Таг: фарми
таг: фарми
Не е вистина дека се ништат 9.000 свињи поради Агенда 30
Не е прв пат да се ерадицираат свињи во С. Македонија и во регионот поради заболувањето со африканска свинска грозница или чума, популарно име на болеста. Но, во објавата на Фејсбук се измамуваат читателите дека компанијата Агриа ќе ги уништи 9.000-те илјади свињи, зашто веќе била обесштетена според Агенда 30 на ООН. Ова е неточно, пишува „Вистиномер“ во својата...
Годинава немало масовни протести на земјоделците во Холандија
Минатата година имало масовни протести на холандските земјоделци, но не и годинава. Факт чекери од Холандија за Вистиномер велат дека во 2023 година имало протести, но ниту еден не можел да се спореди со огромните протести и немири во 2022 година. Земјоделците во Холандија не протестираат поради тоа што владата сака да ги исели за да гради куќи за...
Свињите се еутаназираат поради африканската чума, а не поради скриена агенда
Наспроти невистинитото тврдење во постот, станува збор за моментална депопулизација и еутаназија само на еден вид животни – свињите и тоа поради вирусот на африканска чума којшто се шири низ фармите во Македонија. Од АХВ информираат дека постои разлика како ќе се третираат животните во зависност од тоа каква е фармата и дали се придржува до мерките за заштита...
Не е точно дека Џорџ Сорос е виновен за млечната криза во земјава
Џорџ Сорос не е сопственик на Имлек, како што пишува авторот на објавата што ја рецензираме, тој не предизвикува вештачка криза со млекото, а кризата настанува поради зголемените трошоци, но и поради намаленото производство предизвикано од намалувањето на сточниот фонд, како во Македонија, така и во Србија. Од Фондацијата „Отворено општество“ за српскиот сајт за проверка на фактите...
Наместо за производство на струја, стакленичките гасови од фармите од земјава завршуваат во атмосферата [инфографик]
На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), 104 држави од светот се договорија да ги намалат емисиите на метан во атмосферата за најмалку 30 отсто до 2030 година. Овој гас се задржува во атмосферата многу пократко од јаглерод диоксидот, но потенцијалот на метанот да загрева е за 80 пати поголем од CO2 во период од 20 години....
АХВ: Внимавајте каква храна купувате, високите температури може да предизвикаат труења
Пред најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 Целзиусови степени, Агенцијата за храна и ветеринарство предупреди дека жешкото време ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна и упати низа препораки за избор на храна и нејзино чување и подготвување.
За да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да...
МЗШВ: Земјоделците можат да поднесат барања за легализација на фармите до крајот на 2018
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информираше дека до крајот на годинава, земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти, фарми на градежно земјиште.
„Барањата за легализација треба да се поднесат во општините на живеење. Продолжувањето на рокот е со цел да им се излезе во пресрет на големиот број на граѓани, вклучително и на земјоделците, кои...
Во Бугарија се шири птичји грип, заразени 55 фарми
Вирусот Х5Н8, попознат како птичји грип, се проширил на 55 живинарски фарми во Бугарија. Ова го соопшти министерката за земјоделство на Бугарија, Десислава Танева, и најави дека денеска ќе бидат уништени 130.000 птици.
Со тоа бројот на уништени птици во Бугарија ќе се зголеми на околу 430.000 откако вирусот првпат е регистриран во средината на декември.
Вирусот најмногу ја погоди областа околу...
Битолско Мариово три дена завеано во снег
Битолскиот дел на Мариово веќе неколку дена е отсечен од цивилизацијата со наноси од снег и по еден метар. Селото Гермијан, каде има околу стотина жители, веќе трет ден нема комуникација со градот, а иста е состојбата во уште дваесетина села во општина Новаци.
Отсечени се селата Гермијан, Бач, Живојно, Брод, Скочивир, Добровени, и од другата страна Градешница, Старавина и Зовиќ.
-...
Поплави во Кумановско, се излеале три реки
Три реки на територијата на општина Куманово се излеале, по обилните врнежи вчера и денеска наутро и поплавиле куќи, фарми, паркиралишта и пешачки патеки, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
- На територија на општина Куманово има излевање на Липковска Река, кај локалитетот „Водовод“, каде што се поплавени дел од паркиралиште со возила и пешачки патеки што служат за пристап...