „Медиум објектив“, од денеска стапуваат во штрајк со едночасовен прекин на програма во периодот од 19 до 20 часот. Штрајкот ќе трае секојдневно, а во позадината на црниот екран ќе биде испишан текст: „ШТРАЈК поради нееднаков третман на Владата на...
Владата со нови мерки за поддршка на економијата во криза, опозицијата бара стратегија
Премиерот Оливер Спасовски денеска го промовираше третиот пакет на мерки за помош на економските субјекти во земјава. Мерките опфаќаат бескаматни кредити, државни гаранции, кофинансирања и дигитални алатки со кои ќе се поддржат домашните компании.
Преку Развојната Банка на Северна Македонија на компаниите ќе им се понудат нови бескаматни кредити од 31 милион евра за поддршка на жените, младите и дигитализацијата...
Над 19.000 компании побарале финансиска помош за исплата на плати
Повеќе од 19.000 компании досега поднеле барања до УЈП за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај, во висина до 14.500 денари месечно по вработен. Како што информира на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши, во последните два месеца како резултат на последиците од корона вирусот врз економијата, Владата донесе мерки за поддршка на...
Македонија ќе добие 66 милиони евра од ЕУ за справување со корона вирусот
Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, на својот Твитер профил објави дека Европската Унија ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против корона вирусот со средства во висина од 66 милиони евра. Од нив, 4 милиони евра се наменети за итни потреби, 50 милиони евра за социо-економско опоравување, 9 милиони евра за приватниот сектор и 3 милиони евра...
Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето-платата, најави Анѓушев
Субвенциите што странските инвеститори ќе ги добиваат од државата ќе зависат од висината на нето-платата што им ја исплаќаат на вработените, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Тој изјави дека сите инвеститори досега имале два договора, од кои едниот бил за инфраструктура, односно за добивање земјиште и за градење хала, додека вториот договор бил за доделување директна финансиска помош од државата.
-...
Грција и кредиторите постигнаа договор за новите обврски од мерките за штедење
Грчката влада и кредиторите успеаја да постигнат договор за новите грчки обврски и мерки за да може државата да добие зелено светло за исплаќање на новата рата од кредитот за Грција. По неколкумесечни тензични преговори и натегања, грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, рано утринава објави дека е постигнат договор и дека преговорите се успешно завршени.
Владата во Атина е...
Црвен крст организира хуманитарен концерт за помош на самохрана мајка
Под мотото „Подај рака – спаси некого од мака“, ќе се одржи хуманитарен фолклорен концерт на 10 март во Домот на АРМ во Скопје, со почеток од 20 часот.
Целта на овој хуманитарен концерт е собирање финансиски средства за самохрана невработена мајка од населбата Козле во Скопје, која со своето малолетно дете живее во многу тешка состојба.
Билетите ќе чинат 100 денари...
Грција прифати нов пакет мерки од меѓународните кредитори
Грција прифати нов пакет мерки кои ќе мора да ги имплементира од јануари 2019 година. Вчерашниот состанок на еврогрупата заврши без конкретен договор меѓу двете страни, но и без катастрофални последици за Грција.
Европските министри за финансии ѝ дадоа дополнително време на Грција за завршување на втората фаза од проценката на завршените реформи, што ќе овозможи да се избегнат нови...
Брисел: Европските пари нема да се користат за подигнување огради во Бугарија
Ниту еден дел од европските средства нема да се намени за подигнување огради, соопшти портпаролот на еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос.
Минатата недела Европската комисија соопшти дека на Бугарија ќе ѝ додели помош од 108 милиони евра за безбедност на границите. Сепак, Брисел не поддржува поставување огради како средство за да се одвратат бегалци, поради што минатата година го одби барањето на...
Попоски на самит во Париз: Потребно е ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз под покровителство на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, информираат од Министерството за надворешни работи.
На сесијата на министрите за надворешни работи се дискутирало за прашања од областа на миграциите, борбата против тероризмот и радикализацијата, политиките за младите и за економските реформи како еден од...
Коцијанчич: Обврските се неисполнети, ЕУ ја крати финансиската помош за Македонија
Влошениот политички амбиент е една од причините зошто Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи и да ги имплементираат фондовите на ЕУ, одговори портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, на прашањето на „Мета“ зошто Европската комисија скрати 27 милиони евра од ИПА-фондовите.
Таа...
„Лекари без граници“ одбива финансиска помош од ЕУ поради третманот на мигрантите
Меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ нема повеќе да ја прифаќа финансиската помош од Европската Унија и од земјите членки во знак на протест поради нејзината политика кон мигрантската криза.
Во соопштението на организација се наведува дека во знак на протест поради „срамната политика на заплашување и на засилените напори за да се одвратат луѓето од европскиот брег“, „Лекари без...
Најавена јапонска помош за МВР и за општините погодени од мигрантската криза
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со претставници на мисијата на Јапонската агенција за меѓународна соработка.
Како што соопштија од МВР, на средбата Спасовски ги посочил предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во справувањето со мигрантската криза, како и со потребата од финансиска поддршка и од поддршка во опрема.
Претставниците на Јапонската агенција за меѓународна...