четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: филмски проекции | 36 резултати

Косовскиот филм „Улиште“ на Блерта Башоли победник на годинешниов „Синедејс“

јули 22, 2021

Филмот „Улиште“ на косовската режисерка Блерта Башоли е победник на 20-тото издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Тој ја освои наградата – победник во Официјалната селекција. Овој филм ја раскажува приказната на жена чиј маж исчезнал во косовската војна, додека таа се обидува да основа мал бизнис за да обезбеди егзистенција на своите деца, […]

„Beach Film Festival“ ќе се одржи од 21 до 25 јули во Охрид

јули 18, 2021

Со акустичниот концерт со Хана Корнети, на 21 јули, со почеток од 20:30 часот, започнува 4-тото издание на „Beach Film Festival“ во Охрид. На три локации во градот – плажата Горица 3, Лапидариумот и бродот Армада ќе се одвиваат планираните активности. Покрај филмските проекции на плажата Горица 3, во Лапидариумот ќе се одржи работилница за […]

Утре почнува 20-то издание на Синедејс, ќе се гледаат филмови на повеќе локации низ Скопје

јули 14, 2021

Со проекција на филмот „Анет“ во 21 часот во Градскиот парк, утре вечер ќе биде отворено јубилејното 20-то издание на Синедејс кое ќе се одржи на повеќе локации во Скопје. Покрај во киното во Градскиот парк, филмските проекции, работилниците, концертите и другите предвидени настани ќе се одржат во паркот на Младинскиот културен центар, паркот Ибни […]

Патувачкото кино на „Македокс“ почнува на 25 јуни, носи документарци во осум места на Истокот

јуни 22, 2021

Патувачкото кино на „Македокс“ на 25 јуни ја започнува серијата на проекции на документарни филмови низ осум населени места во источниот дел на земјава. Магаренцето на „Македокс“ на 25 јуни ќе гостува во Кратово, а проекцијата на документарците ќе започне од 21 часот. Еден ден подоцна, на 26 јуни ќе бидат прикажани документарни филмови во […]

Во четврток започнува Летното кино во МСУ, четири месеци филмски проекции под отворено небо

јуни 15, 2021

На 17-ти јуни (четврток), во 21 часот, започнува со работа Летното кино во Музејот на современа уметност (МСУ), во чии рамки публиката во наредните четири месеци под отворено небо над градот ќе има можност да проследи десет креативни документарни филмови, информираат од МСУ. „Станува збор за внимателно избрани филмови, кои во себе, не носат само […]

Нов предизвик Western Balkans Challenge, повик за 4 недели да изгледате 4 филмови од регионов

јуни 14, 2021

Во рамките на платформата #EuropeanFilmChallenge_МК, денеска започнува новиот филмски предизвик #WesternBalkansChallenge за филмофилите од Србија и Македонија, информираат од тимот на БЛИНК 42-21. Предизвикот за сите љубители на филмската уметност е отворен од 14 јуни до 11 јули, во којшто период учесниците ќе треба за 4 недели да изгледаат 4 филмови продуцирани или ко-продуцирани од […]

„Атлантида“ и „Тишината на реката“ добитници на „Златен був“ на 11. Филозофски филмски фестивал

јуни 4, 2021

Вчеравечер во Кинотеката на С. Македонија со прогласување на добитниците на „Златен був“ заврши 11. Филозофски филмски фестивал. Во официјалната селекција на долгометражни филмови, стручното жири за добитник на „Златен був“ го прогласи „Атлантида“ на украинскиот режисер Валентин Васјанович. Годинава, стручното жири додели и специјално признание во категоријата долгометражни филмови на филмот „Вдиши-издиши“ на грузискиот […]

Со „Тело на вистината“ вечерва се отвора 11. Филозофски филмски фестивал

мај 18, 2021

Филмскиот дел од 11. Филозофски филмски фестивал неофицијално ќе започне вечерва со проекцијата на документарниот филм „Тело на вистината“ (Body of Truth) на Евелин Шелс. Ова е прв настан „под ѕвезди“ како најава на претстојното 11-то издание на Фестивалот, коешто ќе се одржи од 27 мај до 3 јуни во Кинотеката на Северна Македонија. Вечерашната […]

Во петок се отвора летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, разновидна програма во мај и јуни

мај 12, 2021

Со проекција на документарниот филм ФОРТЕ (Forte) од програмата на фестивалот „Вечери на женски права“ на режисерот Дејвид Донели (David Donnelly), на 14 мај (петок), со почеток во 20:30 часот, започнува со работа летното кино под отворено небо „Мирно лето“ – во дворот на Кинотеката, информираат од Кинотека на Северна Македонија. Во рамките на фестивалот […]

„Вечерите на женски права“ со филмска програма од 14 до 16 мај

мај 11, 2021

Годинашното издание на „Вечерите на женски права“, следејќи ја глобалната состојба со ковид-19 и здравствените препораки, се одржува во хибриден формат, комбинирајќи настани кои во текот на март се одвиваа онлајн и со физичко присуство, како и филмски проекции кои ќе се одржат од 14 до 16 мај во Кинотека. „Вечери на женски права“ е […]

Во МКЦ ќе се одржи европскиот фестивал за анимиран филм „Flipbook Film Festival“

август 4, 2020

Од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм ќе се одржи првото издание на „Flipbook Film Festival“. Станува збор за настан кој ја промовира уметноста на современиот европски авторски анимиран филм, но и промоција на македонски авторски филмови и македонски студентски филмови. „Од […]

Минатата година речиси 10 отсто повеќе кино-проекции отколку во 2015

мај 17, 2017

Во 2016 година во вкупно 14 кина во земјава се прикажани 985 филмови, со вкупно 16.295 кино-проекции, што е за 9,7 отсто повеќе од 2015 година, говорат податоците од Државниот завод за статистика. Во изминатата година, бројот на посетители во македонските кина изнесувал 441.017 лица.

Страна 2 од 2