fbpx
Таг: филмови

таг: филмови

Во петок почнува „Скопски филмски фестивал“

Со светската премиера на филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, во петок свечено ќе биде отворено осумнаесеттото издание на „Скопски филмски фестивал“. Фестивалот ќе треае до 24 април, а за осумте дена публиката ќе види повеќе од 60 филмови од светската, европската и од македонската кинематографија. На фестивалот ќе бидат прикажани документарецот за Сноуден, добитникот на „Оскар“, „Граѓанинот четири“, како и...

Промоција на документарци на студенти по режија

Првата генерација студенти на Факултетот за филмска режија од Штип, во класата на Антонио Митриќески, вечерва ќе прикаже краткометражни документарни филмови. Ова ќе биде и прво претставување на филмови на студенти по филмска режија, како дел од испитни активности. Ќе бидат прикажани осум филмови, на тема автопортрет. Филмовите на студентите Викторија Витанова, Ѓорѓи Лазов, Тања Симоновска, Александра Донева, Зоран Лазаров, Никола...

„Амазон“ почнува да снима филмови

Компанијата „Амазон“ објави дека ќе снима и ќе снабдува со филмови кои првобитно ќе бидат наменети за кината, а потоа ќе ги дистрибуира на нејзините претплатници преку услугата „прајм инстант видео“. Американскиот гигант во интернет-дистрибуција објасни дека филмовите кои ќе ги произведува ќе бидат достапни на неговата платформа во САД само четири до осум недели по појавувањето во кината. Снимањето на...

„Брдмен“ и „Гранд хотел Будимпешта“ со најмногу номинации за „Оскар“

„Американски снајперист“, „Момчештво“, „Брдмен“, „Гранд хотел Будимпешта“, „Игра на имитирање“, „Теоријата за сè“, „Удар со камшик“ и „Селма“ се номинациите за најдобар филм за 87. издание на церемонијата за доделување на наградите „Оскар“. „Брдмен“ и „Гранд хотел Будимпешта“ имаат најмногу, по девет номинации, а по нив следува „Игра на имитирање“ со осум номинации. За најдобар режисир номинирани се Алехандро Гонзалес за „Брдмен“, Ричард...

„Замрзнатото кралство” и „Волкот од Волстрит“ најмногу пиратски симнувани филмови

„Замрзнатото кралство“ и драмата на Мартин Скорсезе, „Волкот од Волстрит“, се најмногу пиратски симнувани филмови во 2014 година. Овие филмови биле симнувани повеќе од 30 милиони пати. Научниот филм на Алфонсо Куарон „Гравитација“ е на трето место меѓу симнуваните филмови, и тоа со цели 29,4 милиони пати. Четвртата позиција е за „Хобит“, симнуван 27,6 милиони пати, а приказната за суперхероите од...

Почина актерот Васил Шишков

Вчеравечер во Скопје почина актерот Васил Шишков. Васил Шишков е роден во 1970 година. Тој беше син на еден од великаните на македонскиот театар, актерот Ристо Шишков. На македонската театарска сцена Васил Шишков е активен од 1991 година, а има остварено и повеќе улоги во македонски филмови како „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“, „Бумбари“ и други. Околностите и причините...

Груевски се сретна со челните луѓе на „Ворнер брос“ и на „Волт Дизни“

Претставници од филмските компании „Ворнер брос“ и „Волт Дизни“ се интересираат за бизнис-климата во Македонија. Премиерот Никола Груевски остварил контакти со Стив Папазиан, директор на „Фисикал продакшн“, „Ворнер брос“ и со Пол Стеинке од компанијата „Волт Дизни“. Овие две американски филмски компании се едни од најзначајните во производство и во дистрибуција на филмови.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...