fbpx
Таг: ФБИ

таг: ФБИ

Коми останува на чело на ФБИ

Директорот на американското Федерално истражно биро, Џејмс Коми, ќе остане на чело на оваа полициска служба. Според документот од министерството за правда на САД, Коми е меѓу лицата што ќе ги задржат своите позиции. Директорот на ФБИ се поставува со 10-годишен мандат, што му овозможува да ја води агенцијата за време на различни претседателски администрации, дури и кога друга партија ќе ја преземе...

Полицијата се сомнева дека нападот во Охајо е терористички

Кон истрагата околу нападот на Универзитетот во Охајо се придружија и тимови на ФБИ и други разузнавачки агенции поради сомневање дека се работи за терористички напад. Мажот кој е осомничен дека повредил девет лица на Универзитетот „Охајо“, со автомобил влетал помеѓу пешаците, а потоа излегол со месарки нож и почнал да ги боде луѓето, пред да биде убиен од огнено...

Клинтон го обвинува директорот на ФБИ за поразот на изборите

Демократската кандидатка на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, го обвини директорот на ФБИ, Џејмс Коми, за нејзиниот пораз на изборите на 8 ноември. Хилари Клинтон, на затворена конференција, со главните донатори на Демократската партија, соопштила дека анализите покажале дека изјавите на директорот на ФБИ влијаеле на крајниот исход од изборите. Дел од говорот „протече“ во американските медиуми. „Постојат повеќе причини...

Обама не верува дека директорот на ФБИ сакал да влијае на претседателските избори

Не верувам оти директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, се обидува да влијае на претседателските избори во САД со одлуката оваа агенција да ги истражи новооткриените мејлови во рамки на истрагата за приватниот сервер на демократскиот претседателски кандидат, Хилари Клинтон, изјави американскиот претседател Барак Обама. - Ќе повторам пак дека Џим Коми е добар човек и не верувам...

„Си-би-ес“: ФБИ предупредува за можни напади на Ал каеда во пресрет на изборите во САД

Американските разузнавачки претставници ги предупредиле локалните власти во Њујорк, Тексас и во Вирџинија за можни напади на Ал каеда в понеделник, во пресрет на претседателските избори во САД, јавува „Си-би-ес њуз“, повикувајќи се на неименувани извори. Телевизијата наведува дека не се спомнати конкретни локации, но американските разузнавачки претставници ги известиле антитерористичките групи за евентуалните закани. - ФБИ соработува со нашите федерални,...

Обама му порача на ФБИ да не оперира со некомплетни информации

Американскиот претседател Барак Обама вчера ја бранеше кандидатката за претседател на демократите, Хилари Клинтон, и го критикуваше ФБИ поради новото објавување на електронски пораки поврзани со приватниот сервер, порачувајќи дека нема простор за мешање во истражните процеси. По објавата на ФБИ, Белата куќа соопшти дека имаат доверба во директорот Џејмс Комеј, кој Обама го именуваше, а кој, инаку, е републиканец кој...

ФБИ објави архива за Бил Клинтон стара 17 години

Неколку дена пред претседателските избори во САД, ФБИ објави архивирани податоци стари 17 години, кои содржат документи за долго затворена истрага за тоа како Бил Клинтон, како претседател, го помилувал финансиерот Марк Рич, осуден во 1983 година, кој бил во бегство. Рич побегнал во Швајцарија за да избегне гонење, а почина во 2013 година. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, рече дека не...

ФБИ: Изборни комисии во САД, мета на хакери

Американското Федерално истражно биро откри дека лица, за кои се верува дека се странски хакери, упаднале во компјутерскиот систем на изборните комисии на некои држави. ФБИ поради тоа препорачува на изборните претставници на сојузните држави да ја зајакнат безбедноста на своите компјутерски системи. „Јаху њус“ наведува дека компромитирани системи за регистрација на избирачите имало во Аризона и во Илиноис. Најсериозниот упад, наводно,...

Во домовите на напаѓачите од Сан Бернардино пронајден огромен арсенал оружје

Двајцата напаѓачи кои убија 14 луѓе и ранија уште 21 лице во зградата на регионалниот центар „Инленд“ во американскиот град Сан Бернардино, поседувале огромен арсенал оружје во нивните домови, соопшти денеска полицијата. Како што јавуваат светските медиуми, при претресот на домовите, полицијата пронашла експлозив, оружје и илјадници парчиња муниција. Сепак, властите сè уште не го знаат мотивот за вчерашниот напад. Од...

Исламска држава преку социјалните мрежи влијае на Американците

Внатрешното превирање на припадници на Исламска држава претставува поголема закана за САД отколку надворешните напади на Ал каеда, изјави директорот на ФБИ, Џејмс Коми. Тој објасни дека радикалната група ИД поттикнува Американци со проблеми да се свртат кон насилство. Тој вели дека ИД влијаела на значителен број Американци преку кампања на социјалните мрежи, повикувајќи ги муслиманите што не можат да патуваат...

МВР: Разбиен најпопуларниот сајберкриминален форум „Даркод“

Во заедничка акција на полициите и на судските власти од повеќе земји од светот, меѓу нив и екипа на македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), оваа недела бил разбиен сајберкриминалниот интернет-форум „Даркод“ и биле откриени лицата што стојат зад форумот и според сознанијата се товарат за напади со вируси, бот-мрежи и други спам-активности, информираат од МВР. Операцијата била спроведена под водство...

ФБИ: 200 Американци заминале или сакале да заминат во ИД

Повеќе од 200 Американци отпатувале или се обиделе да заминат во Сирија за да се борат на страна на исламските милитанти, објави денеска шефот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Џејмс Комеј. - Продолжуваме со идентификување поединци што сакаат да се приклучат на странските борци... а, исто така, и на домашните екстремисти, кои би можеле да извршат напади во САД – рече...

Швајцарската полиција ги запленила компјутерските податоци во седиштето на ФИФА

Светската фудбалска организација ФИФА им ги предала компјутерските податоци на швајцарските власти, кои водат истрага за доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и во 2022 година, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на свои извори. Податоците биле запленети од канцеларии во седиштетот на ФИФА во Цирих, меѓу кои, како што пренесува „Би-Би-Си“, и таа на претседателот на организацијата, Сеп Блатер. Швајцарската...

Уапсени двајца регрути на ИД во САД

Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) уапси двајца мажи од југот на Калифорнија, под сомневање дека се обиделе да отпатуваат и да ѝ се придружат на Исламска држава, јавува мрежата „Ен-Би-Си“. Неименувани безбедносни извори рекоа дека двајцата мажи не биле вооружени и оти не претставувале опасност за граѓаните. - Уапсените во текот на денот ќе бидат изнесени пред судот во Санта...

Ранети двајца агенти на ФБИ во Сент Луис

Двајца агенти на ФБИ се ранети во една куќа на северот на округот Сент Луис, но не е познато дали инцидентот е поврзан со расните протести во Фергусон. Агентите биле ангажирани во акција поврзана со лице кое се забарикадирало во една куќа. Агентите се ранети при престрелката, но нивните животи не се во опасност, соопшти веб-страницата на локалниот медиуми „Ки-Си-Ди-Ки“. Од Федералното...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...