fbpx
Таг: фабрика

таг: фабрика

Најмалку седум загинати при експлозија во фабрика за огномети во Италија

Најмалку седум луѓе загинале, а повеќемина се повредени во голема експлозија што денеска попладне се случила во фабрика за пиротехника и за огномети во близина на градот Бари, во Јужна Италија, пренесуваат светските агенции. Според извештаите, станува збор за фабриката „Брускела“ во градот Модуњо. Информациите што ги пренесуваат медиумите велат дека првична детонација предизвикала серија експлозии и пожар, кој се заканува...

Груевски ја пушти во употреба фабриката „Дока текстил“

Премиерот Никола Груевски денеска официјално ја пушти во употреба фабриката „Дока текстил“ во гевгелиско Миравци, во која во моментов работат 70 работници, а до крајот на годината се планира нивниот број да се зголеми на 200. Бизнисменот Тони Пандев го купи објектот на старата фабрика и отвори нова.

Работник загинал по пад од скала

Педесет и седумгодишен прилепчанец вчера попладне го загубил животот по пад од скала, од висина од три метри, во кругот на фабриката за преработка на камен „Резба“, која се наоѓа на регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод. Според полициските информации, несреќата се случила околу 14.40 часот, во хала на фабриката, кога Стојан К. (57), при изведување електрична инсталација, која била под...

Во пожар во фабрика на Филипини, загинаа 72 лица

Во пожар кој изби во фабрика за производство на гумени папучи, близу Манила, загинале 72 лица, а таа бројка може да биде и поголема бидејќи во моментот на пожарот во фабриката се наоѓале 200 лица. Податоците ги соопшти градоначалникот Рекс Гатчалиан по пат на СМС-пораки, а неговиот портпарол додава дека сè уште е нејасно што се случило со другите, пренесуваат...

Германската компанија „Техникал текстил“ почнува со работа во мај

Во Технолошко-индустриската развојна зона - Штип од мај годинава ќе почне со работа германската компанија „Техникал текстил“. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра, со која е предвидено да се отворат 1.000 нови работни места. Сопственикот на компанијата, Јанс Вендлер, денеска оствари средба со премиерот Никола Груевски, по што со директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, го потпиша договорот...

Отворени 100 работни места во новата фабрика „Актива аутомотив“ во Штип

Сто нови работни места се отворени во новата фабрика „Актива аутомотив“ во индустриската зона во Штип, која беше пуштена во употреба денеска. Планираната изградба на нови погони, според најавите, треба да овозможи дополнителни 200 вработувања. Во фабриката се произведуваат заварени склопени елементи за шасии за автобуси за потребите на белгиската „Ванхул“, која има производни капацитети во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје. Според...

Силна експлозија во фабрика за хемикалии во Донецк

Силна експлозија ноќеска го потресе Донецк, откако со артилериски оган е погодена фабрика за хемикалии. Како што јавуваат руските медиуми, од силната експлозија се затресле куќите во пошироката околина на фабриката, а скршени се и прозорци. Милицијата на самопрогласената Донецка народна република соопшти дека украинската војска ги испукала гранатите, додека украинските сили возвратија со контраобвиненија и додадоа дека не знаат...

Богданци: Тројца загинати во експлозија во фабрика за плински боци

Три лица загинале во експлозија во фабриката за полнење мали плински боци „Балкан гас“ од Богданци, ни потврди сопственикот Игор Демирџеив. Еден работник со изгореници е пренесен во Скопје. Очевидци сведочат дека човекот во пламен се фрлил од зградата во реката Луда Мара, која тече непосредно до фабриката. Тоа, веројатно, му го спасило животот. Во моментот на експлозијата, во погонот се...

Едно лице е повредено во експлозија во фабрика во Богданци

Утрово избувнал пожар во фабриката за полнење плински боци „Балкан гасови“ во Богаданци, при што едно лице е повредено. Во моментот на експлозијата, 11 вработени во фабриката биле на работа. Екипи на противпожарна заштита се на терен и се обидуваат да го запрат пожарот.

Кина: 17 загинати при експлозија во фабрика

Најмалку 17 лица загинаа, а 20 се повредени при експлозија на гас во фабрика за автоделови во јужнокинескиот град Фошан. Според очевидци, во фабриката одекнале три експлозии, а од детонациите, покрај таванот на фабриката, кој целосно е уништен, оштетена е и околната фабрика за стакло. Update:Number of injured climbs to 33 after multiple explosions at a plant in Foshan, Guangdong Wed.;17...

„Џентерм“ од САД планира идната година да отвори фабрика за автокомпоненти во Прилеп

Компанијата „Џентерм“ со седиште во местото Нортвил, сојузна држава Мичиген, САД, извести дека има намера во четвртиот квартал од 2015 година да отвори нова фабрика во близина на Прилеп. Ова предмалку на својот фејсбук-профил го најави и премиерот Никола Груевски. Во првата фаза, фабриката ќе биде на површина од околу 6.000 квадратни метри и ќе произведува комплетна линија на уреди за затоплување...

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите

Откако материјалите околу кои СДСМ се обиде да изградат случај наидоа на потсмев на социјалните мрежи и во пошироката јавност, сега партијата на Заев сака да ја сокрие површноста на доказите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Денес СДСМ нè повикува да не ги гледаме снимките и воопшто да не се обрнува внимание на нив, демек, снимките сега не...

Ременски: Јанкулоска да не врши притисок врз обвинителството

Однесувањето на Јанкулоска и на МВР во скандалот со можната нелегална фабрика за пасоши во приватен стан е класична потврда дека во Македонија институции нема, истакна Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и претседателка на Комисијата за внатрешни работи на денешната прес-конференција. - Прво, материјалот што упатува на криминал, како што информираше медиумот што го обелодени, е испратен до Јавното обвинителство, задолжено за...

Осумнаесет луѓе загинаа во пожар во фабрика во Кина

Осумнаесет луѓе загинаа во пожар во фабрика за прехранбени производи на исток во Кина. Во пожарот во фабриката „Лонгјуан фуд“ повредени се 13 луѓе, додека двајца се во критична состојба. Причината за пожарот не е позната и полициската истрага е во тек.

„Самсунг“ ќе гради фабрика во Виетнам

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг електроникс“ (Samsung еlectronics) ќе инвестира три милијарди долари во изградбата на својата фабрика во Виетнем, објави „Би-Би-Си“. Ова ќе биде втората фабрика на производителот на смартфоните и таблетите „галакси“ (Galaxy). Првата производствена линија чинеше две милијарди долари и проработи во март оваа година, откако во неа работат повеќе од 16.000 лица.  

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...